Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
ако почнува на 31ви тогаш ждрепката би требало да е веќе направена!?
Господ знае кога почнува лигата :D
Играчиве не знаат точно, ама тренеров им најавил дека на 31 август ќе почнела лигата.
Уште пред некој месец мислам дека збореше дека ждребката ќе била на крај на јули, е сега дали се одржала ждребката или не, врска немам...[DOUBLEPOST=1408117865][/DOUBLEPOST]EDIT: Сега гледам еден играч на ФК Драчево пишал дека прво коло ќе биде Драчево-Славија :D

Не знам колку е вистина :)[DOUBLEPOST=1408129581][/DOUBLEPOST]@Harry Potter денес се распрашав поубаво и дефинитивно е направена ждребката.
Првите три кола ни се:
Драчево гости
Беса дома
Кадино гости

Лигата почнува на 31 август!
 
Последно уредено:

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
со Гоблен играте во 6. коло:

1. Maxhari - Goblen
2. Goblen - Lubanci
3. Ilinden - Goblen
4. Goblen - Besa
5. Rashtak - Goblen
6. Slavija - Goblen
7. Goblen - Shkendija
8. Fortuna - Goblen
9. Goblen - Dracevo
10. Kadino - Goblen
11. Goblen - Lokomotiva
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Вчера падна и Гоблен на пријателски меч во Пржино :D
Јака утакмица падна, не личеше ни најмалку на пријателска :icon_mrgr:
Тепавме со 2-1, стрелци Муфтаровски и Наковски...

Задоволителна игра досега, ќе видиме како ќе иде во првенството. Сепак Гоблен се фаворити за прво место...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
1 коло Драчево-Славија
2 коло Славија-Беса
3 коло Кадино-Славија
4 коло Славија-Раштак
5 коло Локомотива-Славија
6 коло Славија-Гоблен
7 коло Маџари-Славија
8 коло Славија-Шкендија Арачиново
9 коло Љубанци-Славија
10 коло Славија-Фортуна
11 коло Илинден-Славија


Од сегашен аспект очекувам на домашен терен да тепаме 4 меча од 5, само со Гоблен очекувам пораз пошто претпоставувам ќе се борат за прво место.
Со Кадино и Дрчаево ако земеме бар еден бод од двете средби ќе биде добро.
Очекувам пораз од Љубанци. Маџари и Локомотива ми се енигма, не знам што состави ќе имаат, ама со вакви екипи секогаш добро минуваме. Очекувам некој бод со нив, а во Илинден одиме по изненадување и 3 бода :P
Мој тип е 17 бода на полусезона или скор 5 2 4 :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Драчево-Славија 1-1 :icon_mrgr:
Прв бод на гости, нешто на што не бевме навикнати пред две сезони :icon_mrgr:
Изгубени два бода според зборовите на тие што го гледале мечот. Драчево повеле со 1-0, а Славија израмнила преку Наковски.
Во текот на мечот сме утнале 4-5 зицери преку Рајков, Арсовски и Стојанов.
Драчевчани изиграле доста прљаво, така да се знае што ги чека тука :icon_mrgr:
Секогаш е слатко кога ќе се земе бод во Драчево, пошто знаеме дека кај Бецко ако не платиш ретко се освојуваат бодови.

За овој меч имавме многу повредени и суспендирани играчи, така да допрва ќе се види силата на составот.

Наредна утакмица дома со Беса, меч од кој сите очекуваат три бода :icon_mrgr:
 
Член од
10 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
3
Драчево-Славија 1-1 :icon_mrgr:
Прв бод на гости, нешто на што не бевме навикнати пред две сезони :icon_mrgr:
Изгубени два бода според зборовите на тие што го гледале мечот. Драчево повеле со 1-0, а Славија израмнила преку Наковски.
Во текот на мечот сме утнале 4-5 зицери преку Рајков, Арсовски и Стојанов.
Драчевчани изиграле доста прљаво, така да се знае што ги чека тука :icon_mrgr:
Секогаш е слатко кога ќе се земе бод во Драчево, пошто знаеме дека кај Бецко ако не платиш ретко се освојуваат бодови.

За овој меч имавме многу повредени и суспендирани играчи, така да допрва ќе се види силата на составот.

Наредна утакмица дома со Беса, меч од кој сите очекуваат три бода :icon_mrgr:
7-8 зицера , а дечките одиграа фер и коректен натпревар , не палете џабе :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Кадир Амза уште е во тимот?
Ми најави дека не планира да игра сезонава ама не сум сигурен :D

Славија ќе има тим и во четврта лига, веројатно ќе игра рекреативно за вториот тим :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Славија со уште неколку нови играчи ќе ја пречека Беса во сабота од 16 и 30.
Се состави солиден тим, така да може да се каже дека има шанси да се избори опстанок :icon_mrgr:
Мада најавите од управата на клубот се атак на првите три позиции :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Славија-Беса 1-0 :D
Голема победа, во меч кој помина во бескомпромисна битка.
Се очекуваше малце попријателски односи, ама на крај се претвори во доста борбен меч.
Славија без неколку стандардни поединци, со комбиниран состав беше доминантен противник и заслужено стигна до трите бодови.
Судењето :facepalm::facepalm::facepalm:
Стварно не знам што да се каже, зошто вакво судење добива Славија.
Судијата 4 пати крена НЕПОСТОЕЧКИ офсајди, кога наши играчи излетуваа во 100% шанси.
Не знаење правила или страв во коски кој ги знае. Тренерот ни беше избркан на трибините уште по 15 минути игра :icon_mrgr:
Судиите беа Кумановци, и судеа со екипата од Кумановскиот регион.
Идиоти тешки, место да судат против брајчата, они уште малце да влезеа во игра и гол да ни дадеа :LOL:
Мада повеќе мислам дека немаа врска од судење, колку што стварно имаа намера да не оштетат.
На трибините беше многу поинтересно отколку на теренот.
Падна доста вербални дуели со помошникот :icon_mrgr:
@Drettica имате ли во навивачка група некој што суди во трета лига фудбал? :D
Го провоцирав нешто за Кумани и се врти ми вика годинава Куманово зима титулу :icon_mrgr:
Му викам нека земе бе, и кога наредна акција не оштетува, го заколнав дека ради таа одлука нема да земете титула во баскет :icon_mrgr:
Пет минути му пцујам се по список, после си правиме муабет :pos::pos::pos:
Млад е, не знае уште како треба да се суди во трета лига :нинџ:

За играта на теренот, имаше многу борба, но не многу шанси.
Беса имаше само една шанса на крајот, кога ја утнаа исполегнаа сите на терен да се клањаат. Си го игравме курот и со голманот. Сто години има типот, генерација на татко ми :icon_mrgr:
Славија со неколку шанси, со одлична игра во одбраната особено од капитенот Синадиновски и од бекот Костадинов :icon_mrgr:
Голот беше дело на Даре, играч од средината кој одлично пласираше една одбиена топка од работ на шеснаесетникот.
Беса изненади со добра игра, иако немаа многу шанси, имаат некои подобри играчи од порано, солидна екипа составиле.
Славија сигурно ќе тепаше повеќе, да не беа легендарните судии, кои спречија минимум уште 2 гола.
Дигна офсајд лудакот, иако играч на Беса ја врати топката назад до наш играч кој беше пред голманот :vozbud: За пасивен офсајд не слушнал, за на крај на 1-0, да крене офсајд што ни самиот не знае од каде го ископа.
Овие зажустреа со играта кога почнаа да губат, ама нормално картони нема. Ама затоа Славија заработи 2-3 :vozbud:

Одиме по бодови и во Кадино наредно коло :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332

Kajgana Shop

На врв Bottom