Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Значи не се лажете со железара, главниот фактор на зАгадувањето во скопје се автомобилите.
Нека измерат во недела кога 60% помалку раздвиженост има во градов, 60% почист е воздухот.
Јас често поминувам низ Автокоманда и Ченто и можам да ти потврдам дека смрдеата низ тие населби која доаѓа од Железара е неподнослива.

Како капак на се, пред некој месец работев на објект каде што некои од работниците кои живеат во Железара кажаа дека поминале 2 камиона со делови за филтрите на тие 2 печки и тука запреле сите активности за поставување на истите тие филтри на истите тие печки, немало никаква монтажа на филтрите.

Да, автомобилите и тоа како само придонесуваат за загадувањето, но тука мораш да го земеш во предвид фактот дека Макстил е во северно Скопје, а УСЈЕ е во јужно Скопје, што придонесува за постојан транспорт на метални производи од Макстил и на цемент и бетонски мешалки од УСЈЕ, поради што камионите се речиси неизбежни во градскиот сообраќај.

Така да, од една страна ги имаш моторните возила, а од друга страна ги имаш фабриките кои се сместени во населени места - каде што воопшто не им е местото, па од тука следуваат и масовното загадување и масовното труење во Скопје.

Намалување на употребата на возилата на фосилни горива може да се постигне со изградба на брз трамвај или уште подобро, со изградба на подземна железница, односно метро, но како што можеш да видиш, скопските градски власти имаат тотално поинакви планови - планираат класичен трамвај кој ќе учествува во останатиот сообраќај со возилата на фосилни горива, додека истовремено ги прошируваат улиците и булеварите што само дополнително придонесува за уште поголема фреквенција на возилата на фосилни горива во сообраќајот.

Вообичаеното оправдување на властите е дека брзиот трамвај не е потребен, а метрото е неисплатлива инвестиција - додека истовремено се повеќе од подготвени и расположени за дополнителни задолжувања и фрлања на народни пари за секакви глупости од типот на споменици, административни згради, катни гаражи - со кои буквално ги привлекуваат моторните возила - огради за мостови вредни над 1 милион и 200 илјади евра, вртелешки, панорамски тркала и бројни други глупости.

Така да, се на се, ги имаш 3 фактори кои придонесуваат за ваквото загадување, односно буквално труење:

1. Лошо организирана и лошо испланирана сообраќајна инфраструктура;
2. Лошо организирана и лошо испланирана индустриска инфраструктура;
3. Незаинтересираност кај властите за нагли промени во урбаното планирање, бидејќи вакви ситуации бараат нагли промени, а не постепено менување на урбаното планирање, како што прават со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов - оваа година проширување и асфалтирање од оваа до таа улица, до година наредно проширување и асфалтирање од таа до онаа улица, па наредната година трето проширување и асфалтирање итн. - не, со вакви влечкања не може во блиска иднина да се решат проблемите со сообраќајната инфраструктура и со индустриската инфраструктура, а се додека има ваква незаинтересираност кај градските власти, ќе продолжиме да се труеме поради загадувањето не само од моторните возила, туку и од Макстил и од УСЈЕ.

А немој да мислиш дека отровите кои ги испушта Железара не се чувствуваат и од другата страна на Вардарот, ако живееш во Ново Лисиче или во Аеродром, сигурно си ги забележал црвените облаци на лето и на есен, со исклучок на летото 2014 и есента 2014, бидејќи врнеше.
 
Последно уредено:
I

izotop

Гостин
Извини, но морам да ти речам, од греењето на дрва нема никакво загадување. Ништо нема отровно во пепелот од дрва. Ако некој сака може и да го јаде. Нити од чадот од дрва има нешто опасно. Баш е вкусно да јадеш чадено месо на дрва, сланина, колбаси и слично.
Загадување има од моторите на автомобилите поради непотполно согорување доаѓа до појава азот оксид и јаглен моноксид. Емисијата на олово постои ако се користат старите видови бензини.
Индустрија слабо имаме
Што значи ова што го вели Министерството е самореклама демек тие се грижеле
Od cadena hrana se dobiva rak na zeludnikot. Star fakt dokazan pred poekje od 20 godini e toa. za drugi raboti da ne pravime muabet podoro.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Извини, но морам да ти речам, од греењето на дрва нема никакво загадување.
Секако дека греењето „на дрво„ нема загадување, оти и она кое се создава како последица од горењето дрва: чад и пепел, не загадуваат, туку се природни последици од горењето на дрвата. Не ми е познато дека некој навлекол рак од вдишување чад од согорување дрва.

Но, приказната е веќе видена: се работи за финта, преку која во облик од памфлет, се изнесува првичен и недокажан став дека „нештото„ загадува, за да биде тоа „нешто„ обвинето за наводното загадување. Позната е приказната дека CO2 ја загадувал природата, односно атмосферата па истиот е обвинет за причина за појавата на ефектот „стаклена бавча„, заради кој наводно се покачувала температурата на Земјава а последично, се топел планетарниот мраз а со тоа, се зголемува нивото од морињата/океаните. До ден-денес, не видовме доказ дека CO2 е виновникот за климатските промени на Земјава.

Постои уште поопасна последица од неоснованото обвинување за дрвата, како загадувач, а тоа ќе биде присилното (за)менување на дрвата како енергенс со други горива, во случајов, тоа ќе биде гасификацијата на Македонија, преку која ќе идеме принудени да менуваме се‘: целата инсталација по нашите куќи/станови, што ќе биде удар на куќниот буџет, а временски, неисплатлива инвестиција. Поинаку кажано, власта со леснотија, преку законски промени и обврски, ќе не‘ принуди да ги заборавиме дрвото и прејдеме на гас, кој ѓоамити бил евтин енергенс.

Уште е поопасно тоа што во името од климатските промени, ќе бидеме притиснати од овосветовните мудреци, да го смениме целокупното земјоделско производство со отфрлање на традционалните сорти овошје и зелечник, со некои чудни и увезени, зад кои секако ќе стои „Монсанто„...нели. (n)
 
Последно уредено:

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Извини, но морам да ти речам, од греењето на дрва нема никакво загадување. Ништо нема отровно во пепелот од дрва. Ако некој сака може и да го јаде. Нити од чадот од дрва има нешто опасно. Баш е вкусно да јадеш чадено месо на дрва, сланина, колбаси и слично.
Загадување има од моторите на автомобилите поради непотполно согорување доаѓа до појава азот оксид и јаглен моноксид. Емисијата на олово постои ако се користат старите видови бензини.
Индустрија слабо имаме
Што значи ова што го вели Министерството е самореклама демек тие се грижеле
Ова не само што е глупаво туку е многу опасно. Како можиш да тврдиш дека чадот од дрва не е штетен само затоа што чаденото месо било повкусно? :eek:
Чадот од горење дрва содржи јаглерод моноксид кој што е многу токсичен, формалдехид и сулфур диоксид. Исто така содржи и многу честички кој се класифицираат за канцерогени, како што е диоксин.
За неколку пати го зголемува ризикот за развој на астма,бронхитис и пневмонија и го спречува правилниот развој на белите дробови кај деца и доенчиња. Па буквално нема разлика за белите дробови дали си дишел чад од горени дрва или си пушел цигари.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.233
Поени од реакции
30.464
Јаката индустрија што ја имаме па ќе се загадиме. :coffee:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
нема гајле у Британија има 310.000 нови заболени од рак секоја година...ме нервираат вакви наслови иначе да време е да се стави крај на загадувањето.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Od cadena hrana se dobiva rak na zeludnikot. Star fakt dokazan pred poekje od 20 godini e toa. za drugi raboti da ne pravime muabet podoro.
Човекот консумира чадена храна од кога го открил огнот, па никогаш досега низ историјата не биле запишани заболувања од чадена храна со симптоми на рак на желудник и слични.

Пред 20 години и возовите изумираа, па еве ги денес, се враќаат на голема врата.

Јаката индустрија што ја имаме па ќе се загадиме. :coffee:
Нема врска тоа дали е јака индустријата.

Загадувањето на индустриските капацитети наједноставно може да се дефинира со одговорите на 2 прашања:

1. Дали е индустрискиот капацитет лоциран во населено место ?
2. Дали индустрискиот капацитет обработува метали и/или хемикалии ?

Бидејќи одговорот на овие 2 прашања и за Макстил и за УСЈЕ е ДА, од тука следува и заклучокот дека се големи загадувачи на околината, особено со оглед на фактот дека очигледно користат застарена технологија без филтри.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.206
Поени од реакции
2.241
Загадување од Макстил (Железара) има и тоа учествува со огромен процент во вкупното загадување на нашиот ни град, и никој ништо не сака (не смее) да превземе во врска со тоа. Моментално железара работи само 3та смена и со тоа сакаат да ги скријат отровните гасови што ги испуштаат, но навечер свети и жари фабриката како вулкан, е разликата е што многу малку луѓе (скоро ич) тоа можат да го видат.
Иначе пареа од своите оџаци испушта само гасната централа во Керамидница се друго се тешки отрови.
 
Последно уредено:
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Јас ...

А немој да мислиш дека отровите кои ги испушта Железара не се чувствуваат и од другата страна на Вардарот, ако живееш во Ново Лисиче или во Аеродром, сигурно си ги забележал црвените облаци на лето и на есен, со исклучок на летото 2014 и есента 2014, бидејќи врнеше.

Бутељ
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.818
Поени од реакции
11.445
Дечки супер е што сите имате слики од облаците на железара и знаете теории на заговор за масонот Минчо и власта која ја финансира. Арно ама никој не се нафаќа да стане и да излезе да покаже муда и да дигне револуција против овие режими.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.206
Поени од реакции
2.241
Покажи муда...ќе то покажат тогаш што е сила...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.855
Загадувањето најповеќе е од Железара.

Но на Минчо го боли Тасе за тоа што илјадници ќе се разболат од (рак, тумор, леукемија)...Тој си живее во некоја луксузна вила во Водно и нон стоп си оди по одмори и нормално не е изложен на загадување...

Да сме некој сложен народ и да се собериме илјадници луѓе да ја демолираме таа железара, па да видиме кој е кој... Во нормална држава така би направиле...
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.206
Поени од реакции
2.241
Загадувањето најповеќе е од Железара.

Но на Минчо го боли Тасе за тоа што илјадници ќе се разболат од (рак, тумор, леукемија)...Тој си живее во некоја луксузна вила во Водно и нон стоп си оди по одмори и нормално не е изложен на загадување...

Да сме некој сложен народ и да се собериме илјадници луѓе да ја демолираме таа железара, па да видиме кој е кој... Во нормална држава така би направиле...
ние не сме ни држава, а далеку од нормална
 

Kajgana Shop

На врв Bottom