- Член од
- 16 август 2009
- Мислења
- 2.218
- Поени од реакции
- 1.724
Трошоците се скоро сите поефтини спрема платите отколку во Македонија, затоа пишав и јас претходно. Киријата што е поголем трошок и пак зависи каде и во што сакаш да живееш. Сигурно нема на почеток да земам скап апартман, чекор по чекор се оди. Бензинот е поефтин иако не знам веќе колку пати се покачи цената. Си ја полниш колата до даска стандард. Регистрација на кола 105$, тоа ти е да речеме еден ден работа со просечна плата, татко ми ми кажа у Македонија имал уште една рата, на рати регистрирал кола, веројатно 300$ го коштало него. Направи есап, некој не зема ни 300 долари месечно. Сметката за струја не ја ни глеам, летно време ми фрчат 2 клими, плаќам 35$ струја со 2 клика и толку. Зимно време е повеќе, но сепак не е многу со оглед на тоа што цел стан ти е топол, за разлика откај нас страв те фаќа кога идеш у купатило зимно време
. Интернет и кабловска пак е поефтино спрема платите претпоставувам и со поквалитетни пакети. У Волмарт никогаш не купувам облека, освен нешто за работа. Патики какви сакаш за ефтини пари, скоро у секоја продавница има попусти, кај нас мало морген. За празници редовно има поволни попусти, кај нас чекаат да дојде празник и да те одерат. У маркет кога идеш да купуваш храна обично не гледаш цени, и работи како пакет пиво или 3 врсти месо ти се нормална работа, за разлика од МКД каде може ќе завршиш на каса со две јетрени паштети. 




Последно уредено: