[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој намера да ја прави питава, или да мењаме во супа со лосос и ракчиња? :D
 
Веќе срам ми е да влегувам во темава, најголем оток сум. :noze:
Од четири можни рецепти, на англиски, македонски и 2 на српски, споив во една. :X3:
На работна површина смешав 450 гр. брашно со 200 гр. сецкан ладен маргарин. Се меша со вилушка со цел тестото да не попримело топлина од рацете, требало да остане ладно и да не се фаќа со раце. Потоа додадов уште 3 лажици шеќер, пола лажичка сол и пола кесичка сув квасец. Пополека се полива грч ладна вода, околу 180 мл. Се формира топка, се обвиткува со најлонска фолија и се остава во фрижидер околу 45 мин.
Тестото се дели на два дела. Помалиот се враќа во фрижидер, додека од поголемиот се размесува кора. Тепсија број 30ка се намастува со маргарин и во неа се става кората. Повторно се враќа во фрижидер. Од помалиот дел се сечат 10 траки и повторно се враќа во фрижидер.
За тоа време се сецкаат јаболките, им се додава 3 лажици гриз, 1 лажица густин, 1 лажица цимет, 3 лажици шеќер и малку сок од лимон. Се ставаат состојките во тепсијата, одозгора уште неколку парчиња маргарин и се редат траките. :pipi:
image.jpg
И ќе си пукнев од мака што се расипало машинчето што го меле шеќерот. Немав шеќер во прав. :noze:
Едната слика е ептен бледа, другата ептен црвена. :ROFLMAO:
image.jpg

IMG_0027.jpg
 
Јас ако може да дадам еден предлог за кајгана готвач : печено прасе :) Ајде сега е сезона на свињокољ
 
Јас ако може да дадам еден предлог за кајгана готвач : печено прасе :) Ајде сега е сезона на свињокољ

Ти мува не можеш да отепаш, свиња ќе колел! :facepalm:
 
Браво! Одлично изгледа.
@leandra, малава поголема домаќинка од тебе, а ти мене ме утепа од брецање додека бев на одмор. :cautious:

Нормално, малото мора да се труди повеќе. Ја жено не ти готвам тесто со јаболка, ниту супа од ракови. Дај нешто нормално да се помачиме. И да не е благо.
 
Нормално, малото мора да се труди повеќе. Ја жено не ти готвам тесто со јаболка, ниту супа од ракови. Дај нешто нормално да се помачиме. И да не е благо.
Следниот пат, ако го има, со задоволство ќе ти препуштам ти да одлучиш. Ич не сакам кога морам да мислам што следно... Мене само делот со готвењето ми е интересен.
 
Последно уредено:
Следниот пат, ако го има, со задоволство ќе ти препуштам ти да одлучиш. Ич не сакам кога морам да мислам што следно... Мене само делот со готвењето ми е интересен.
И мене.

Јас ќе праам сега, да се испоштува Агда. :pipi:

Немам мраз..и вака во старт кога ќе ме фати сафра, знам дека ќе ја оплескам.
Е таке, да ја испоштуваш со јаболкава :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom