
Се запишуваат затоа што низ техничките факултети има т.н "Правници", што се запишале на ФИНКИ само затоа што од дома ги терале, затоа што слушнале дека со информатика има пари-работа ...или тие од најлошата категорија е што не ни знаат зошто се запишале.
Самиот проблем е уште од првиот чекор, кога очекуваш дека курс или факултет ќе направи нешто од тебе. Колку и да звучи лошо...не е така. Курс или факултет ништо нема да направи од тебе, освен ако ти сам не направиш нешто околу тоа. Двете работи ги гледам како "место" каде што ќе можеш да добиеш основни информации за нештата, да направиш мрежа од луѓе за понатаму да можеш сам себеси да се развиваш кон тоа да станеш инженер/програмер итн.
Факултетов дава општо знаење за СЕ, за на крај да не знаеш НИШТО. Курсевите даваат знаење само за една област. за да знешто НЕШТО...ама и тука го имаш ризикот да не знаеш НИШТО
Се тоа што се учи низ факултет, па и математика не е баш нешто "real world". Се што се учи сеоднесува со шаблонски задачи, што се повторуваат секоја година, Математика решаваат задачи без да знаат зошто и каков проблем решаваат, битно научиле формули и комбинации на памет па само "имплементираат"..
Многу луѓе знам што од прва година научиле да размислуваат програмерски и веќе толку, факултетов не е никаков предизвик или извор на знаење, без проблем пукаат 10ки...дури и за моменти е "downgrade" на знаење, во средно пишувале комплексни програми со Java, C#, ..користеле напредни IDE и алатки..и тука доаѓа за прва година да пишува со Code Blocks и црта диаграми за контрола на тек.
И јас сум студент и знам како е низ факултетиве, исто така повеќе од 1 година знам како е и во индустрија со реално искуство на сериозни проекти...и можам да кажам дека до сега од книги, интернет и реално искуство за 1 година научив и направив многу повеќе одколку тие 2-3 години на ФИНКИ.
пс: Ако почнувате од -1 тогаш да факултете е многу подобар избор,, но ако веќе знаете да програмриате и имате знаење за тоа како работат компјутерите..тогаш препорачувам курсеви (online или акамедии итн ).