На едно просечно честиричлено семејство во август 2014 година му биле потребни околу 520 евра или точно 31.880 денари само за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка, пресмета Сојузот на синдикати на Република Македонија.
Според табеларниот приказ од ССМ, за месец август биле потребни:
13.351 денари за Исхрана и пијалоци
10.218 денари за Домување
2.171 денари за Хигиена
2.339 денари за Превоз
2.059 денари за Облека и обувки
1.070 денари за Култура
668 денари за Одржување на здравје
Инаку според последните пресметки на Државниот завод за статистика просечната нето плата во Република Македонија изнесува 21.350 денари.
прво ова се смејурии
второ кое е тоа просечно семејство, какво е тоа, кои се тие под/над просечни семејства - какви категории се тие?
трето. каде се останатите услуги- посета на стоматолог, гинеколог.... или ова им е у програмата -668 денари за Одржување на здравје


кое е тоа превозно средство што троши 2.339 денари месечно?
какви средства за хигиена се купуваат за 4-ца за 2.171 денари ( без разлика дали децата се бебиња за кои треба памперси, и да не набројувам ...или пак повозрасни - од обата пола за кои секој знае што се’ е неопходно ?
2.059 денари за Облека и обувки - абе ајде

на сите 4-ца по еден пар гаќи - ОК
па и ова за храна - 13.351 денари -по 3200
месечно за секој


или по 100 денари дневно


10.218 денари за Домување- хихихихихххххххххиии
УБАВ
ПРОСЕЧЕН ЖИВОТ - за просечниот македонец у секој случај



под услов да имате стан/куќа наследено од старите , да се греете или ладите зима/лето во една соба сите, да готвите и усисувате, перите пеглате само во недела, и тоа на ефтина струја, да одите пешки на работа / факс/ школо/ градинка,оти според овие во денешно време колата е луксуз, а запрежните се недозволиви да ги возите низ град

.....со сендвичи од дома - да ручате еднообразна храна и по можност да постите или да сте вегетарјанец,
да немате никакви прослави , родендени, годишнини..., гардеробата да ја обновувате од црвен крст- а ќе им се радувате на гаќите кои ќе си ги купувате еднаш месечно,
за културен живот имате по цеееееееели 8 денари дневно
курсеви за деца,градинки, УНИФОРМИ

патувања-одмори - курци палци- кој к*р ви се - ремонт по дома - јок бе, обновување на мебел и - разни тракатанци по дома- не треба , важно да има кај да легнете- староста на истите не е важна па макар биле од миразот на баба ви
треба да си шизофреник па да си умислуваш иако си на дното дека ти всушност живееш во рај - изобилие, имаш работа, палата, јахта ....
ова му доаѓа ко вицон- Што прави етиопјанин кога ќе добие векна леб?
-Отвара ресторан