Се сложувам дека на ваков меч секогаш има фаци што се дојдени за инцинденти и со оглед на огромнипот број на камења на трибината во Тетово и фактот што специјалците НИКОГАШ не влегле на таа трибина да реагираат, што би те спречило да гаѓаш со камења.
Стави 15 специјалци, има како попчиња да седат. Јас не знам како може на наша трибина да има 100 специјалци на ризични мечеви, и тоа на колкава далечина сме одделени од другите навивачи (па дури и да ги нема), а во Тетово жив џандар да нема на домашната трибина, туку се само распоредени за да ги спасуваат фудбалерите или некои гостински фанови ако ги има (пример Војводи). Значи не одат на тоа да спречат настани (како во Скопје) туку да "лечат".
За скандирањето јака муда искрено, они пеат, ние пееме.,.
Ќе видиме само дали ќе има реални казни, затоа што во наш случај цело време дебело се плаќа. За скандирање Илчо педер против Турново лапнавме казна од неколку илјади евра.
За инцидентот со каменот реално Шкендија треба да добие многу подебела казна од парична.
Минимум 5 утакмици вон Тетово.
Ова не настан кој е изолиран случај, туку континуирано се повторува. И цело време треба зголемување на казната, ако било 5, стави им сега 7-8, па нареден пат 10, и така натаму.