,,Кажи НЕ на насилството"

Кампањава таргетира музички жанр кој наводно претставува причина за насилството. Немам коментар со кој може да се опише оваа глупост која е пласирана во јавност.
Ќе се свестат еден ден дека општествово секој ден има катастрофи со кои се соочува, а никој не сака да ги коментира (алкохол, дрога, криминал, полициска бруталност, самоубиства, педофилија) ниту пак има дебата од фелата и институциите на системот за како да се решат овие проблеми, а тогаш ќе биде доцна.
 
Кој се овие двеве што се тегнат у средина жити се :pos:
Таа со беџот е од собраниското обезбедување. Пратеничката не се гледа која е, претпоставувам Казанџиска од Штип.

Edit
Маринела Тушева, беше бремена во тоа време.
 
Последно уредено:
LoL, баш алкохолизираните турбо фолк шабани и УЧК-алкаеда дроновите ги праат 90% од насилствата по улиците.
 
Не сте сфатиле добро убо се претставени.
Металците на рекламата се од оние што го слушаат Перо Деформеро, со нож дупчат дињи и ги клецкаат како Анчо, седат на кафе и во очи се гледаат место во телефони како некој заостанати, и дркаат на полна месечина - металци дрколаци , и јас ги подржувам и не ги сакам односно како што викаат американцине по филмовите: не се мој тип.
 
Освен ако не ти е саркастично...

Дај не дупи и ти сега од кај испадна овој муабет? Ова го кажуваш као да нема рап песна во која што не се спомнува насилство, курви, пари, дроги и остали гето срања. Уствари земено у глобала само некој 10% од песните се такви, а што е најтрагично тие и се најпознати и најслушани по радија во моментов ради моменталниот тренд у светот каде што е нормално да лижеш чекан гола на спот и наместо нормална облека да имаш сирово месо на тебе.
Шо не пробаш да чепнеш нешто подлабоко освен од комерцијалново срање што го пуштат на MTV.
И, да, нема само металци у парк.

Не ми е саркастично.Не си анализирал добро.Јас не го осудив целокупното хип хоп движење туку изборот на овие неписмениве што одбрале баш метал и панк култура да си шират јагнешка пропаганда во која сите треба да блееме и да бидеме мирни христијанчиња,да пееме во црковен хор,хоби да ни е балет,да се жениме/мажиме точно на 25 години и да бидеме т.н примерни граѓани во едно имагинарно и апсурдно општество-парадокс само по себе.Во она малку делче што си ми го цитирал ќе забележиш дека го употребив зборот дечурлаана.Збор кој најчесто го употребуваат сите хардкор обожувачи на одреден жанр музика а овие,дечурлаанава се само фејкерчиња кои имитираат обожаватели и кои добиле за роденден случајно блуза од Мегадет или еве ако милуваш Сајпрес Хил,Ву Танг Клан,Тупак или пак по некоја случајност залутале пред излогот на сите можни квалитети кои одредена и интелегентна личност може да ги понуди и наеднаш добиле желба да бидат како неа за потоа толку лесно да ја отфрлат таа макотрпна,метаморфозна и интелектуална преобразба и да се навратат на она што биле пред тоа-празни и површни луѓе на кои нечиј живот,изградба и музички столб им бил само преодна фаза пред да станат страсни обожаватели на кафански и турбофолк песни.Лично,познавам многу такви.И верувај ми искрено ги презирам,шо нема врска со тренди луѓето кои слушаат MTV песнички денес.И MTV не е тоа што беше така да воопшто не им замерувам.
 
Сатанизмот во метал музиката, не е баш така наивен. Сатанизмот никогаш не е така наивна работа. Сепак, треба да се каже дека постојат разни правци во таа музика. Некои се и фундаменталистичко-христијански. (white metal)
 
Глупости ... поголеми се шансите тепачка или било каков јавен неред да направат некои турбо-фолк дебели алкохолизирани опаничари(сељачини/шабани) отколку некои си панкери, рокери, рапери и.т.н.
Од кога слушањето на одредени музички жанрови и носењето на одреден тип на гардероба станаа опасна закана по безбедноста во општеството, фали уште да ги изедначат со оние терористите од Ирак :нинџ::facepalm:
Само во недемократски, едноумиски и тоталитарни општества одредени музички или филмски жанрови како и одредени типови на гардероба се прогласуваат за неморални, девијантни и неадекватни за општеството, како што знам човек(било кој) несмее да напаѓа/тепа/убива, прави материјална штета, краде, нарушува јавен ред и мир(бучава и сл.) и.т.н. но во каков стил ќе се облекува(нормално вулгарно е некој/а да оди скроз гол/а), каков тип на музика ќе слуша, што ќе гледа дома на ТВ, какви лични сфаќања ќе има, каков начин на живот ќе има си е веќе индивидуална работа !
Темава воопшто не треба да служи за потсмев бидејќи утре кога некого од нас полицајците ќе го соберат(читајте апс) на сред улица за ич ништо после истиот тој има да се чуди која е причината за сето тоа, во нормални општества се прави обид за успешна социјализација и интеграција на сите групи на граѓани, да се амортизираат поделбите, да не се дискриминира по ниту еден основ но кај нас како што изгледа е сосема обратно од ден на ден се некои групи на граѓани или пак поедини индивидуи стануваат аутсајдери бидејќи прекршиле некое од замислените сулуди правила на некого/некои ... Сите Муслимани се потенцијални терористи а пак оние Муслимани кои имаат бради и сл. се дефинитивно терористи, Атеистите се исто така огромно зло за општеството на исто рамниште со терористи, разведените поединци, ергените, девојките/жените кои решиле да абортираат/абортирале, пушачите(на цигари), лицата кои слушаат неадекватна и опасна музика(рап, рок, панк, техно, реге, поп...), лицата кои се облекуваат со неадекватна и опасна гардероба нели, лицата кои гледаат неадекватни филмски жанрови(акција, трилери, порно, хорори...), интелектуалците и.т.н. и.т.н.
Но така е тоа во општества како нашево, постои силен партиски активизам(без разлика позициски или опозициски) но не постои ама баш никаков граѓански активизам, не се дискутира за ништо, не се дебатира за ништо епа затоа демократски и културно со неверојатна брзина одиме во длабока бездна !
Не напаѓам никого нормално е да постојат секакви луѓе како и секаков тип на политики полиберални, поконзервативни но никој на никого не смее нешто да наметнува, ниту пак државата има право на некого/некои нешто да им наметнува(поврзано со овие работи за кои се дискутира на темава) !
П.С. Незнам дали идиотот султан Р. Т. Ердоган сеуште ги држи забранети опасните YouTube и Twitter во неговиот пашалук Туркистан :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Подобро париве да си ги даеја за промоција на туризмот, него ли за некоја реклама од едукативен карактер каде шо на рокерите секојдневие им е да пијат амарето и хајнекен.
 
Последно уредено:
Не ми е саркастично.Не си анализирал добро.Јас не го осудив целокупното хип хоп движење туку изборот на овие неписмениве што одбрале баш метал и панк култура да си шират јагнешка пропаганда во која сите треба да блееме и да бидеме мирни христијанчиња,да пееме во црковен хор,хоби да ни е балет,да се жениме/мажиме точно на 25 години и да бидеме т.н примерни граѓани во едно имагинарно и апсурдно општество-парадокс само по себе.Во она малку делче што си ми го цитирал ќе забележиш дека го употребив зборот дечурлаана.Збор кој најчесто го употребуваат сите хардкор обожувачи на одреден жанр музика а овие,дечурлаанава се само фејкерчиња кои имитираат обожаватели и кои добиле за роденден случајно блуза од Мегадет или еве ако милуваш Сајпрес Хил,Ву Танг Клан,Тупак или пак по некоја случајност залутале пред излогот на сите можни квалитети кои одредена и интелегентна личност може да ги понуди и наеднаш добиле желба да бидат како неа за потоа толку лесно да ја отфрлат таа макотрпна,метаморфозна и интелектуална преобразба и да се навратат на она што биле пред тоа-празни и површни луѓе на кои нечиј живот,изградба и музички столб им бил само преодна фаза пред да станат страсни обожаватели на кафански и турбофолк песни.Лично,познавам многу такви.И верувај ми искрено ги презирам,шо нема врска со тренди луѓето кои слушаат MTV песнички денес.И MTV не е тоа што беше така да воопшто не им замерувам.
Добро погрешно сум те сфатил можеби бидејќи малце преостро го имаш напишано тој дел :D

Тука сме на иста карта +1 за муабетот, ова го зборам веќе подолго време. Со другариве од маало со кој учев во основно и некој понатака во средно сите до еден бевме рапери( ок имаше и некој металци). Уште од 11-12 години сме шетале по маало со пуштен рап на мобилка и спуштени пантолони. Оваа фаза на рапери траеше некаде до првите година две од средно. Сега пред некој ден сме седнале така пак истите од порано и ечи шабанска музика Миле Китиќ звезда на вечерта. Таков ги гледам и се прашувам каде отидоа тие деца кои специјално го шетаа цел град за да купат широки фармерки и маици за да фураат филм како нивните/нашите идоли Методмен, Редмен и остала багра. На прсти се броиме тие што продолживме да фураме исти стил. Не е дека не слушам ништо освен рап, рапот е она што претежно го слушам, но не сум како слеп за стап и само едно нешто да знам. Често слушам Џез и Рок поточно одредени сабжанрови како алтернатив рок и пост панк/рок иако не сум нешто длабоко навлезен во нив. Е сега, овие што се трансформираа во ултра мега турбофолкери не сакаат ни да слушнат за друга музика освен турбофолк, не дај боже да пуштиш некоја рап трака што ја слушале по цел ден порано. Како и да е после добра седенка у парк дали на мече или на сепаре би одел у кафана на добра жива музика. :icon_mrgr::icon_mrgr:
Во врска со MTV нема врска во друга конотација ми беше споредбата на денешната лоша рап музика со MTV.

Малце забегавме оф-топик.
 
на хладно пиво немаше тепачки ама затоа на аца лукас фалеше некој да го удават во тоа базенот.
#juststatistic
нема полошо ако нагазиш некој сељак во кафиќ, спремај ја бандата за да избегате пошо ќе те гази со бмв/голф 3ка
и @dragonsky зборот сељак не е стереотип, некултурно понашање е
 
Слушање и пеење на турбофолк е некултурно понашање. Ок.
 
Се фино лепо само се чудам како турбофолкерите се научија да пишуваат (ај за сотоните знам, треба да прочитаат некое евангелие по Лукцифер)...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom