^Exotic^
Wanderstruck
- Член од
- 25 ноември 2007
- Мислења
- 5.969
- Поени од реакции
- 1.061
Ако мислите дека стан се купува од десетгодишна заштеда без кредит дебело се лажете. Не знам ни дали да пишувам, ама антипатијата на народот кон земање кредит за такви инвестиции е тема што била дискутирана тука на долго и на широко и просто нема што повеќе да се објаснува кога никој не може да се убеди. Кредитот не е знак на неуспех или дека државата не чини, просто тоа е средство за обезбедување имот во време кога другарот не ви е повеќе жив да ви дели станови како чоколадни бананчиња. Доколку сте финански совесни нема ништо лошо во кредит, се додека знаете да си ја пуштите раката колку што ви е долга чергата, или како и да беше таа народната.