Не би се запишала повторно, затоа што X години по дипломирањето, односно Y по магистрирањето не можев да најдам нормална работа. Работев во неколку фирми (на кратко време), но платата се движи од 11000-15000 и се случува да не се потпишуваш ти на проектите, туку тој некој за кого работиш. Така што прашање е дали ќе земеш лиценци во скоро време, што значи не можеш како индивидуа да напредуваш.
Друго, на 8 места до сега на интервју ми имаат кажано дека сум преобразована и дека предност имаат студенти пред диплома. Зошто? Затоа што ќе ги плаќаат помалку, нема да ги пријават, ќе ги праќаат на терен од јутра до сутра итн и после некое време ќе ги заменат со нови такви. Не сакам да бидам негативна, но ситуацијата е никаква, ако си немаш некој твој близок со фирма, па да си осигураш добро и фер работно место. Јас не познавам колега/колешка да работат за над 16 000 ден. Ако ги има, нека пишат, барем да знам.
Од друга страна, на факс професорите што изгледа дека се најнепосредни и нај "отворени", за време на испит и кога треба да ти излезат во пресрет испаѓаат најбезвезе и се најопасни.
Ова е мое лично искуство и впечатоци што ги стекнав додека студирав таму.
Кога би се запишувала сега, би запишала ФЕИТ - програмирање (земаат огромни плати), јазици (за превод изгор се) или правен (за нотар - тука лежи добра пара). Пошто таква ни е државата ...
Не сакам моево искуство да допринесе лошо за било кого - ако градежништвото ви лежи, нема зошто да не се запишете, па дури и пречките ќе ви се полесни за надминување штом го правите тоа со желба ....
Среќно на сите што се таму или допрва ќе се запишуваат.