Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Тоа е уште пострашно него оваа планирана измена на Законот...само шестоцифрен број на луѓе на улица е лекот...
Понекогаш мислам дека намерно се направени овие закони се со цел младите уште по масовно да си заминат во странство, ево само примети што се дешава, лани се изгласа новиот закон за државни службеници со што ќе бидат обврзани службениците задолжително да поседуваат ТОЕФЛ сертификати и триста испити, па потоа направија екстерни тестирања и во основно и средно образование, фактички од една страна основното и средното образование е задолжително а од друга страна воведоа екстерни тестирања за да не дипломираат навреме..:eek: И тоа пази за средна школа станува збор. :facepalm: После сите овие скандалозни закони на ред се и овие глупости со факултетите :гомце:
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.010
Поени од реакции
12.647
Значи генерално сите сте за да се намалат квотите. Претпоставувам дека не се сметате вие во оние кои нема да ги опфати квотата? Пошто некој нема да може да се запише и тоа е добро се додека не сте вие еден од нив нели ?
Вака на сите им се дава шанса да си ја пробаат среќата, па по две години да се изретчите малце, после уште малце и ке останат таман. Сега ке има некој синови и ќерки на јаки фаци, но повеќето ке биди квалитетен кадар.
Така да вака добро е што сакате да се намалат квотите и да има помалце студенти ( или да се вработат уште еден куп професори за да на 30 студенти да има по еден до двајца професори) ама само да не сте вие . Фино фино.
Ако веќе зборуваме за фер , според мене најфер би било друго решение, едно радикално. Секако не сме богата држава која може да си дозволи многу луксузи.
Уште некаде во основно да се спроведат тајни тестови на интелигенција, по можност неколку. Децата да не се знае чие е што е( ке се смисли и тоа некако).Према нив кои се натпросечно надарени и спрема што се надарени државата да им обезбеди целосно покривање на факултетското образование ( дали тука или во странство небитно). Нека има такви преку сила 100 во една генерација на ниво на републиката. Да не заборавам после завршувањето на студиите( ако заврши или воопшто сака да оди) да е обврзан да се врати( ако нејќе нека си плати колку што треба и нетреба) и да му е обезбедено вработување на струката за која се школувал, ама не одма директор. Така малце подолу, нека покажи дека стварно вреди.
За другите не така надарените исто ако имаат желба нека си одат на приватни факултети , па кој има богати родители ок, кој не нека продава нивите ако има за продавање. Пофер од ова здравје. Чиста генетика.
Си имаш прочитано на глас нешто од ова напишаново за да сфатиш колку глупо звучи?
Зошо да има тајни тестови за интелигенција? Ај за промена оцените да се реални, да нема мама тато уште во основно, да има строг критеруим за прием во средно, и приемни на факс. Да нема партиски врски бе. Ај така да пробаме. Ама не бива така, кој ќе работи во администрација иначе.
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Понекогаш мислам дека намерно се направени овие закони се со цел младите уште по масовно да си заминат во странство, ево само примети што се дешава, лани се изгласа новиот закон за државни службеници со што ќе бидат обврзани службениците задолжително да поседуваат ТОЕФЛ сертификати и триста испити, па потоа направија екстерни тестирања и во основно и средно образование, фактички од една страна основното и средното образование е задолжително а од друга страна воведоа екстерни тестирања за да не дипломираат навреме..:eek: И тоа пази за средна школа станува збор. :facepalm: После сите овие скандалозни закони на ред се и овие глупости со факултетите :гомце:
мора да е така. Иди види надвор колку е тешко студирањето и учењето. ретко кој може да си дозволи да студира. Поготово во Англија !
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
мора да е така. Иди види надвор колку е тешко студирањето и учењето. ретко кој може да си дозволи да студира. Поготово во Англија !
Кога ќе бидат платите како во Англија тогаш никој нема да се буни против овие остри закони, а инаку кај нас не само факултет,туку ни основно нема да завршат луѓето со овие посрани екстерни тестирања, ама јас како што знам нема екстерни тестирања во Англија, а и опште во Европа...
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Кога ќе бидат платите како во Англија тогаш никој нема да се буни против овие остри закони, а инаку кај нас не само факултет,туку ни основно нема да завршат луѓето со овие посрани екстерни тестирања, ама јас како што знам нема екстерни тестирања во Англија, а и опште во Европа...
Има има. Читај и ќе видиш. Напалени тинејџери има секаде.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Има има. Читај и ќе видиш. Напалени тинејџери има секаде.
Ај докажи со некое линкче дека има во Англија вакво нешто, лесно е да се злоупотребува името на ЕУ со овие глупости али не е така, ево например братучетми живее во Италија и децата негови не полагаат вакви срања... Баш го прашав преска и ми рече дека немало вакви глупости во Италија..
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Ај докажи со некое линкче дека има во Англија вакво нешто, лесно е да се злоупотребува името на ЕУ со овие глупости али не е така, ево например братучетми живее во Италија и децата негови не полагаат вакви срања... Баш го прашав преска и ми рече дека немало вакви глупости во Италија..
И да нема ќе воведат. Македонија е лидер во Европа по иновативности и подобрувања. Наскоро може и образованието ќе е број 1
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Значи генерално сите сте за да се намалат квотите. Претпоставувам дека не се сметате вие во оние кои нема да ги опфати квотата? Пошто некој нема да може да се запише и тоа е добро се додека не сте вие еден од нив нели ?
Вака на сите им се дава шанса да си ја пробаат среќата, па по две години да се изретчите малце, после уште малце и ке останат таман. Сега ке има некој синови и ќерки на јаки фаци, но повеќето ке биди квалитетен кадар.
Така да вака добро е што сакате да се намалат квотите и да има помалце студенти ( или да се вработат уште еден куп професори за да на 30 студенти да има по еден до двајца професори) ама само да не сте вие . Фино фино.
Ако веќе зборуваме за фер , според мене најфер би било друго решение, едно радикално. Секако не сме богата држава која може да си дозволи многу луксузи.
Уште некаде во основно да се спроведат тајни тестови на интелигенција, по можност неколку. Децата да не се знае чие е што е( ке се смисли и тоа некако).Према нив кои се натпросечно надарени и спрема што се надарени државата да им обезбеди целосно покривање на факултетското образование ( дали тука или во странство небитно). Нека има такви преку сила 100 во една генерација на ниво на републиката. Да не заборавам после завршувањето на студиите( ако заврши или воопшто сака да оди) да е обврзан да се врати( ако нејќе нека си плати колку што треба и нетреба) и да му е обезбедено вработување на струката за која се школувал, ама не одма директор. Така малце подолу, нека покажи дека стварно вреди.
За другите не така надарените исто ако имаат желба нека си одат на приватни факултети , па кој има богати родители ок, кој не нека продава нивите ако има за продавање. Пофер од ова здравје. Чиста генетика

Знаеш зошто е подобро да намалат квоти наместо да го има екстерново?Подобро да паднам на старт и да ме откажат него ли на сред студии каде иам потрошено пари,време и енергија.Знаеш што значи да изгубиш 2 години и да ти отидат во неповрат?Нема никаква логика оцената од екстерното да вреди повеќе од таа од факултетот.Подобро да го полагам тоа него ли да кинам живци така што еден предмет ќе го преполагам двапати,а да не зборам па ако некој предмет сум го паѓал поише пати.Колку и да сакам да барам логика во идејава на владава едноставно не можам.Исто како и што не можам да најдам логика во изјавата дека се приближуваме кон Европа.
Министерот нема да ни заштеди време и пари со ова,ако сака да заштеди време и пари нека се полагаат приемни иако ни за тоа нема потреба.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Биди среќен што тебе не ти правеле тестови за интелегенција зошто ќе си го јадел стапот.
Знаеш зошто е подобро да намалат квоти наместо да го има екстерново?Подобро да паднам на старт и да ме откажат него ли на сред студии каде иам потрошено пари,време и енергија.Знаеш што значи да изгубиш 2 години и да ти отидат во неповрат?Нема никаква логика оцената од екстерното да вреди повеќе од таа од факултетот.Подобро да го полагам тоа него ли да кинам живци така што еден предмет ќе го преполагам двапати,а да не зборам па ако некој предмет сум го паѓал поише пати.Колку и да сакам да барам логика во идејава на владава едноставно не можам.Исто како и што не можам да најдам логика во изјавата дека се приближуваме кон Европа.
Министерот нема да ни заштеди време и пари со ова,ако сака да заштеди време и пари нека се полагаат приемни иако ни за тоа нема потреба.
Каде има вакви екстерни тестирања бре ? Овдека само се злоупотребува името на ЕУ, нема вакви глупости таму, баш напротив таму е полесно образованието,а инаку во европските земји многу повеќе се дава важност на праксата отколку на теоријата...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
Каде има вакви екстерни тестирања бре ? Овдека само се злоупотребува името на ЕУ, нема вакви глупости таму, баш напротив таму е полесно образованието,а инаку во европските земји многу повеќе се дава важност на праксата отколку на теоријата...
Грешка си за ова,повеќе се дава важност на теоријата и таму.Само што имаат јаки фирми каде што стварно ќе добиеш пракса,а не варење кафе.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Грешка си за ова,повеќе се дава важност на теоријата и таму.Само што имаат јаки фирми каде што стварно ќе добиеш пракса,а не варење кафе.
Буквално не ме сфаќај, нормално дека мора да учиш теорија ама праксата е над се, а инаку пак ќе повторам НЕМА ЕКСТЕРНИ ТЕСТИРАЊА ВО ЕУ..
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Уште ова ни фалеше... :facepalm:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.353
Поени од реакции
24.043
Си имаш прочитано на глас нешто од ова напишаново за да сфатиш колку глупо звучи?
Зошо да има тајни тестови за интелигенција? Ај за промена оцените да се реални, да нема мама тато уште во основно, да има строг критеруим за прием во средно, и приемни на факс. Да нема партиски врски бе. Ај така да пробаме. Ама не бива така, кој ќе работи во администрација иначе.
Ич не е глупо, можи тебе само така ти изгледа. Не тајни тестови децата да незнаат дека полагаат, туку да не се знае нивниот идентитет на тестот.
Тајни тестови да има за да нема врски, да не се знае чие е кое дете. И на тие што се надарени без разлика дали доаѓа од влијателно и богато семејство или од сиромашно. Битна да биди само надареноста и само тие да добијат бенефиции и можност за бесплатно врвно образование. Оние поглупите или просекот ако сака диплома нека си плати.
Така секој ке можи да се запиши на факултет само што државата нема да троши ресурси на просечна младина , сами нека си ги трошат соопстевните ресурси ако сакаат диплома , а од друга страна надарените без разлика кој се и што се ке го добијат целото потребно внимание и ресурси пошто сепак се надарени и вредат.
Секако средното е задолжитено така колку толку ке добијат некое образование за да не е без ич.
А планот не ти се допаѓа или ти е глуп од една многу глупа и себична причина. И професорите се само луѓе и тие се подложни на манипулации, притисоци и незнам што. Вака само гените се важни. Или си или не си надарен и крај. Или ти делиле или не. Трето нема, врски нема, притисоци нема, екстерно нема. Си одиш до средно задолжително и после ако имаат твоите пари за фрлање нека ги трошат на просечно дете со надеж дека ке им се врати инвестицијата. Секако овие првите ке имаат предност пред нив било каде и бил кога,едно затоа што се надарени природно, друго добиле врвно образование. Па сега ти види дали предлогот ми е глуп или ти си само просечно интелигентна, ништо повеќе или помалце од сите други( без навреда ништо лично).[DOUBLEPOST=1412556917][/DOUBLEPOST]
Знаеш зошто е подобро да намалат квоти наместо да го има екстерново?Подобро да паднам на старт и да ме откажат него ли на сред студии каде иам потрошено пари,време и енергија.Знаеш што значи да изгубиш 2 години и да ти отидат во неповрат?Нема никаква логика оцената од екстерното да вреди повеќе од таа од факултетот.Подобро да го полагам тоа него ли да кинам живци така што еден предмет ќе го преполагам двапати,а да не зборам па ако некој предмет сум го паѓал поише пати.Колку и да сакам да барам логика во идејава на владава едноставно не можам.Исто како и што не можам да најдам логика во изјавата дека се приближуваме кон Европа.
Министерот нема да ни заштеди време и пари со ова,ако сака да заштеди време и пари нека се полагаат приемни иако ни за тоа нема потреба.
Знаеш што не е во ред со болдираното?
Веќе си примен на факултет. Нема ти да падниш на старт, некој друг ке падни. Тие допрва што ке почнат да студираат. Тебе тоа не те засега и затоа вака спасоносно го нудите како решение. Што не го нудевте во средно кога требаше допрва да одите на факултет. Ајде да ги прашаме тие што се сега 4 година средно дали ке се сложат со твоите сугестии. Јас не би се сложил искрено.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Ич не е глупо, можи тебе само така ти изгледа. Не тајни тестови децата да незнаат дека полагаат, туку да не се знае нивниот идентитет на тестот.
Тајни тестови да има за да нема врски, да не се знае чие е кое дете. И на тие што се надарени без разлика дали доаѓа од влијателно и богато семејство или од сиромашно. Битна да биди само надареноста и само тие да добијат бенефиции и можност за бесплатно врвно образование. Оние поглупите или просекот ако сака диплома нека си плати.
Така секој ке можи да се запиши на факултет само што државата нема да троши ресурси на просечна младина , сами нека си ги трошат соопстевните ресурси ако сакаат диплома , а од друга страна надарените без разлика кој се и што се ке го добијат целото потребно внимание и ресурси пошто сепак се надарени и вредат.
Секако средното е задолжитено така колку толку ке добијат некое образование за да не е без ич.
А планот не ти се допаѓа или ти е глуп од една многу глупа и себична причина. И професорите се само луѓе и тие се подложни на манипулации, притисоци и незнам што. Вака само гените се важни. Или си или не си надарен и крај. Или ти делиле или не. Трето нема, врски нема, притисоци нема, екстерно нема. Си одиш до средно задолжително и после ако имаат твоите пари за фрлање нека ги трошат на просечно дете со надеж дека ке им се врати инвестицијата. Секако овие првите ке имаат предност пред нив било каде и бил кога,едно затоа што се надарени природно, друго добиле врвно образование. Па сега ти види дали предлогот ми е глуп или ти си само просечно интелигентна, ништо повеќе или помалце од сите други( без навреда ништо лично).[DOUBLEPOST=1412556917][/DOUBLEPOST]
Одлично! Уште да објасниш зошто мислиш дека IQ тестовите се валидни тестови за интелигенција, да дефинираш интелигенција и да ги опфатиш сите фактори позади истата, да приложиш потврдена научна евиденција дека интелигенцијата е стриктно генетска и дека не е резултат на многубројни генетско/околински фактори, да докажеш дека висока интелигенција (доколку си успеал да ја дефинираш интелигенцијата како феномен кој постои), поточно високи резултати на IQ тестовите гарантираат покомпетентен стручњак што ќе вклучи да ги елиминираш сите ситуации во кои луѓе кои дале IQ просек кој е понизок во споредба со други луѓе, а истите се покажале како покомпетентни експерти и стручњаци во истата струка поради Х други фактори како трудољубивост и развивање на специфични способности согласни со струката, а неповрзани со IQ то кое било измерено од невалидните тестови за мерење на феномен кој научно не постои како унифициран и да објасниш како ќе ја мериш „трудољубивоста “ која може да доведе до подобри резултати кај лица со полош резултат од други лица, да ги одземеш факторите на мала самодоверба, умореност и сите други психолошки фактори кои може да влијаат на децата кои ги решаваат тестовите и владата, ЕУ и цел свет ќе ја прифатат твојата одлука како пресудна и значајна.

1. Првата флагрантна глупост која ја тресеш е дека интелигенцијата е стриктно, само и само генетски детерминирана. Илјадници невролози секојдневно пробуваат првенствено да ја дефинираат интелигенцијата како феномен бидејќи истата опфаќа многу фактори кои не дозволуваат да биде унифицирана, бар не се' уште, а потоа пробуваат да ја одредат генетиката/околината позади мисловните способности на луѓето притоа откривајќи дека овој сложен феномен е резултат на илјадници околинско/генетски фактори. Исто така постојат илјадници способности кои спаѓаат под „интелигенција“, а се од различна природа. Ти од друга страна, си прочитал студија стара 20+ години, некоја квази-научна веб страна или си ги слушнал баба ти и дедо ти како зборуваат за „генетска интелигенција“ и рипаш тука пун со небулози.

2. Втората глупост која ја тресеш е дека дури и да постои феномен како интелигенција што рековме дека не знаеме дали постои, тоа гарантира квалитетен експерт. Ги исклучуваш мрзата/посветеноста, желбата за знаење, мотивацијата и 10000 други фактори кои може да играат улога во „квалитетот“ на нечија експертиза. Некој со поголем резултат на IQ тест може да испадне многу посрање стручњак од друг кој извадил релативно помал резултат (еве ќе земеме 10-20), а би бил многу поквалитетен стручњак ако му се дала шанса.

3. Третата глупост која ја веруваш е дека потребен е „талент“ за да се заврши факултет/магистратура/докторат. Напротив, потребен е труд и мотивираност. Секој човек без ментална ретардација може да заврши факултет/магистратура/докторат.
Да, замисли си ги „најтешките“ струки и природните науки за кои е можно да имаш ментална блокада и да веруваш дека се „тешки“. „Најпросечен тип“(што и да рачунаш под просечен или просечно интелигентен) со желба и мотивираност може да биде доктор по применета физика. Хулала.

И немој жити све да ми пишеш нешто у стилот, „Хуехуе, ти си праел гарант тест и ти испаднал просечен резултат, хуехуе, жал ми е не си надарен, хуехуе, те заебав пошто немам соодветен аргумент, хуехуе сто посто имаш траума од детството и истата е предизвикана од страна на прадедо ти кој те силувал.“

Ти давам соодветни аргументи кои не се мои, можеш да си ги провериш и да си напраиш свое истражување за тоа што сум ти го кажал. Прочитај студии, разгледај што како и зошто феноменот на интелигенција е премногу заебан за да им дадеш глупи тестови на деца и според тие тестови да процениш кое е способно за што, па послем коментирај.

И не, тој тест на нет што си го решил и ти дал 150 IQ е невалиден дури ни според стандардите на другите невалидни тестови како тој на Менса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom