Метеофеминизам

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.546
Метеофеминизмот е философско-идеолошка фракција на атеофеминизмот кој вирее во исклучително тешки метеоролошко-климатски услови. Метеофеминизмот ги има истите основни постулати како и атеофеминизмот (веќе детално образложени на подфорумот „Религија“ на истоимената тема).

Сепак, за разлика од атеофеминизмот, метеофеминизмот се прилагодува на климатските зони, климаксните фази, како и на релативниот интензитет на менструалниот циклус и неговиот флукс по единица волумен. Така, во науката се познати предклимактеричен метеофеминизам (преметеоклимакс) , климактеричен метеофеминизам (климафеминизам) и постклимактеричен метеофеминизам (постметеоклимакс). За разликите и особеностите на овие три типа метеофеминизам ќе следи дополнителен текст.

Во последно време замав зема и неометеофеминизмот кој конечно ги напушта мејнстрим постулатите на атеофеминизмот, конкретно, дека машкиот атеизам ( т.е., атеомаскулинизмот) е компатибилен со метеофеминистичката идеологија. Оттука натаму неометеофеминизмот се смета за сосем независна философско-идеолошка доктрина која се стреми за целосно ослободување на жената во космосот. Неометеофеминизмот се бори за формирање гиноуниверзум во кој ќе се изврши сеопфатен и конечен реванш кон било каква пројава на биосоциолошки маскулинитет.
 
Последно уредено:

A dali meteofeministkite se odgovorni za klimatskite promeni na planetava?:vozbud:
 
Дали овие движења опфаќаат синхронизација на менструалните циклуси на планетата? И ако да, дали светот страда од колективен ПМС еднаш месечно?
 
Дали проектот ХАРП е некој вид на подолга антена, преку која ќе се синхронизираат низ цела планета (временски и географски матки) со цел создавање на некоја бесконечна кинетичка енергија?
 
Баба ми беше елитен член на оваа задруга. Кај неа беше изразито вртењето на колена кога се менуваше времето и тмурните облаци ритуалистички ги поздравуваше со изгорен ручек.
 
Баба ми беше елитен член на оваа задруга. Кај неа беше изразито вртењето на колена кога се менуваше времето и тмурните облаци ритуалистички ги поздравуваше со изгорен ручек.
Вртењето колена и болки во коските воопшто се типични за остео(пато)феминизмот. Тоа е специфичен тип на метеофеминизам за чие објаснување би била потребна посебна тема и анализа. Иначе, остеофеминизмот е еден од најстарите еманации на феминизмот воопшто, цврсто етаблиран уште во ерата на палеофеминизмот.
 
Се си мислам дека тоа е болест на мрзливост. Како пијана мачка која несмасно се прикрадува низ сокаците барајќи глувци и голуби оваа болест ги зафаќа и младите жени. Се почесто се Пе-Ем-Ес-ираат, глумат нервоза и слично. Потребни се јадри, цврсти жени како агрофеминистките кои не се плашат да се вратат
дома со кал на пачавиците од дните минати садејќи и нижејќи тутун.

За денешните девојки, тие од големото добро утро како што милуваме да ги нарекуваме тука во Габревци тим од политиколози и социолози развија посебна гранка на атеофеминизмот наречена неоскоефеминизам. Неоскоефеминизмот всушност претставува кованица, фузија на двете стари, квалитетни школи, СКОЈ-Феминизам и Кумровачка-Лидерска Школа.
 
Имам прашање на темава.

Зошто претставницичките од палеофеминизмот оделе на протести за и тие да изучуваат школо, кога тогаш воопшто ни не постоеле училишта, просветителишта и предавални? Или сепак постоеле?
 
Значи во денешницава што се човек нема да види и чуе. Треба да постои од сега и сериофеминизам..., ако ја пропушти епизодата од Карадај, очите ќе ти ги ископа:)

Во однос на темата......, оние кои се метеопати нормално е да имаат појава на омалаксаност, мачнина, мамурлак...., како резултат на промената на времето.
Жените пред и за време на менструалниот циклус, како и жените за време на климаксот познато е дека имаат лошо расположение, нервоза.... која се појавува како резултат на она што се случува во организмот.
За сето ова најдобро е да ни објасни некој доктор.

Ама ова америчкиве ствари, од типот феминизам преку глава ми се:)
 
Секогаш е интересно кога можеме да посведочиме за појава и развој на одредени филозофски учења и идеолошки правци, односно да добиеме нови, важни сознанија за она што не` опкружува сите нас.

Би се осмелил да констатирам дека овој филозофски правец кај нас има немал број поклонички, се` уште не го добил своето одамна заслужено место во науката, а и имам впечаток дека клерошовинистичката научна јавност намерно го избегнува.
Нема магистерски и докторски трудови, ниту пак некаков проект поддржан од владата.
Но се` се менува. Можеби метеофеминистичкиот поглед на светот ќе преовладее, па наскоро ќе има бројни проучувања од оваа област, а зошто да не, и Институт за метеофеминистички истражувања.

Би сакал на напоменам и за (а)гравидофеминизмот, односно гравидниот феминизам, како своевидна подгрупа на неометеофеменизмот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom