Значи големите сипаници, чумата, еболата, маларијата, нилската треска,....сите тие постојат поради "непромисленоста на човекот"?! Поради нездравата исхрана?
Која е таа непромисленост? Како човекот ги создал овие болести?
Човековата непромисленост е непослушноста на Адам кон Бог и неговиот пад.
Адам пред својот пад немал органско тело како нас, туку имал тело како што имале Седрах (Ананиј), Мисах (Мисаил) и Авденаго (Азариј) кога биле во вжарената печка во која ги фрлил Навуходоносор, запишано во Книгата на Пророк Данаил.
15. Отсега, ако сте спремни, штом ќе го чуете звукот на трубата, свирката, цитрата, гуслето, пеењето и од сите други свирки, паднете на колена и поклонете се на идолот што го направив јас;
ако не се поклоните, веднаш ќе бидете фрлени во вжарена печка и тогаш кој бог ќе ве избави од раката моја?
16. Одговорија Седрах, Мисах и Авденаго и му рекоа на царот Навуходоносор: „Нема потреба да ти одговориме на тоа.
17.
Нашиот Бог, Кому Му служиме, е силен да нè спаси од вжарената печка, па и од твојата рака, царе ќе нè избави.
18. Ако пак и тоа не се случи, извесно нека ти е, царе, дека нема да им служиме на твоите богови и на златниот идол што си го поставил нема да му се поклониме.”
19. Тогаш царот Навуходоносор се исполни со јарост и изгледот на лицето негово се измени против Седраха, Мисаха и Авденаго,
па заповеда да запалат печка седумпати посилна отколку што обично ја угоруваа;
20. и им заповеда на најзилните луѓе од војската своја да ги врзат Седраха, Мисаха и Авденаго
и да ги фрлат во вжарената печка.
21. Тогаш тие луѓе беа врзани со долните и горните облеки, со преврски на главата и со другите алишта и беа фрлени во печката огнена што гореше.
22. Бидејќи царската заповед беше строга,
и печката вжарена необично многу, пламенот од огнот ги умртви луѓето што ги фрлија Седраха, Мисаха и Авденаго.
23.
А тројцата – Седрах, Мисах и Авденаго – паднаа во вжарената печка врзани.
24.
И одеа меѓу пламенот, славејќи Го Бога и благословувајќи Го Господа.
25. Тогаш Азариј(Авденаго -моја заб.) стана и почна да се моли,
па ја отвори устата своја среде огнот и изговори:
26. „Да си благословен Господе, Боже на татковците наши, нека е фалено и прославувано името Твое во сите векови.
Спореди ја издржливоста на телата на овие праведници кои привремени ја добиле по милоста Божја спрема обичната издржливост на телата на луѓето кои ги фрлиле нив, а самите изгореле иако биле надвор од печката.
Во природата таканаречените термофили кои имаат наједноставна градба бидејќи се прокариоти може да издржат најмногу мизерни 122 °C.
И понатаму во Книгата на пророк Данаил
46. А во тоа време царските слуги што ги беа фрлиле, не престануваа да ја разгоруваат печката со нафта, смола, коноп и дрва,
47.
па се креваше пламен над печката, висок четириесет и девет лакти,
48.
и се одделуваше и ги изгоруваше и оние Халдејци што ќе ги досегнеше околу печката.
49. Но Ангел Господен слезе во печката заедно со Азарија и оние што беа со него.
50. И го исфрли огнениот пламен од печката и така направи што среде печката се појави како шумлив влажен ветар, и огнот воопшто не се допираше до нив и не ги повреди ниту ги возбуди.
51. Тогаш тие тројцата, како од една уста, почнаа да пеат во печката, да благословат и да Го прославуваат Бога: