Девет Години По Загинувањето На Бранители Кај Гајре
Петок, 04 Јуни 2010
Со полагање на свежо цвеќе на споменикот на петте бранители кои трагично загинаа во воениот конфликт во 2001 та година во присуство на градоначалникот Талески и делегација на Општина Битола,политичари, семејствата на загинатите, роднини, пријатели и колеги беше одбележана 9 тата годишнина од овој немил настан кој ја потреси Битола само 40 дена по грозоморниот масакр кај Вејце.
“ После наметнатиот конфликт во РМ навистина имаше последици кои траат до денес. Најтрагично беше што имаше неколку човечки жртви , неколкуод Битола за жал.На денешен ден се случи трагичниот настан во Гајре и тоа остана како темна дамка за периодот 2001 година.Денеска сме овде во касарната да оддадеме чест, да го испочитуваме еден момент кој значеше многу за Битола.Тој трагичен настан никогаш нема да го забарават битолчани меѓутоа треба да биде поука дека младите луѓе кои ги даваат своите животи всушност ги дадоа за својата татковина, за својот народ“ вели градоначалникот на Општина Битола Владимир Талевски.
Десеттата годишнина ќе ја прославуваме на друга локација каде по решавањето на административните проблеми и изборот на локацијата ќе биде поставен Споменикот во чест на бранителите, рече градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.
“ Догодина кога се навршуваат десет години од трагичниот настан од 2001 година и затоа општина Битола зеде обврска во централното градско подрачје да се направи еден споменик за бранителите и јас сум убеден дека ќе ги завршиме сите административни работи за тоа да го реализираме.Ние веќе се подготвуваме , веќе е избрано идејно решение, разговаравме и ние и Комисијата со авторот Анѓел Коруновски и веќе сме во подготовки.Комисијата уште еднаш ќе се состане ќе направи детална анализа и ќе избере локација рече градоначалникот Владимир Талески.
Јас како бранител во 2001 година од чиста совест и граѓанска свест отидов да ја бранам нашата земја, но цената што ја плативме беше превисока за остварувањето на нечии туѓи интереси рече Ратко Петровски поранешен бранител.
Она што се лсучиво 2001 година е нелогича рбота, една пдметната војна режирана под влијание на многу меѓународни фактори.Јас како автор на книгата „Да се потсетиме да не се повтори 2001“ многу пати сум кажал дека тоа е автентична книга едно резиме на сите настани кои се случија, потсетување дека тоа не треба да се повтори , зошто Македонија нема синови кои недолжно ќе гинат за нечии интереси “ вели Ратко Петровски поранешен бранител.
Во спомен на загинатите бранители традиционално веќе неколку години се одржува спортски турнир во мал фудбал, вели Јоле Саревски раководител на одделот за одбара во Битола.
“ Секоја година екипите на РЕК Битола , Општина Новаци ,гарнизонот Кичево и СВР Битола земаат учество во овој турнир се надевам дека и годинав се ќе помине во најголем ред и спортски дух“ вели Јоле Саревски раководител на одделот за одбара во Битола.
Во конфликтот од 2001 во два наврата загинаа седуммина битолчани. На 28 април кај Вејце животот го загубија четворица припадници на МВР, а подоцна, на 5 јуни, кај Гајре, загинаа војниците Влатко Миленковски, Благојче Силјанов и Пеце Матичевски.