Не е баш така. Тие луѓе не го истражуваат пазарот, туку го наметнуваат. Тие фирми имаат испланирано мода за десеттина години однапред. Денес можат да се дојдат до тенденциите за 2017 година, а можат и за 2020 ако имаш средства дебело да платиш. Од каде знаат тие што ке му треба на човекот за пет години?Драга мамо, ова се вика истражување на пазарот, и се прави отсекогаш, за да што е можно помалку утнеш у тоа шо ќе биде она шо луѓето ќе сакаат да го купуваат.
Наједноставен пример ти е некоја фирма да реши денес да продава црно бели телевизори и да квичи оти никој не сака да им ги купува. Затоа ќе си платиш маркетинг агенти или како и да се викаат, кои ќе ти завршат услуга да направат истражување за шо е она шо ќе се бара на пазаров оваа година, за да не си ги фрли фирмата парите за џабе.
Нема конспирација од светски рамки за да се продаваат лекови шо не функционираат или да ти праат вуду магија за да купуваш светли бои.
Кажи ми кој нормален неизманипулиран човек се грижи за тоа дали го има последниот модел на најпопуларниот телефон и сл.
Денес масата пати ако не е во тренд,се трошат огромни суми на средства за да купи животот на модерниот човек кој некој друг го наметнал.
Еве јас од лично искусвто зборувам, не филозофирам на памет.
Пред креирањето на секоја колекција, мојата задача беше да ги преведам тенденциите, односно со читање на едноставни текстови и гледање на слики, слушање музика... требаше да да им ја доловам мислата и поентата, да им ја пронајдам инспирацијата и коренот од каде потекнала таа мисла. Во ова истражување има многу работа, не е воопшто едноставно,затоа и постојат успешни креатори и неуспешни креатори.
Таа тенденција кажува (ова е само пример, не е буквално)``деловната жена во 2014 е самоуверена, силна, цврста...има внатрешна сила на маж, а надворешноста и е воздржана и предизвикувачка. На лицето не покажува емоции, замрзната е, бидејки 2014 година е година кога минатото и еднината се спојуваат. Современата жена е извадена од лед, во оваа година таа се одмрзува...``
а паралелно со тоа ``домакинката во 2014 година е топла. И таа е излезена од минатото,но не е пронајдена во карпа од лед. Современата домакинка е инспирирана од земјата.Таа е креатор. Во нејзиниот дом владеат топли бои преплавени од шаренило. Подсетува на ателје на некој уметник, бидејки и самата е креатор. Лицето и е скаменето,не покажува емоции. Топлината ја пренесува преку своите креации...``
И така во 2014 година, се вратија во мода плетените, ткаените материјали, крзната, ресите, везот од една страна и нежните сини и сиви нијанси украсени со интензивна розева или жолта боја која ја дава замрзнатиот цвет во карпата од лед.
Прашањето е- зошто некој друг би ни кажувал како треба да изгледаме? Зошто некој друг си земал за улога да ја замислува жената во 2014 год. уште пред десет години?
Ако пазарот се водеше според потребите на купувачите немаше да замислува и наметнува. Тенденцијата ке гласеше вака ``во 2014 година, современата деловна жена сака да биде самоуверена,силна, привлечна... Нејзе и е потебно да биде ваква, таква... Таа емоциите ги покажува на овој или оној начин... Недостатокот во минатите години го почувтвува во тоа и тоа, оваа година таа сака да го усоврши својот стил на живот преку тоа и тоа...`` На крајот се креира колекција според потребите...
Но не можам се да напишам, обемно е... дел од нештата морам да ги поедноставам до максимум за да ти ја доловам сликата. Текстот кој го напишав не објаснува се, многу е покомплицирано, но ете нека служи како мал вовед во суштината, без разлика на тоа што искрено се сомневам дека кај тебе ке има ефект.[DOUBLEPOST=1410940270][/DOUBLEPOST]@UpaDown
Еве,погледни го видеово. Создадено е со цел да ги насочи креаторите во кој правец да се движат. Ова е една од нивните замисли... Не ти треба многу анализирање, доволно е да имаш барем минимална способност да ги распознаеш симболите.
Последно уредено:
Боже сачувај! Наметнување како? Го купуваш тоа шо ти се допаѓа. Ако не ти се допаѓа, чао чао.