Многу подмолно е да се извртува нешто упорно и намерно. Нешто кое ти подолго време го правиш. Парите никогаш небиле причина за зачленување во ОТО, ниту некој ти гарантира дека ако платиш, ќе дознаеш било што! Членарината постои од практични причини, за да може Редот да фукционира во општество каде се е подредено на финансии. И тие не се тајна, објавени се колку што и какви се. 1500 денари, или 2500 денари годишно ако за тебе е мотив некој да ти продава тајни, тогаш или си крајно наивен или крајно злонамерен.
Што се однесува до "Тајните", Редот е организација од езотериски тип, што значи глупо е да се смета за нешто невообичаено тоа што ги подочува членовите на одредени тајни. Исто така во многу прилики лично тебе ти имам објаснето дека тие се степен на разбирање - осознавање, што иницијантот треба да го постигне преку практична и теориска работа. После се тоа да тврдиш дека се се сведува на пари е крајно лицемерно и подло од твоја страна. Што би било поадекватно за тебе? Да продаваме сладолед или да одиме од врата на врата и бесплатно да даваме брошури за тајните на ОТО?