Народот нема да има некоја голема улога у ова. Според мене ќе се деси следново, кое е најлогично, без разлика на протести или не, пошто во ваква форма едноставно не е изводливо од повеќе точки.
Законов ќе се прифати и ќе се спроведе официјално за неколку години (ова со оглед на тоа што екстерните 4-5 години се влечеа, камоли ова на масивно и многу посериозно скалило). Кога ќе биде спроведено све тоа, нема да важи за тие што веќе се запишани. Ќе важи од следната година (а дури и да не важи така, пак ќе биде ист резултатот, ќе стигнам до тоа). Така кога ќе си бираш факултет, наместо како многу што си викаат "ај, ќе положам некако", ќе сфатат дека мора убаво да размислат дали поседуваат доволно капацитет у мозокот да го запишат факултетот, чие знаење стекнато на истиот ќе треба да го бранат на овие испити. Значи пред да добиеш overload на ФИНКИ, пошто на повеќето од дома им викаат "иди таму сине/ќерко, таму е просперитетно", и студентите и оние кои ги финансираат помладите ќе размислат малце дали е се тоа исплатливо, дали ти МОЖЕШ да го изучиш, положиш и активно да го користиш знаењето кое си го стекнал, без да ти се брише од меморијата одма чим ја добиеш оценката у индекс. Во меѓувреме, програмата на факултетите ќе биде адаптирана со новиот закон. Построго ќе се регулираат полагањата, нема да има "абе ја сум 4та година али иам уште 6 испити од прва". Со ова ќе се избалансираат малце работите и се надевам ќе се намалат муабетите "дипломата ти е за гз бришење, кој стигна дипломира, нема нигде работа". Вака би било сосема океј според мене. АМА! (секогаш има ама)
Сите се свесни дека механички не може овие работи да се регулираат. Тестовите пак нема да бидат којзнае колку тешки, ептен основното од најосновното од предметот ќе треба да го научиш за да положиш, а ништо чудно и да си ги има прашањата на интернет неколку дена пред испитот. Повеќе ќе влијае на психата на луѓето и ќе ги натера да размислат малце што значи да си студент, академски граѓанин и зошто уствари ти се образуваш, отколку самото тоа механички да смени нешто in the long run. Работите никад не се така едноставни како што ние ги перципираме, гледајќи од еден аспект. Нема да придонесе и смени којзнае колку законов, али доколку се спроведе, ова ќе биде единствениот логичен начин. За "реформиве" да имаат вистински ефект, треба да се сфатат посериозно и основните и средните училишта. Еден од најголемите хендикепи на државава е што у основно 19 од 20 деца се со сите 5ки, а во средно исто толку завршуваат одлични па кој кај стигне се запишува, и затоа имаме и хендикепирани академци кои не ја ни сфаќаат целта на образованието, па утре тресат глупости у јавност на секое научно поле.