Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Мислам дека не му намерата да разбере. Но за оние што сакаат и ја следат темата, овој вовед од книгата на законот е добра основа:@Ipsissimus , не не, не те разбира @thorse пак
Треба повеќе од една реченица извадок од нашите книги... вака ќе се збунат уште поеќе![]()
II. Унивезрумот
Оваа Книга го објаснува универзумот.
Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу как Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).
Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда“, т.е. збир на таквите искуства, кои постојано се менуваат со секој нов настан, и коишто влијаат врз него или неа свесно или несвесно.
Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство.
Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести за себе.
На нашето сегашно ниво, објектот што ти го гледаш никогаш не е истиот како оној што јас го гледам; ние заклучуваме дека тој е ист, затоа што твоето искуство се совпаѓа со моето во толку многу точки што фактичките разлики во нашето набљудување се занемарливи. На пример, ако некој пријател оди меѓу нас, ти ја гледаш неговата лева страна, а јас десната, но ние се сложуваме дека тоа е истиот човек, иако можеме да се разликуваме не само според тоа што можеме да видиме од неговото тело, туку и по тоа што знаеме за неговите квалитети. Таа убеденост за идентичноста станува посилна колку почесто го гледаме и подобро го запознаваме.
Сепак, за тоа време никој од нас не може ништо да дознае за него, без оглед на целосниот впечаток што го остава на нашите умови.
Горенаведеното е крајно груб обид да се објасни системот којшто ги ускладува сите постоечки школи на филозофијата.