Дечки што се замарате толку со брзината признај те си дека ОнНет треба да си купи друга фреквенција, да стави една саглам WIMAX станица и да дели модемчиња и да не се заебаваат со аматерска опрема па не сте вие у рурални средини со помалце од 1000 корисници па да се радувате како прле пред магаре...Има конкуренција саглам кога збориме за покриеност у град не дека сум мрчатор али шо си е во право во право си е!
Работата не е ни во брзината, ниту во тоа дека некој се радува на тоа.
Треба да се види што е реално и достапно, а што список на убави желби.
И како да се обидиме да ги натераме провајдерите да понудат поквалитетна услуга.
Како прво фреквенците за WIMAX сеуште кај нас не се продаваат во самопослуга. Кога беше онаа фарса од доделување лиценци за WIMAX ОН Нет, колку што знам јас, воопшто не конкурираше.
Зошто фарса ? Тендерот за WIMAX цело време ги следеа контраверзи. Најпрво се одложуваше колку што може повеќе со неговото распишување. Кога под притисок на комисиите на Советот на ЕУ конечно се распиша, во поседен момент се променуваа условите со цел да се фаворизираат одредени компании. Кои се тие:
Cosmotelco со понудени 1,5 милиони евра, и
Nexcom со 151.000 евра.
Првата е компанија на грчкиот бизнисмен Кондоминас, кој намириса добар дил со Телекомот ако успее да му го продолжи монополот.
Втората се преставува како Бугарска фирма, а најверојатно зад неа стои бизнис крилото на актуелната власт, односно братучедите на Грујо.
( Камо да не сум во право )
Пред неколку дена беше најавено одземање на лиценците на овие две компании, значи се оди по планот.
Јас со оглед дека делумно се занимавам и со комуникациона опрема, се обидувам на терен да видам дали нешто се работи, ама тешко оди.
Никнуваат овде - онде по некоја базна станица, ама тешко се дојдува да информација од кого е и за што ќе служи. Ќе видиме по празнициве.
Точно е дека 3,5 GHz WIMAX технологија е многу пати посупериорна
од актуелната 5.4 GHz Wi-Fi на Моторола, арно ама оваа првава во
моментов кај нас не е достапна, и прашање кога ќе биде целосно импементирана на територијата на цела Македонија, со оглед на тоа дека се работи за доста скапа технологија.
Со мрежите на Моторола функционираа цели градови во САД, со по 10 000 000 и повеќе жители. Работата е што ОН Нет не ја употребува и оддржува таа мрежа онака како што предвидел производителот.