Јас и ти плаќаме многу поголем данок на Македонија, отколку христијаните што би плаќале во шеријатска држава.
А кога би ти кажал што добиваат христијаните, а што јас и ти во Македонија за возврат, би посакал да живееш во шеријатска држава
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Не плаќаат пари затоа што веруваат во друг Бог, туку затоа што добиваат заштита од таа држава со плаќање на тој данок кој се вика џизија, а тој што го плаќа данокот се нарекува зиммија( во превод: штитеник).
Значи не е данокот заради верувањето,туку со плаќањето на тој данок државата има обврски спрема него.
И не е ускратување слободна воља туку услуга за услуга.
А слободната воља е друга голема тема за која немам време сега да пишуват, а би пишувал ако си вака фер и коректен како до сега и поставуваш конкретни прашања и можеме нормално да разговараме без ниски удари и навреди.
Пак ќе речам, Мухаммед с.а.в.с. рекол: Нема да бидете вистински верници се додека не им посакувате на вашите браќа она што си го посакувате и себеси.
...
Кога сите би постапувале по овие зборови не би постоело зло на земјава, бидејќи сигурно не сакаш да ти се случи нешто лошо.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Поздрав.
излегувам, ќе пишувам подоцна.