Абе во Штип само 60 ден картата

. Иначе од Тетово бевме околу 80-100 души сите со автомобили.
Можевме многу поубедливо да победиме, но најважна е победата. Вручина само како ме изненади, стана вистинско крило, помага и во одбрана, се бори за топката во нашата половина. А и Кознику му рече дека мора да се врати назад и да помогне, тоа беше околу 15-та минута и потоа цел натпревар се бореше, а можеби имаше и мотив плус, татко му беше на трибина.
Имери има голем потенцијал, но многу е себичен. Хах го изнервира и Кознику во една ситуација.
Единствена грешка на тренерот беше што го повлече од игра Зеба иако цело време му викаше да се врати поназад и да ја бара топката изгледа затоа се изнервира и го извади, а до тој момент ниту Алими не беше нешто подобар.
Кировски е класична 9-ка, не може од него да се бара да гради игра.
Одбраната треба уште да се среди, но полека Милиев и Бериша стануваат добар тандем.
Иначе штипјани културни луѓе, еден ни честиташе Бајрам, после и еден од полицајците на излегување ни честиташе.
Фаланга очај, хах Ајде сега да ги е*еме Шкендија
Тетов и Балистите

. Тапанот свадбарски им беше. Кога стана 3-0 си ги собраа транспарентот и македонското знаме, а пола од гледачите почнаа да излегуваат.