- Член од
- 27 август 2014
- Мислења
- 87
- Поени од реакции
- 121
Во 2006-та година се заведени 22.585 живородени деца, а во во прво одделение во учебната 2010/2011 тргнале 22 илјади. Но веќе во 2007-ма година се евидентирани 22. 540 живородени деца од кои во учебната 2012/2013 се запишани 20.700 првачиња. Во 2008- ма се родени 22.945 деца, но во учебната 2014/2015 на клупа за прв пат седнаа околу 19 илјади. Ваквата разлика во бројките од над две илјади укажува на фактот дека тие деца не живеат во земјава, велат демографите.
Ако во 2.000 година во училиштата во земјава се запишале речиси 30.000 првачиња, годинава за прв пат во школските клупи седнаа околу 19 илјади деца, што значи дека во последниве 15-тина години бројката на првачиња е намалена за 10 илјади. Само во Струга од регистрираните 1.200 деца во матичната книга на родените годинава во прво одделение се запишани околу 600 деца.
Во изминативе 5 години расте и трендот на родени деца надвор од Македонија. Станува збор за една петтина од вкупниот број на родени деца во земјава чии родители одлучиле своите егзистенцијални прашања да ги решаваат во странство. Според последните податоци од матичните книги, во 2012 година се родени 4221 деца во странство што е за речиси 800 повеќе од бројката во 2009-та година.
Инаку за период од некаде 5 години наназад, од 2008 година, во странство се родени 19.113 живородени деца кои се регистрирани во нашите матични книги, врз основа на добиени изводи од нашите дипломатски конзуларни претставништва од земјата кадешто се родиле.
Извор.