Кога се продава веќе разработен сајт, најважно е да бидат изнесени статистики за бројот на посетители на страната и просечна месечна заработка (доколку ја има). Никого не го интересира колку си платил за домен или хостинг.
Alexa ранкот во случајов не е ама ич релевантен, не знам зошто сте се фатиле за ранкот. Ранкот е креиран спрема бројот на посетители на страната. Арно ама, не е се така розево.
- сајт кој не е сертифициран од Alexa, ги брои само посетителите кои имаат инсталирано Alexa Toolbar. Пр. ако страната има 5000 посетители, и од нив само 10 луѓе имаат инсталирано Alexa Toolbar во својот прелистувач, тогаш Alexa при креирање на ранкот ги брои само тие 10 посетители. Процентот на интернет корисници кои имаат инсталирано ваков Toolbar е помалку од 1%. Македоноциве колку имаат инсталирано да не правиме муабет...
- доколку сајтот е сертифициран (за ова се плаќа месечна претплата од $10), се бројат сите посетители. Доколку имаш 5000, сите 5000 се бројат и придонесуваат при креирање на ранкот.
Сајтов од дечково не е сертифициран од Alexa, така да, ранкот во случајов не е воопшто релевантен при креирање на продажната цена. Дечково треба да ни приложи веродостојни статистики за бројот на посетители, а не да ни кажува колку платил за домен и хостинг.
Еве на пр. сајтот од Филе моментално има
ранк 139. Сајтот НЕ е верифициран. Филе моментално од реклами зема околу 1000+ евра неделно. Еве ценовник:
http://derbi.mk/index.php/marketing
Ако сајтот од дечково има ранк 150 (како што кажа самиот) во периоди кога е активен, тогаш голема е веројатноста да има сличен број на посети како сајтот од Филе. Доколку е така, тогаш 500 евра за сајтот е смешна сума. Комотно може неделно по толку да ги вади. Е сеа што не знае како да го искористи тоа и да го монетизира сајтот, тоа е друга работа.