Да,пошо по екстерново дипломата ќе вреди нешо....седи не ме знаеш. Знаеш шо треба за да вреди дипломата? Треба да ги модернизираат програмите, треба да ги намалат квотите ( упс, ама чекај, како инаку ќе земаат пари ) за да може наставата да се изведува квалитетно. Не може на предмет кој го запишале минимум 1000 студенти да има 3 професори и 3 асистенти. Тоа значи дека на едни вежби има мин. 300 студенти! Ало!!!! Па да седнеш трета клупа нема шанси ни да препишиш нешо од на табла, ни да слушниш нешто. Како ти очекуваш во вакви услови да излезе квалитетен кадар? Или еве го земам конкретно ФИНКИ, немаме зграда а секоја година трупаат по 1000+ бруцоши. Еве трета година сум по ниеден предмет немам лаб. вежби со асистент/демонстратор пошо нема простории. Наместо тоа, си ги работиме дома вежбите и ги закачуваме на онлајн системот. Чекај бе, па поинаку e да имам асистент до мене да прашам ако не ми е јасно нешто, него да се консултирам со колеги по фб и да барам решенија на интернет. Тоа ти е исто ко на медицина да немаат вежби на лешови, да им речат отворете дома интернет и гледајте си.
И после не вредела дипломата. Епа заради ова не вреди, не за друго.
Значи генерално сите сте за да се намалат квотите. Претпоставувам дека не се сметате вие во оние кои нема да ги опфати квотата? Пошто некој нема да може да се запише и тоа е добро се додека не сте вие еден од нив нели ?
Вака на сите им се дава шанса да си ја пробаат среќата, па по две години да се изретчите малце, после уште малце и ке останат таман. Сега ке има некој синови и ќерки на јаки фаци, но повеќето ке биди квалитетен кадар.
Така да вака добро е што сакате да се намалат квотите и да има помалце студенти ( или да се вработат уште еден куп професори за да на 30 студенти да има по еден до двајца професори) ама само да не сте вие . Фино фино.
Ако веќе зборуваме за фер , според мене најфер би било друго решение, едно радикално. Секако не сме богата држава која може да си дозволи многу луксузи.
Уште некаде во основно да се спроведат тајни тестови на интелигенција, по можност неколку. Децата да не се знае чие е што е( ке се смисли и тоа некако).Према нив кои се натпросечно надарени и спрема што се надарени државата да им обезбеди целосно покривање на факултетското образование ( дали тука или во странство небитно). Нека има такви преку сила 100 во една генерација на ниво на републиката. Да не заборавам после завршувањето на студиите( ако заврши или воопшто сака да оди) да е обврзан да се врати( ако нејќе нека си плати колку што треба и нетреба) и да му е обезбедено вработување на струката за која се школувал, ама не одма директор. Така малце подолу, нека покажи дека стварно вреди.
За другите не така надарените исто ако имаат желба нека си одат на приватни факултети , па кој има богати родители ок, кој не нека продава нивите ако има за продавање. Пофер од ова здравје. Чиста генетика.[DOUBLEPOST=1412544389][/DOUBLEPOST]
Се кладам, дека коа ќе донесат одлука гомна да мора се јаде, дури и тогаш ќе ја браниш владата.
Пошто кладба дека кога сум сметал дека нешто не е во ред сум ја критикувал владата?
Ако грешиш тука јавно да ми се извиниш за сите гомна што ги имаш јадено за мене, и да ти седи во потпис минимум месец дена.
Бива? Пушти виртуелна рака да маниме кладба ако ти држи газот.