Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Ова го гледам веќе трета година на почеток на сезона, посебно на гости. Ќе примат некој гол на почеток (најчесто од прекини) и после трчи како луд, па што биде...

Ако веќе имаме слаба одбрана (моментално и со и без Бонера) и примаме голови, а бе нападни уште од старт, дај гол, па веќе ако си решил тогаш играј толку претпазливо.

И башка грешките на Бонера, но Милан додека не тргна на јуриш ништо не изигра, тоа е најголем проблем според мене...
 
Мислам дека наместо по Бонера треба да се плука по Инзаги.Знам дека е многу полесно нервозата да се истури врз Бонера,но факт е дека Пипо е тој кој што го става во првиот тим иако со Парма беше камен и заради него одбраната не личеше на ништо.Со вакви глупи потези Пипо уште во старт може да си стави икс на замислата да биде тренер од висока класа...едноставно класа тренер и Бонера во прв тим не идат во иста реченица.

По Абате исто така се плука,а он за моменталниве Де Шиљо и Армеро е Кафу и Сержињо во едно.Де Шиљо се форсира во фан клубов дека е дете на Милан и дека е играч во кој што сите се крстиме и се надеваме дека ќе биде првокласен бек,но реалноста е дека во последниве 2 години кај него нема никаков напредок.Жално е што еден бек кој што има потенцијал да стане играч од прва класа дреме во вака несериозен тим кој што држи мнооогу лоши штопери кои не му даваат на Де Шиљо да пркне и да направи чекор напред во кариерата.Ако во последниве 2 години Шиљо се наоѓаше во тим кој што има стабилна одбрана и стабилни штопери ќе прераснеше во играч за кој што секој тим би платил +50м еура за да го има во тимот.

Нападов предводен од Менез и веднаш по него Хонда сега за сега одлично функционира и се надевам дека повредите ќе стојат подалеку од овие двајца.Шарави сега за сега смрди труе на Пато втор дел,Пацини е далеку од форма,Торес денес се покажа како солиден играч.

Срединава е комедија.Единствено Де Јонг што се двои за нијанса,а ова другово е печено за 3та лига на Азербеџан.
 
Кај е тој пресинг што го најавуваше Инзаги од прва минута?

Јас само гледам каде Милан не може да се справи со пресинг. Тука е голем проблем Запата. Затоа и Запата му беше во втор план, а Бонера требаше да игра со Алекс...

Но, проблем е и Де Јонг. А бе луѓе, зошто не признавате дека ни треба играч кој знае да почне напад, посебно кога е под притисок?! Тешко е да го изведеш тоа дури и со двајца креативни фудбалери околу него, а не па вака. Знам дека ви е супер кога го гледате како остава срце на терен и јас го почитувам, но по стоти пат, гледајте го целиот терен (барем колку дозволува преносот :)), а не само него како индивидуа.

Откако си отиде Ван Бомел, единствено средината личеше на нешто кога Монтоливо играше на таа позиција!!! Така требаше да се гради тимот, тоа впрочем го сакаше и Инзаги.

Но, вие занесувајте се дека Де Јонг имал најмногу прецизни долги додавања, само ме интересира какви се...

Е сега што не најдоа замена за Монто е посебен муабет, но кога ќе се врати тој треба да ни биде центарот околу кој ќе се врти се кога е во прашање започнување на напад, справување со пресинг и префрлување на противнички половина.

За жал нема тоа да се случи...[DOUBLEPOST=1411508591][/DOUBLEPOST]Сега читам дека Пипо бил задоволен како функционирала 4-2-3-1 и дека во иднина планира да ја користи повеќе... дали би било ризично наеднаш да ја промени формацијата и сл..

Ако се плаши како би реагирал тимот на таква промена, тогаш нека почне со 4-3-3 каде Бонавентура ќе е во средина, но посебно кога се во напад ќе се трансфорима во 4-2-3-1, така што Бона ќе игра полушпиц, или нека го започне десно во средина, па нека се префрлува на десно крило, а еден од Хонда и Менез да навлезе во средина и да игра како полушпиц... Првата варијанта ми изгледа пореална...

4-2-3-1 изгледа интересно и би можела да одговара на овие играчи, но прво да видиме цел натпревар...
 
Последно уредено:
Да да толку фали Монтоливо што никој не го спомнуе...
Играше и тој првата сезона дур не му дадоа капитенската лента, после беше цреп црепосан... Од играч што многу се очекуеше ни пола не прикажа.... Фали средина да, ама тоа не е Монтоливо според мене.

На зима одбрана еден мора да се земе, или не... секако Бонера ќе игра дур е у Милан само што ќе се уништуваат Запата и Рами, фала богу па не поштеди против Јуве што не играше, ако играше ка денеска мама миа ќе беше!
 
Да да толку фали Монтоливо што никој не го спомнуе...
Играше и тој првата сезона дур не му дадоа капитенската лента, после беше цреп црепосан... Од играч што многу се очекуеше ни пола не прикажа.... Фали средина да, ама тоа не е Монтоливо според мене.

Како никој, јас го спомнувам, а тоа е доволно! :D

Шала на страна, Монтоливо најубаво играше кога беше центар, а не кога беше ДЈ до него, а тогаш и Милан најдобро играше. А башка ланската сезона не ми е мерило за ништо!

Со 4-2-3-1 може работите да изгледаат поинаку...

едит... Милан подобар од него нема, а нема ни да најдат (за џабе!!!), играчи кои што знаат со топка чинат повеќе, за разлика од тие како ДЈ. Останува дали Милан ќе ја прилагоди играта на единствениот играч од среден ред што знае да игра фудбал или ќе одат против таа фудбалска логика. Секако, постојат шанси резултат да даде и 4-2-3-1, таа формација не ја отфрлам со ДЈ...
 
Последно уредено:
Гледај сеа имаш Монтоливо што игра на позицијата на Де Јонг и Монтоливо што игра кај што почна Ван Гинкел денеска.

Првиот Монтоливо си игра профи и сетете се на периодот кога ДЈ беше повреден, знае да повлече напред, знае да проигра а не да се расфрла со балонки лево и десно.

Мислам дека кога ќе се врати подобро ќе играме ако го стават на таа позиција да игра.

Денес Поли ми беше многу растрчан и ептен профи изигра, треба да продолжи вака.[DOUBLEPOST=1411509388][/DOUBLEPOST]
Како никој, јас го спомнувам, а тоа е доволно! :D

Шала на страна, Монтоливо најубаво играше кога беше центар, а не кога беше ДЈ до него, а тогаш и Милан најдобро играше. А башка ланската сезона не ми е мерило за ништо!

Со 4-2-3-1 може работите да изгледаат поинаку...

Нешто ко Де Јонг и Поли денес мислиш да биде Де Јонг и Монтоливо?

Сега за разлика од минатата сезона со Сидорф кога ја игравме формацијава имаме далеку подобри опции.

Хонда е прилагоден на десно крило, Менез може да игра секаде, Бонавентура е тука за замена на Шарави и Нианг може да игра било каде само прашање дали Инзаги ќе ја промени формацијата и дали Берлускони ќе јаде гомна за тоа.
 
@Клипче

Не би се кладел ни на таа варијанта каде партнери ќе се Де Јонг и Монтоливо. Не ми изгледа тој пар доволно динамично, но со Бонавентура, Менез, Шарави пред нив, а со ваков Абате, а се надевам и со подобар Шиљо, можеби ќе биде тоа добра варијанта.

Се сложувам за Поли, денес беше добар, нека пробаат со него и ДЈ како пар, плус Бонавентура кој работи доста и дефанзивно, секако тука е и Шарави, па може таа 4-2-3-1 дефанзивно и да не изгледа лошо, а да ни донесе поглема креативност...[DOUBLEPOST=1411510398][/DOUBLEPOST]
Првиот Монтоливо си игра профи и сетете се на периодот кога ДЈ беше повреден, знае да повлече напред, знае да проигра а не да се расфрла со балонки лево и десно.

Така и стигнаа до трето место таа сезона... Милан имаше секој натпревар посед преку 50 проценти... Тогаш најголем проблем беше да се искреира нешто пред противничкиот гол, сега состојбата е обратна. Пред гол се добри, но тешко се стигнува до него... :)

Сега после повредата може да биде очаен, но...
 
Последно уредено:
Κоја саκа фоρмација неκа ја игρа аκо е бонеρа туκа се пρопаѓа у вода
 
Некој да ми кажеше дека само гомнарот ќе остане од екипата што освои лига на шампиони и ќе дочека Инзаги да му е тренер ќе го убиев од ќотек. :icon_lol:
Многу играчи дојдоа и после една лоша сезона ги избркаа, имаше смена на генерации, теренри, а само он остана.

Колку и да се заникаде и тие во средина пак правиме шанси и имаме дадено највеќе голови. 4 од тие 8 примени голови се лично негова вина и друг дефанзивец подобро би реагирал. Ме интересира колку голови ќе примат кога неколку натпревари нема да го игра.
 
Колку и да се заникаде и тие во средина пак правиме шанси и имаме дадено највеќе голови.

Тоа е само поради добрите играчи во напад!!! Средината нема некоја заслуга, сигурно не колку што има само еден Абате. :)
 
Ја овој Бонера не верувам дека е толку дрво, абе не е можно да си играч во професионален клуб а да си толкаво дрво, мора некоја пара да лапа од страна за да игра волку очајно.
 
Менез е ЕБЕЊЕ! Го знам уште од Рома како добар играч али ова ме изненадува, свака му част (y)
Со Торес маме ќе ебаваат годинава!




Абате > Кафу
 
Честитки за Торес (y)

Класа играч си е иако се изгуби едно време во Премиер лигата за нас кога играше.

Сепак класата си останува класа. Некои се исмејуваа со тие што беа позитивни за Торес ви Милан, ама јас се надевам дека ќе продолжи во вакво темпо за вас.
Со среќа нека ви е во сезонава, пред се ради Торес :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom