Погрешен партнер

  • Креатор на темата Креатор на темата WondeR`
  • Време на започнување Време на започнување

WondeR`

Дипломат
Член од
2 февруари 2008
Мислења
156
Поени од реакции
5
Дали би се противеле за партнерот на Вашето дете доколку Вие сметате дека не е за него, односно дека е погрешен?
Значи лошо се изразува, насилен е, лошо и несоодветно се облекува, има налудничави идеи, се дружи со погрешно друштво и такви работи.
Значи дали би се противеле на тоа или би оставиле Вашето дете да се научи на своите грешки?
Што би направиле во тој случај?
 
Родителите се оние кои освен право имаат првенствено и обврска да го заштитат и насочат своето дете, посебно во период кога тоа сеуште не може правилно да ги разграничи и процени работите. Би се трудела да пружам најголема можна заштита во секој сегмент од неговото живеење, внимавајќи притоа да не го направам премногу зависно и неспособно за живот понатаму.
Доколку одбере погрешен партнер би се трудела најмаскимално да укажам на се` што може негативно да произлезе од таа врска, би укажала на лоши примери од околината, значи каде се наоѓаат денес тие луѓе кои направиле погрешен избор во минатото за да може само да увиди кои се последиците...
Значи би била против користејќи ги сите разумни дозволени средства, но притоа многу би внимавала да не претерам и го оддалечам или во најлош случај, да не го доведам нашиот однос до отуѓување и одбивност.
 
Какво ли дете сум одгледала ако се чувствува добро покрај насилник и простак? Па каков родител сум јас штом сум воспитала мазохист?:kesa::kesa::kesa:
 
Се покајав што ја оженив....фраза која ја имам слушано често од хетеро пријатели. Глупо е после свадба и особено после првото дете да се дојде до таков заклучок...треба на време да се бира, ја не за џабе викам...-најважно од се е да ви се погодат невестите.
 
Прво би го советувала најдобро моето чедо, е потоа доколку погреши...Ќе го кажам моето мислење,
Не би се противела, бидејќи ако јас застанам помеѓу нив тоа ќе биде плус еден проблем што јас ќе го создадам, со тоа што ќе нема да може да дојде при себе и да се одлучи на која страна да застане.
Затоа, за да не дојдат до сите овие проблеми,треба да си ги контролираме страстите и разумот,
да научиме ние како да си го контролираме мозокот, а не тој нас. Али пошто не сме во Кина и не сме обучени така. Ќе си трпиме :pipi: и ќе ќутиме. Нека си научи од своите грешки, за кога еднаш ќе се изгори, после тоа ќе дува и на ладно. :unsure:
 
Полош полуд од мене не може да биде така да на таа основа сум рает
 
Мајка сум на керка единица на 24 годишна возраст.
Со керка ми беше се во ред и се уште е така додека не се појави тој 9 години постар од неа со нерешен статус ,недипломиран ,не вработен .За разлика од него керка ми е дипломирана,вработена,со голем авторитет во местото каде што живееме .Но таа од кога е со него е постојано нервозна, не соработува со нас и цело време е тажна.Ве м олам ако знае некој да ми насочи психолог да ја решам оваа голгота во моето семејство
Госпоџо, јас мислам вака, доколку на ќерка ви и требаше Психилог, таа одамна ќе си најдеше и одеше кај него. Мислам вие да не се мешате во нејзините одлуки, живот. Можеби е тажна баш заради вашето мислење кон нејзиниот парнер.
 
Мајка сум на керка единица на 24 годишна возраст.
Со керка ми беше се во ред и се уште е така додека не се појави тој 9 години постар од неа со нерешен статус ,недипломиран ,не вработен .За разлика од него керка ми е дипломирана,вработена,со голем авторитет во местото каде што живееме .Но таа од кога е со него е постојано нервозна, не соработува со нас и цело време е тажна.Ве м олам ако знае некој да ми насочи психолог да ја решам оваа голгота во моето семејство
за ќеркави си планиравте еден принц со бемве ништо подолу?
 
Не мора да биде принц ,далеку е од принц ама може да биде трудољубив
 
Ќе и речеш на ќерката “Учи, заврши факултет за да се клецкаш со кој сакаш а не со кој мораш“
 
А зошто да не? Што ќе и е невработен, необразован, неспособен маж?
Девојко, она ако го сака и обратно, тогаш таа е подготвена на се. Ако е потребно леб и сол ќе јаде, покрај него да биде. Сега ако ти си материјалистка и не знаеш што значи љубовта, тоа е друго.[DOUBLEPOST=1411828146][/DOUBLEPOST]
Не мора да биде принц ,далеку е од принц ама може да биде трудољубив
Сигурно е. Али бидејќи сте вие гневни кон него, па не можете да му ја видите таа особина.
Ќерка ви знае како со него, вие сте мајка. Немојте да се мешате, правите само на вашата ќерка да и е неугодно, Госпоџо. Тргнете се на страна!
Јас разбирам дека ова е Балкан, али мислам, осет малку. :facepalm:
 
Девојко, она ако го сака и обратно, тогаш таа е подготвена на се. Ако е потребно леб и сол ќе јаде, покрај него да биде. Сега ако ти си материјалистка и не знаеш што значи љубовта, тоа е друго.
А тебе вака интересно ти е како машко да си правиш женски јузери, иако сто пати те банираа?
Вакви евтини лимонатки "леб и сол, љубов и патетики" сервирај им на други.
Не постои нешто кое би ме натерало да бидам со човек кој не работи, не вложува во себеси да се надгради и бара 100 денари од неговите за да ја почасти девојка му едно кафе. Мизерии во раскош. Кога ќе имаат дете кое треба да се издржува, нека му кажат дека не можат да му купат памперс и чај, пошто немаат пари. Ама битно "се сакаат".:rolleyes:
 
Не знам за што ми збориш, но можам по ова да заклучам оти си многу интелигентна личност.
Дека “ме препозна„. Но во ред, назад на темата, мислам дека не си во право. Башка не знаеме во случајов како стојат работите, женава е гневна значи на партнерот на ќерка и. А кога е човек гневен на некого тогаш навистина прави се и гледа како само да го омаловажува и онеспособува.
Дечкото сигурно не седи со вкрстени раце и не бара работа и не се труди на неговите 35 години.
Освен ако е психички не у реду и знае дека ќе зима инвалидска пензија до крајот на неговиот здив, ако веќе и не зима.
 
Па како да не биде гневна? Од парче месо израснала 24 годишна девојка, вложува пари за утре - задутре ќерка и да издржува некој легач?
Имам во комшии еден пример жената цел живот работи ко црнец, откако ќе и заврши смената во Жито Лукс оди да чисти по куќи, а маж и како клошар некој 50 и кусур години, ден работен стаж нема.
Со средно, не сакал господинот да работи за 8000.
Да во Македонија не можеш лесно да најдеш работа за 500 евра, ама да не се лажеме, за 8000 има колку сакаш.
Проблемот кај ваквите е што не сакаат да работат, затоа што мислат дека повеќе вредат, понижување им е да буткаат колички за 150 евра, ама не им е понижување на 30 години да бараат пари да ги мерат улиците на Ленинова.
И не е случајов уопште за на психолог, ќерка и малку треба да си поработи на критериумите. Не работел, не студирал, па за што ќе ми е дома, за во кревет ли само?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom