Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Да проверам дали го разбирам прашањето како што треба -

Ако прашуваш дали некој ќе те брка да платиш казна ако не отидеш на летот надвор од тоа што го имаш платено, одговорот е не.
„Казната„ е во врска со враќање на парите кои си ги платил за билетот во случај да не можеш да леташ.
Ахааам. Значи, ако билетот коштал 9000 да речеме и јас го откажувам однапред и казна е 6000 да речеме, јас си враќам 3000 од 9000, така?
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Ахааам. Значи, ако билетот коштал 9000 да речеме и јас го откажувам однапред и казна е 6000 да речеме, јас си враќам 3000 од 9000, така?
Казната се пресметува по насока. Може една насока да била многу ефтина (помала од казната) а другата скапа па на крај да излезе и повеќе. Понекогаш повеќе се исплати да се заменат билетите со нови датуми / дестинации.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Луге ми треба информациja од некоj поупатен во работата: имам слушнато дека за да летам односно патувам во земja oд ЕУ мора пасошот да ми биде со наjмалку важност од 3 месеци или 90 дена? Поконкретно сакам да патувам во средина на март 2015 на 4 дена до Германиja, a пасошот ми истекува на почеток на jули 2015, па дали би имало некаква пречка/проблем при чекирането на билетот на аеродромот?
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
309
Поени од реакции
297

И крај на март да патуваш пак имаш 3 месеци и неколку дена додека да ти истече пасошот. Нема да имаш никакви проблеми.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Казната се пресметува по насока. Може една насока да била многу ефтина (помала од казната) а другата скапа па на крај да излезе и повеќе. Понекогаш повеќе се исплати да се заменат билетите со нови датуми / дестинации.
http://exyuaviation.blogspot.nl/2014/09/macedonias-low-cost-boom-coming-to-end.html
да потврдиш или демантираш?
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.022
Поени од реакции
1.282
Субвенциите како средство беа наменети како почетна помош за некоја компанија која евентуално ќе отвори база во Скопје и да ги спроведе летовите. На тој повик се јави Визер и целата функција беше да се обезбеди капитал за периодот додека се разработи целиот бизнис затоа што Скопје е мал пазар и неможе одма да се очекува бум во бројките и многу патници.Самиот договор беше дека оваа помош истекува во 2015 година така да нема ништо чудно во тоа. Визер веќе си има основа и не зависи од самите субвенции што сега ги добива. Парите што ги инвестирале им се веќе вратени така да ова е многу погрешно пренесена вест. Ова е еден вид грант пари за да си отвориш бизнис :) Отварањето на национален превозник не верувам дека нешто многу ќе промени а да не речам дека таквите проекти во Македонија се научна фантастика
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Чекај а вие уствари верувате дека Битољану ќе отвори компанија што ќе е конкурент на ВизЕр?

:pos:
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
На wizz страната на интернет кај што се бира летот има едно Wizz-код.. Што е тоа? Ако имам ваучер тука го впишувам?

Дали можам да користам wizz ваучер ако купувам карта преку мобилна апликација? никако не можам да најдам кај се впишува ваучерот при купување на картата..
 
Последно уредено:
M

Mario Gómez

Гостин
Глупости бе. Демек ВизЕр профитира само од субвенциите на владата. Може бумот и растот ќе стагнира малце пошто тој е пазарот, ама не значи дека ќе кратат рути или летови неделно ВизЕр.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
552
Поени од реакции
130
Купив карта е сеа кога сакав да ја чекирам има нешто што ме буни.Летам за лондон со бг пасош но и македонскиот е потребен за излез е сеа кога ја чекирам картата треба да се внесат податоци од пасошот но незнам дали мкд или бг податоцоци?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Толку од македонскиот јазик....FAQ на бугарски! :facepalm:

http://wizzair.com/mk-MK/useful_information/faq#15

Како може да носам музички инструмент?
П'тници, които платјат голјам салонен багаж, могат да носјат на борда музикален инструмент с кал'ф, с максимална д'лжина 80 см. Другите размери на кал'фа не бива да надвишават 45 х 25 см. Такива инструменти например са: цигулка, виола, флејта, кларинет, тромпет, укулеле. За проверка на размера музикалнија инструмент трјабва да се сложи на мерителја за Голјам салонен багаж: ширината и д'лбочината трјабва да отговарјат точно, а височината трјабва да е приблизително 1,5 п'ти по-малка от разрешената. П'тниците не бива да носјат никак'в друг салонен багаж освен малкија музикален инструмент. Вече на борда музикалнија инструмент трјабва да б'де поставен в багажника над главата.
Музикални инструменти, които не влизат в гореспоменатите размери, трјабва да се превозват или като чекиран багаж в багажното отделение, или на седалка в самолета след заплаштане на такса за доп'лнително мјасто. Резервациите преку интернет може да се направат внесувајќи го презимето на патникот како семејно презиме и назначувајќи „EXST“ како име.
Забележете дека инструменти поголеми од виолончело (пр. двоен бас, харфа итн.) мора да се пријават со ознака за ограничено издавање. Овие инструменти се премногу големи и тешки за да се сместат на седиште.

Как мога да пренеса спортна екипировка?
Превозот на спортска опрема е подложен на такса за спортска опрема и мора да биде назначен и да се плати за време на процесот на резервирање. Багажот што е оштетен, кршлив, гломазен, несоодветно спакуван, со задоцнето пријавување или преголем, ќе се прими за превоз со ознака за багаж „Ограничено издавање“ и Wizz Air не прифаќа одговорност за таквите предмети. За барањата за пакување прочитајте ги Корисните информации. Молја, забележете, че разрешеното тегло е максимум 32 кг за екипировка.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
552
Поени од реакции
130
Купив карта е сеа кога сакав да ја чекирам има нешто што ме буни.Летам за лондон со бг пасош но и македонскиот е потребен за излез е сеа кога ја чекирам картата треба да се внесат податоци од пасошот но незнам дали мкд или бг податоцоци?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Купив карта е сеа кога сакав да ја чекирам има нешто што ме буни.Летам за лондон со бг пасош но и македонскиот е потребен за излез е сеа кога ја чекирам картата треба да се внесат податоци од пасошот но незнам дали мкд или бг податоцоци?
Јас кога летам од Македонија за Лондон го внесувам британскиот, така да ти внеси го бугарскиот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom