Авто-турнеја низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Идејата ти е паметна и тоа е нешто што и јас го сакам и сум исто од Штип :D Нашиов народ ги шетаат Европа, Светот а не ја познаваат споствената земја. Одлично.
 
@STEALTH кога планираш да ја правиш турава? Ако е сега есенва да кажеш на крај колку ќе те фати, пошо со еден другар имаме во план ама за на пролет.

Здравје на пролет/лето, а секако и финансиите се тука хахах
 
Супер ти е идејата , штом планот ти е накај пролет/лето ако ти излезе се како што треба ,имаш доволно време да испланираш се што ти треба ,, во кој град се што е вредно да видиш , каде колку ке останеш , спиење итн...
 
Одлична идеја(y)
Не само што ќе ја запознаеш подобро Македонија, туку и ќе добиеш авантура која ќе ја паметиш целиот твој живот, а успат можеш и да се запознаеш со некоја женЦка:D
Еден мал совет од мене........., можеш да прошеташ и низ некои села........ и носи си повеќе пари........, секогаш може да ти искочи нешто неочекувано:)
 
Не само што ќе ја запознаеш подобро Македонија, туку и ќе добиеш авантура која ќе ја паметиш целиот твој живот, а успат можеш и да се запознаеш со некоја женЦка:D

Па нема да одам сам :) Или да ја оставам сегашната у Демир Хисар, у Демир Капија да најдам нова :icon_lol:
 
Добра ти е идејава.Според ова може да се заклучи дека си човек-авантурист.Епа како што кажаа и другите ти треба добра организација и план за колку пари ке земеш и пресметки да направиш колку отприлика ке ти треба.Идејава ме потсети на Истражи ја Македонија емисијата со Владо што патува низ Македонија.
 
Попрво на Калиопи - На пат низ Македонија хахах
 
Попрво на Калиопи - На пат низ Македонија хахах
Шала на страна, емисијава со Владо дава идеа за интересни места за посета.
 
http://www.rent-a-camper.mk/

....само е малку солено...барем за мене :(

Ова е тоа истото што го имам спомнато во пртходната страна

Солено е барем за 90% од луѓето затоа и му дремат

Во туристичко место ќе најдеш апартман од 25-45 евра на ден а по други градови има што издаваат соби од 200 денари нагоре за кревет
 
Јас почнав ваква турнеја, само што јас одам во викенд, некогаш на еден ден - некогаш на повеќе. Тргнување - од Скопје, на крај пак се враќаме во Скопје. Последните 2 месеци ги поминав: Велес (не се смејте, освен на Велешко никогаш немав претходно прошетано низ Велес), Куманово, Делчево, Пехчево, Струга, Гевгелија, Валандово, Битола, Тетово, Дојран, Кавадарци (не ги бројам околните села и градовите во кои само сум застанала на пола час-час). Следни, здравје, Прилеп, Демир Капија, Штип... еден по еден, полека :)
 
Одамна имам ваква замисла, а се надевам наскоро ќе ја реализирам. Имам
желба да го посетам секое селце во Македонија. Се надевам пролетоска ќе имам шанса да ја реализирам желбава :)
 
Дечки, минатата недела бев во Демир Хисар и некои околни селa (Смилево, Кутретино, Слепче, Сопотница и Жван), додека денес бев во Македонски Брод и некои села (Требино, Суводол, Црешнево и Самоков). Луѓето таму уште имаат по 6-7-8 деца. Имаше една со 9 деца од 5-6 мажи :icon_lol:

Значи кои убавини ги крие земјава ццццц, мене ми е срам што на мои 27 години сеуште ги немам посетено барем сите градови во Македонија.
Ми останаа уште Тетово, Гостивар, Дебар, Пехчево, Богданци, Валандово, Гевгелија и Демир Капија мислам...

По патувањето денес имам уште поголема желба за турата да биде што побрзо...
Еве една фото-сфера од село Црешнево, со поглед на Јакупица т.е накај Солунска Глава.

https://www.google.com/maps/views/v...4538224994?gl=us&heading=359&pitch=90&fovy=75[DOUBLEPOST=1413147672][/DOUBLEPOST]
Имамжелба да го посетам секое селце во Македонија. Се надевам пролетоска ќе имам шанса да ја реализирам желбава :)

Само во тој реон околу Мак. Брод, Демир Хисар и Прилеп имало околу 50 села :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom