- Член од
- 4 октомври 2008
- Мислења
- 15
- Поени од реакции
- 1
Дали има некој - некоја информација за испит за уверение за сметководители - кога ќе има датум за полагање, цена, програма и сл. Фала
Нема да може о. сметководител да врши услуги за другото АД бидејќи не ги исполнува условите од Законот за вршење на сметководство, во кој се вели дека сметководство може да ви води о.сметководител вработен во доо/дооел со лиценца за вршење на сметководство, и несмее да има акции во АД во кое врши сметководствени услуги.Може ли некој да ми одговори на моево прашање?
Ако за акционерско друштво е потребно да се вработи овластен сметководител (со уверение)
или да ангажираат друштво за вршење на сметководствени работи дали тоа значи дека нема да може да се склучуваат договори за деловна соработка помеѓу на пр. акционерски друштва каде едното АД ќе има вработено овластен сметководител и со другото АД да склучи договор за деловна соработка за вршење на сметководствени работи со тоа што истиот овластен сметководител ќе може да ги врши сметководствените работи и за другото акционерко друштво?
Ако си колонијал да, или компанија без многу трансакции, али кога се работи за АД или поголеми ДОО(ЕЛ)и не само што не се ангажира надворешно лице, туку и се формираат цели сектори на сметководство внатре во фирмата.По исплатливо е да си ангажираш отколку да вработиш сметководител
Акции може да има ама да гласат на негов близок
Јас имам ДОО и ДООЕЛ а имам еден сметководител.Ако си колонијал да, или компанија без многу трансакции, али кога се работи за АД или поголеми ДОО(ЕЛ)и не само што не се ангажира надворешно лице, туку и се формираат цели сектори на сметководство внатре во фирмата.
Па убаво реков, поголеми ДОО и ДООЕЛ, да не навлегуваме во беспотребна дискусија, кај што имаш мала фирма јасно е дека не треба да вработиш сметководител, чим споменува АД сигурно се мисли на поголема компанија не кај што ја водат сопругот и сопругата.Јас имам ДОО и ДООЕЛ а имам еден сметководител.
Влезни-излезни ф-ри,материјални трошоци,изводи,плаќања,банки,примање-издавање-повраток на роба со сопругата ние си водиме,така се средено на книговорителот му давам само да ги прокнижи и тоа за 5к денари.За завршни му давам +3-4к денари.
Кога би запослил двајца книговодители треба да им давам плата најмалку по 12-15к денари плус осигурување за двајцата.
Ако е така треба само за нив да работам
На мојот сметководител секој месец му префрлам пари за работата што ја доработува а годишната сметка што ја прави му е пресметана во месечниот надомест.Имам сопствена фирма ДООЕЛ, не сум ДДВ обврсник, само сум јас вработен во својство на управител, немам продавница туку само седиште на куќна адреса и прометот се обавува исклучиво фактурно (влезно-излезни ф-ри) кои самиот ги водам, уредно плаќам придонеси и воглавном се занимавам со поправка на некои мали технички уреди. Минитата година ангажирав лиценциран книговодител за Годишна Пресметка. Ме интересира дали од оваа година и јас имам обврска да го плаќам книговодителот секој месец, иако практично и понатаму само еднаш годишно има ангажман?
Благодарам однапред на одвоено време за одговор.
Ако имаш знаење ќе имаш клиенти и ќе бидеш добро платена во спротивно ќе се жалиш и кукаш дека сметководството нема работа,не е профитабилно па ќе бараш субвенции од владатаJас би сакала да прашам колку се заработува од оваа професија, т.е. дали сметководителите се добро платени?