Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Убава победа за релаксација пред, според мене најтешкиот меч оваа сезона воопшто, со Челзи на Мостот. (тука некаде по тежина со утакмицата со Јунајтед на Олд Трафорд, се друго е подносливо). Со бод би бил презадоволен, море и минимален пораз не би ме болел секако ако е заслужен. Големи фаворити се Челзи, да се надеваме дека тој факт ќе ни оди во прилог.
 
Нека ни се множат победиве, убав поклон за чичо.
Велбек :cuc::cuc::cuc: неверојатни спринтови во 90 минута имаше (y)(y)
 
А дечки, како ви се свиѓа Велчо наш? Сакате и Андерсон да ви го шитнеме?
Apply_cold_water_to_burned_area.jpeg
 
Wenger on Welbeck: "I didn't realise he was so quick. I knew he was quick but he's electric!
 
Јас имам впечаток дека Озил треба да поработи малку на кондицијата, 70-та минута некаде и толку од него по теренот. Одличен играч е, има многу потенцијал, има добра техника но барем јас имам впечаток дека кондицијата мора да ја подобри.

Вечерва беа одлични, Озил отвори доста шанси, Велбек блесна, Санчез и Окс владееја на теренот, Санти исто така уфрли добри топки, Оспина спаси 3 добри топки... Баш би сакал да ги гледам вака креативни и разиграни против Челзи. Сакам еднаш да го треснат Мурињо, мислам дека Венгер нема победено против него.
 
Koнечно почнавме да играме подиректно (да не ја вртиме само окулу шеснаесетник со посед од 70%) и се гледа резултат. Реализацијата на Велбек многу потсетува на Анри иако е рано за споредба, ако испадне барем половина од квалитетот на Анри, Јунајтед има да си гризнат од газот.
Шчезни ќе научи ли еднаш да не прави идентично глупи пенали (Баерн лани)?
На Стемфорд или ќе тепаме или ќе изгубиме, на нерешено не се надевам, Венгер никогаш не игра тактички на овие натпревари, секогаш оди на победа, па што биде нека биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom