РОГАЧЕВО

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Насловот на многумина нема ништо да им значи.
Рог- израсток на главата на животните, го има и кај домашните и кај дивите.Рогати животни.
Рогач- сладок медитерански плод во вид на мешунка од грав или багрем.
Рогачево- некогаш големо распространето шарпланинско село под Љуботен на 800 м. Н.В.
---------
Моето село
Под Шара ветрот врчи,
Љуботен во вис стрчи,
Воздухот стално брчи,
Се гледа блеска бело,
Развлечено, е а е цело,
Да,тоа е моето село.

Во пролет се е во цвет,
Лето проаѓа како слет,
Во есен летина во клет,
Зимата е цела во смет,
Секое доба е свој свет.

Кога доаѓаат тешки дни,
Ми се враќат детски сни,
Сонувам како сонце грее,
И летам каде ветрот вее.

Тука се мојте стари корени,
Тука се сметките сторени,
Скаските се за заморени.

Тука светлото го видов,
Од тука во свет отидов.

И десно и лево е Рогачево.
--------------------------------------------------------------
Ајде мештани, членови овде и друзи да поприкажеме за ова место и за другите околни.
Беловиште,Вратница,Старо село,Жилче,Јагуновце,Јанчиште,Рдуша,Орашје,Длабочица и др.
Колку ли сега има жители ова прекрасно место и„ кој “(во последниот попис околу 350).
Но има многу Рогачевци и преселени во други места по светот и земјава.
Во Белград живеат .......... 160-170 Рогачевци
Во Скопје живеат.........................83 Рогачевци
Во Тетово живеат..........................84 Рогачевци
Во Америка живеат...........135-140 Рогачевци
Во Хрватска живеат................20-25Рогачевци
------------------------------------------------------------------
 
Рогачево е село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Рогачево за прв пат се споменува во турските дефтери и пописи во 1467 година.А според усмените приказни, се кажува дека тука во шумата над изворот се сокривале некој монаси, веднаш по косовската битка. Тоа место и тој извор и ден денес се вика Калуѓер.Во Рогачево во 1467-68година имало 59 домаќинства и 4 вдовици. Во време на вториот и третиот попис во 1545и 1568 за Рогачево нема точни информации колку домаќинства живееле ,но има информации дека Рогачево и селото Вратница имале најголем број на домаќинства.
Селото брои 347 жители и од него потекнува ФК Рудар.

Цркви во селото:

Црква „Св. Спас“ - главната селска црква;
Црква „Св. Архангел Михаил“ - црква во месноста Тиквица;
Црква „Св. Петка и Св. Недела“ - мала црква по текот на Калуѓерска Река;
Црква „Св. Илија“ - главна манастирска црква во месноста Калуѓер;
Црква „Св. Спас“ - мала црква на влезот од селото.

250px-Rogachevo_18.JPG

Извор: Википедија

:)
 
Анчо според сликата на аватарот ти сигурно си служел (си се пријавил) војска во 1965 до 70та година нели?
 
Рогачево е претпоследно македонско село на патот кон границата со Косово. Рогачево и околните села имаат добра местоположба пред се затоа што нема некој поголем загадувач во нивна близина. Порано работел рудникот Радуша во кој работеле двајца мои дедовци. Во социјализмот а и денес многумина лебот го печалеле во ХЕК Југохром и ИГМ Вратница. Природата е скоро како недопрена, кога и да сум отишол било чисто, нема ѓубре освен во селската депонија во 'Рудина'. Паметам порано имаше откуп на полжави и мов, а и ден денеска има откуп на печурки во село Беловиште кое е споено со Вратница. Порано Рогачево припаѓаше на општина Вратница но сега сите тие села се под општина Јегуновце. Има пат од селото преку "Калуѓер" кон Љуботен и многу луѓе се искачуваат од таа страна. Селото има околу 300 постојани жители, а летно време доаѓаат многу исселеници од Германија, Велика Британија, Америка, Франција и други. Најголем дел од жителите работат во Југохром, Сурин ИГМ Вратница. Навечер е многу свежо и пријатно во летно време. Една замерка за селото ми е патот од станицата до селото кој треба да се реконструира, а градоначалникот на Јегуновце кој живее во Рогачево не мрднал со прст за ова иако е на власт веќе трет мандат.
 
Од каде имаат потекло селаните ?
 
Од македонија, христијани.
Се споменува уште од турските дефтери и пописи од 1467 год.
 
Рогачевоооо мој роден крајј
Јас те сакаамм за тебе пеамм
Рогачевоооо...тининини...
:D
 
убаво место е Рогачево,сум имал можност да го посетам на два-три пати(во униформа).Што стана со караулата?По пат до Љуботен и околу него сум ги пробал најубавите шумски јагоди,лешници,боровинки ....
 
Караулата стана полициска станица за шумската полиција. Бркаат дрвокрадци од граница до село Доброште, а често сопираат и возила за да прават рутински проверки како сообраќајна полиција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom