Економски факултет- Штип

  • Креатор на темата AFI
  • Време на започнување
Член од
28 јули 2014
Мислења
25
Поени од реакции
0
Имам семинарска на тема „Современи концепти на М - трговија“.
Планирам да напишам нешто за MobiPay, Paypal, може ли материјал да добијам во врска со овие теми и нешто општо за М - трговија, или ако има некој готова семинарска би било супер, итно ми е, немам многу време.
Благодарам однапред :)
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.028
Поени од реакции
7.130
Де некој поупатен имаме проблеми со оценки не ги стават професорите на време што ќе се случи ако га ставе после завршетокот на уписнио рок на 15 а сме го полагале таа сесија и ни треба за услов ?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Де некој поупатен имаме проблеми со оценки не ги стават професорите на време што ќе се случи ако га ставе после завршетокот на уписнио рок на 15 а сме го полагале таа сесија и ни треба за услов ?
Доколку ви треба услов, еден претставник, а може и двајца нека појдат до кај тој и тој професор и нека интервенираат што поскоро, бидејќи доколку не ви ги стават оцените до определениот рок за оценување (кој никој од студентите не го знае, oсвен ако професорот не ти даде инфо), автоматски добивате оцена 5 и тој предмет сте го паднале и треба да го преполагате.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.028
Поени од реакции
7.130
Доколку ви треба услов, еден претставник, а може и двајца нека појдат до кај тој и тој професор и нека интервенираат што поскоро, бидејќи доколку не ви ги стават оцените до определениот рок за оценување (кој никој од студентите не го знае, oсвен ако професорот не ти даде инфо), автоматски добивате оцена 5 и тој предмет сте го паднале и треба да го преполагате.
Многу фала за одговорт иначе тоа за оцената нема врска знам од лично искуство а тоа ме занимаше дали може претставник да оди кај тој и тој професот.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Многу фала за одговорт иначе тоа за оцената нема врска знам од лично искуство а тоа ме занимаше дали може претставник да оди кај тој и тој професот.
Кој професор ве кочи? Круме ли? :)
 
Член од
15 октомври 2013
Мислења
22
Поени од реакции
1
Колеги ајде малку помош околку изборните предмети Економија на јавен сектор и Надворешна трговија. Кои професори предаваат, кој е полесен предмет, што и како е на испит...?
 
Член од
14 април 2013
Мислења
15
Поени од реакции
0
Дали има некој прашања кој што се паѓаат на колоквиумите по предметот маркетинг истражување кој го предава професорот Ристе Темјановски за трета година на економскиот фак во Штип. Фала однапред.
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
2
Прашања Јавни Финансии од Габер за прв колоквиум има ?
Само на раскажување се тие....
ПРВА ГРУПА:
1.Стабилизациона функција ?
2.Карактеристики на јавни приходи ?
3.Формула на флексибилност ?
4 Даночна основа ?


ВТОРА ГРУПА:
1.Индексирање на данокот ?
2.Даночни олеснувања ?
3.Методи на вградени стабилизатори ?
4.Даночни прогресии ?
 
Член од
23 март 2012
Мислења
34
Поени од реакции
35
Здраво колеги.
Сакам да ве прашам дали знаете што отприлика се паѓа на прв колоквиум Математика1, ако знаете отприлика. Кои се задачите на кои највеќе треба да се посвети внимание? Фала.
 

Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Здраво колеги.
Сакам да ве прашам дали знаете што отприлика се паѓа на прв колоквиум Математика1, ако знаете отприлика. Кои се задачите на кои највеќе треба да се посвети внимание? Фала.
Принцип на математичка индукција со к+1, задача со биномна формула, равенки со апсолутна вредност, артиметича или геометриска прогресија, задачи кај шо имаш |an-a|, задачи со бројот е, парност и непарност на ф-јата, и лимеси. Ова се дел од задачите а беше опфатен речиси целиот материјал со тие на заокружување.
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
2
Дали има некој прашања по Анализа на финансиски извештаи-АФИ од Оливера ?
ANLIZA PRASANJA

1.Pokozateli za obrt na PB
2.Prinos na sredstva
3.Tekovna likvidnost i brza likvidnost,
4.Pokazateli za neto-profitna marza
,5.Obrt na vkupni sredstva
, 6.Izvor na finansiski informacii
7. Vidovi na ceni,
8.Horizontalna analiza,
9.Sto pretstavuvaat finansiski pokazateli,
10.Metod eliminacija-izolacija,
11.Interna i eksterna analiza,
12.Zaklucok i analiza sto sodrzi
13.Gotovinski priliv i odliv na finansiski aktivnosti
14.Karakteristiki na informacii (verodostojnost, relevantnost)
15.Zadaci na finansiska analiza,
16.Osnovni metodi,
17.Vrednuvane na pokazateli vo BS (princip i ceni)
18.ANALIZA NA PF,
19.Finansiska racio analiza[DOUBLEPOST=1414690916][/DOUBLEPOST]
Дали има некој прашања по Анализа на финансиски извештаи-АФИ од Оливера ?
ПРАШАЊА ПО АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ЗАВРШЕН-ВТОРА ГРУПА

1.Показатели за пазарна вредност?
2.Финансиски левериџ?
3.Форми на подредување на ставките во Билансот на состојба?
4.Принципи на реализација,конзерватизам,објективност?
5.Анализа на сопствен капитал?
ПРАШАЊА ПО АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ЗАВРШЕН-ПРВА ГРУПА

1.Објасни ги двата методи кај Билансот на успех?
2.Објасни за оперативен левериџ?
3.Поим за финансиски извештаи и објасни кои се тие посебни и општи цели?
4.Објасни за принципот на спротиставување,принципот на конзистентност и принципот на историски трошоци?
5.Објасни за рентабилноста?[DOUBLEPOST=1414690967][/DOUBLEPOST]
Дали има некој прашања по Анализа на финансиски извештаи-АФИ од Оливера ?
ПРАШАЊА ПО АФИ ЗА II КОЛОКВИУМ

НА ЗАОКРУЖУВАЊЕ:
1.Максимизирање на профит
2.Видови активности
3.Класификации на постојани средства
4.Амортизација
5.Финансиските средств(финансиска актива)се јавува во облик на
6.Видови показатели
7.Видови вредности
8.Што е тоа ROA,а што е ROE
9.Како се добива дивидентната стапка
10.Кои се тие оперативни перформанси

НА ДОПОЛНУВАЊЕ
1.Нето реализирана вредност за побарувања од купувачите
2.Рентабилност
3.Финансиски левериџ
4.Преломна точка
5.Готовински тек

НА РАСКАЖУВАЊЕ:
1.Хоризонтална анализа
2.Извештај за парични текови
3.Du pont анализа
4.Залихи
5.Ликвидноста[DOUBLEPOST=1414691115][/DOUBLEPOST]
Принцип на математичка индукција со к+1, задача со биномна формула, равенки со апсолутна вредност, артиметича или геометриска прогресија, задачи кај шо имаш |an-a|, задачи со бројот е, парност и непарност на ф-јата, и лимеси. Ова се дел од задачите а беше опфатен речиси целиот материјал со тие на заокружување.
Здраво колеги.
Сакам да ве прашам дали знаете што отприлика се паѓа на прв колоквиум Математика1, ако знаете отприлика. Кои се задачите на кои највеќе треба да се посвети внимание? Фала.
ГРУПА 1
1.Правото на примање рента се стекнува врз основа на претходно вложени средства.Ако капиталот потребен за исплата на рентата се внесува наеднаш, тогаштој се нарекува миза, а ако поптребниот капитал се внесува по делови, тогашодделните делови ги нарекуваме премии.
2.Тие се разликуваат со тоа што последователните исплати се членови на геометриска прогресија со прв член R и количник q.
3.Одговоро е под В
4.Декурзивна рента која се прима на крајот на периодот и антиципативна која се прима на почетокот
5.Амортизационите заеми се отплаќаат на:
Заемот да се отплати со еден износ, а каматата да се пресметува и
плаќа за секој временски период.
Заемот да се отплати со еден износ во кој е пресметана и сложената
каматна стапка за периодот од одобрувањето до отплаќањето на
заемот.
Заемот да се отплати со повеќе еднакви или различни суми во еднакви
или различни временски интервали и пресметувањето на каматата за
секоја сума да се врши одделно.
- Заемот да се отплати со повеќе еднакви или различни износи, кои се
менуваат според некое правило и се на еднакви временски интервали.
6. Должничко – доверителниот договор за заем, покрај остатнатото треба да
ги содржи следниве елементи:
- сумата на заемот
- времето и начин на исполнување на обврските на доверителот
- редовната каматна стапка;
- почетокот на отплаќање на заемот и должината на отплатување на заемот;
- начинот на отплаќање на заемот;
- обезбедување на вредноста на заемот од инфлација итн.
7. Под амортизирање на заем се подразбира негово постепено отплаќање според однапред утврден план.
8.Домашни или странски,јавни или приватни банкарски и небанкарски.
9.Ажио е поим кој се користи кога пазарната вредност на акцијата е поголема од нејзината вредност при нивната емисија
10. Каде што уплатата на мизата се врши по пат на премии ги нарекуваме ренти откупени со премии.
11.Консолидација е спојување на повеќе заеми во еден,со цел да се упрости обемот на сметководствените работи.

ГРУПА 2
Декурзивна рента која се прима на крајот на периодот и антиципативна која се прима на почетокот
Тие се разликуваат со тоа што последователните исплати се членови на артметичка прогресија со прв член R и разлика d.
На празната црта првото е премија а на втората црта рента откупена со премии.
Лични заеми се даваат без гаранција врз основа на доверба,а реални заеми се даваат врз основа на некое соодветно покритие.
Ануитет е износ кој се плаќа на еднакви временски интервали за намалување на заемот а се состои од дел со кој се плаќа интервал и дел по кој се намалува заемот
Конверзија на заем е промена на услови под кои се амортизира заемот како што се каматната стапка времето на амортизацијата и слично.
На празната црта треба декурзивно пресметување
Доживотна рента е онаа каде што лицето ја плаќа до крајот на неговиот живот.
Периодични влогови се оние кои се вложуваат во еднакви интервали за одреден број периоди
Рента е сума која едното лице ја прима во еднакви интервали
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2014
Мислења
33
Поени од реакции
3
Колеги , да не знаете некои од задачите за прв колоквиум по УПРАВУВАЧКО СМЕТКОВОДСТВО , шо се биле лани на колоквиум ... И сакам да ве прашам дали се истите од апликацијата или ги менат бројките.. Имате ле нешто забележано , запишано од лани.. Фала :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom