Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Минатата година не знаевме што не снајде на турава, се заледивме од ветер и снег...
Темава е мислам вистинското место за информација како оваа:
Македонската алпинистичка федерација ги поканува сите свои членови на традиционалниот меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“, кој ќе се одржи за време на викендот 10-ти/11-ти мај во кањонот Матка.
Во исто време МАФ упатува и јавен повик до сите заинтересирани (планинари, рекреативци...) коисамо сакаат да пробаат да качуваат, кои сакаат да почнат да работат алпинизам, кои сакаат да научат да бидат самостојни и безбедни во планините и да ги научат алпинистичките техники од искусни алпинисти и инструктори, дека во текот на овој Меморијал, на 11-ти мај (Недела), МАФ ќе организира „отворен ден“ во текот на кој сите заинтересирани ќе добијат соодветно основно запознавање со алпинистичката опрема и основните техники на качување на карпа, а потоа ќе можат да продолжат со алпинистичка обука во еден од алпинистичките клубови, членови на МАФ.
Официјалниот почеток на програмите ќе биде во 8 часот наутро на 10-ти и 11-ти мај, во дворот на манастирот Св. Никола. Отворениот ден ќе започне во 10 часот на 11-ти мај.
Така да кој сака да проба качување на карпа, нека повели во недела 11 мај во 10 часот.
....би сакал да присуствувам.....но во исто време е и Скопскиот Маратон каде што сум волонтер
често се случува да нема никакви случувања и активности (спортски, културни, музички), а потоа во ист термин на неколку различни локации да се случуваат настани...па човек мора да одбере каде да отиде и да жали што не може да отиде на останатите
Ништо посебно, ако си ги знаете планините немате гајле...Занимавам се со аматерско планинарење,најчесно организација со 2-3 другари и правиме искачување на некој врв,а понекогаш одиме и со некое планинарско друштво на некојја акција.Немам членска книшка од планинарско друштво, па ме интересира што поволности или предности би имал ако извадам? (освен печатите од секоја официјална планинарска тура што е заведена во федерација на планинари).
Јас имам од трета средно изведено, ми земаа 200д. еднаш ми заверија тура преку пл. друштво ,,Серта'' и толку. После тој пат уште 3-4 пати се имам качувано, повеќе школски тури, и што? Ништо. Мислам за џабе ја извадив. Ниту имаш нешто плус, ниту пак те сметаат како нешто плус. Можеби и не сум се заинтересриал повеќе за тоа што ми следува, дали само обични известувања кога и каде ќе има тура, или пак нешто повеќе. Мој предлог е да не се замараш за книшка, ако си одиш рекреативно, немај си гајле.Занимавам се со аматерско планинарење,најчесно организација со 2-3 другари и правиме искачување на некој врв,а понекогаш одиме и со некое планинарско друштво на некојја акција.Немам членска книшка од планинарско друштво, па ме интересира што поволности или предности би имал ако извадам? (освен печатите од секоја официјална планинарска тура што е заведена во федерација на планинари).
Ќе одам најверојатно, со уште 4-5 душиИде некој на Кораб сега на 7-ми? Гледам на yr.no прогнозираат дожд.