Manhattan

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
20.276
Поени од реакции
35.695
Manhattan: or How I Learned to Start Worrying and Love the Bomb :))))))))

8DhU26F.jpg

Мојот последен гилти плежр. Ми го врати чувството да чекам со нетрпение нова епизода секоја недела во овој сушен период, серии-wise. Имено, оваа нова квалитетна драма е втор проект на релативно нова и непозната телевизиска куќа WGN Аmerica, која полека но сигурно се пројавува како сериозен конкурент. Се надевам ќе добие гледаност, чисто да ја продолжат со уште некоја сезона.

Доста автентично доловена сепиа атмосфера со боите и деталите од таа ера, доста интриги и клифхенгери, квалитетна глума и екранизирање (колку-толку, не е или нема да остане историски точна) борбата за првата нуклеарна бомба! Дејствието се одвива во изолирано место во Њу Мексико 1943 каде се собрани сите најдобри умови на генерацијата со нивните фамилии во тајност да работат на (после) проектот Менхетен за создавање бомба која ќе не само што ќе им ја добие војната, туку и сите следни.

Има излезено 5 епизоди, па да не ја збориме во општи, овде може сите нови епизоди, новости и слично..
Од мене имате препорака! (y)

 
Пуштив 2 епизоди не ми беше нешто посебно, имаше еден филм сличен со оваков муабет па ми беше клише целата сторија. :/

Anyway, вреди да се даде шанса на серијата може ќе привлече гледаност па да извадат повеќе сезони.
 
Мене ми е супер серијата. Мислев дека ќе биде досадна ама има доволно интриги и динамика а и ликовите ми се супер.

п.с
Untitled.jpg
 
Серијава ме потсеќа на LOST и Dharma проектот, иако двата филма се со целосно различна содржина. :)
 
Можеби нема да напуниме 100+ страни или да ја збориме по 10 години но серијава е интересна за гледање. Да не знаев ќе мислев дека е на HBO.

Приказната не е нова, одработена е во други филмови предходно но ми се допаѓа атмосферата и начинот на кој ни се сервира овој пат. Ликовите се просечни но неколку се издвојуваат. Морам да кажам дека John Benjamin Hickey, кој глуми еден од главните ликови, за мене е вистинско откритие. Не го познавам од предходно но пријатно сум изненаден од неговиот перформанс, на грб ја носи серијава заедно со жена му. Не, не ја носи на грб жена му.

Ќе ја следам оваа заедно со The Leftovers која исто така е квалитетна и интересна. Ги прекинувам Extant и cheesy fest-от The Strain.

Штета што нема да го добие потребниот маркетинг хајп па ќе помине под радар за многу љубители на серии. Од мене има препорака!
 
Серијата почнав да ја гледам по препорака на некој тука од форумот и не зажалив. Квалитетно направена, со ликови кои допрва очекувам да се развиваат во интересни насоки. И самата приказна ме фасцинира иако не е историски точна создава некоја атмосфера на напнатост и исчекување. Ептен се поврзав со ликот на Frank Winter, несфатен гениј кој наидува на препреки да ја оствари својата идеја за содавање на бомба која ќе ги спречи сите наредни војни и ќе спаси милиони животи и е спремен да направи се за да успее. Од мене има огромна препорака серијата и се надевам нема да ја зезнат во епизодите што доаѓаат.
 
Можеби критиките што беа наменети за True Detective имаа влијание и тука. Женските ликови се сосема добро обработени со оглед на околината и периодот и не служат само за трачеви. Ботаничарката е многу битен лик, а исто така и милионерката.
 
Последната епизода, најслаба до сега
 
Последната епизода, најслаба до сега

6-та па мене ми беше баш добра. Покажаа фрагмент и од другата страна. Ми створи некоја анксиозност, се најдов навивајќи да побрзаат Френк & co. :3
И 7-ма не ми беше лоша, неверојатно уживам во серијата, ок at the time being ко да не се дешава многу, ама има опак character development. Обраќаат многу внимание и на споредните ликови и идат по мој вкус, сега за сега. Неможе да се мери со новите ongoing серии, кој рејтингот им зависи колку дешавки или какви клифхенгери имало епизодата. Али with that pace, барем 3-4 сезони да идат. :/
 
Али with that pace, барем 3-4 сезони да идат. :/
Лимитирана е со временски период мислам дека околу 700 денови пишуваше во првата епизода дека остануваат додека да се направи бомбата така што доколку сакаат да ја направат повеќе сезони ќе треба ептен да ја развлечат со периферни работи.

И јас ја гледам ама не е тоа тоа баш, почетните епизоди беа супер сега цела епизода посветена на љубовни драми не им беше потребна. Ако си гледал Newsroom знаеш за што зборам. Од одлична драма со феноменален главен лик се претвори во романса од очајни размери во типот на сексот и градот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Па во секој филм има љубовни драми. Без нив филмов би бил како некој документарец.
Според мене, и седмата епизода беше една од подобрите, а четвртата (со Бор) најслаба. :)

Инаку, на колку време испаѓа нова епизода?
 
Мислам дека серијава навистина станува се’ поинтересна, посебно со крајот на осмата епизода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom