gianlucadimarzio.com - Во наредните часови е закажан состанок помеѓу Сабатини и агентот на Баланта. Колумбијанецот, заедно со Баша и Кирикеш, е кандидат за комплетирање на одбраната на Рома.[DOUBLEPOST=1409077668][/DOUBLEPOST]Манолас
[DOUBLEPOST=1409080029][/DOUBLEPOST]Ете другари, ни отиде најдобриот дефанзивец
Го оштети тимот вака пред почетокот на сезоната на секој можен начин. Прво ја наруши атмосферата во тимот, играч кој е незадоволен секогаш штети на целата околина околу него. Направи во цела управа да постои голема доза на нервоза, самиот Руди пред некој ден рече дека не го загржува натпреварот со Фиорентина, туку трансфер пазарот. Бенатија направи да на 5 дена пред почеток на првенството незнаеме со кои стопери ќе играме оваа сезона.
Сега, тука мала кривица има и управата. Прво, она бламирање на Сабатини пред месец дена, сега се надевам ќе го прашат дали ја продаде појаката нога на Бенатија за 31мил или зеде само 30мил за послабата
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
. Со изјавата и денешната продажба ја наруши репутацијата и кредибилитето на клубот, но секако и мароканскиот циган многу не извиси, посебно неговиот агент кој е алчно копиле.
Сепак ова ќе биде памет за друг пат, се надевам цела управа ја научи лекцијата, па во иднина ќе знаат како со новонастанатите "ѕвезди" кои ќе посакаат трансфер и поголеми плати
Како и да ја вртиш ипак, Рома е во голем ќар, Бенатија е купен за некои 11мил. а продаден за скоро 30мил и тоа за само една сезона каде си заработи плата од 1.2мил евра
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Секако Бенатија ни беше најдобар дефанзивец, но има тука и други фактори кои влијаеа на добрата одбрана минатата сезона. Најпрвин тоа е целиот систем и тактика кои ги практикува Гарсија. Лани и кога го немаше Бенатија, Рома победуваше без примен гол, а доколку се некој сеќава на тие утакмици секогаш го фалев Кастан, пред утакмица велев дека ми страв што го нема Бенатија, но после утакмица секогаш пишував дека кога Мехди не е на терен, Кастан ја презима неговата улога и се понаша баш во стилот на Мехди. Реков јас, системот на Гарсија ги прави дефанзивците(во клуб кој тој го тренира) да изгледаат така добро,сигурно и моќно. Лил мислам дека втора година по ред има најдобра одбрана во Франција, а оваа година покрај Баерн и Рома, една од најдобрите во Европа, тоа е тој "Руди Гарсија фактор".
Клубовите на Гарсија играат така добро во одбрана бидејќи целиот дефанзивен ред има помош од двајцата средњаци(во нашиот случај Де Роси и Стротман, Пјанич се користи во пресинг во офанзива) и крилата. Значи шпицот и третиот средњак која ја игра улогата на креативец и офанзивец не се толку приморани да се враќаат, но затоа деструктивецот не смее да мрдне напред, а крилата се секогаш спремни да истрчаат назад во одбрана.
Кога си замина Маркињос а дојде Бенатија сите жалевме, никој не веруваше дека мароканецот ќе изигра барем приближно на бразилецот. Сега зимаме ултра талентиран централен бек, кој за негови години веќе има и одлично искуство во ЛШ, а притоа после многу години ќе имаме и 4-ти асален централен бек, мислам на новото појачање кое следува овие денови, Рома одамна немала 4-ри добри дефанзивци.
Сега на почеток ќе биде малку лошо. ќе го нема ни Стротман до октомври, неговиот фактор на средината на теренот во дефанзива и офанзива никој не може да го замени, не велам дека Раџа не е добар, Раџа е одличен, НО Стротман е ворлдклас
Мене толку не ме загрижува одбраната колку нападот, останавме на Дестро како единствен шпиц(Бориело не го сметам за жив). Лупнавме пари на млад ултра телент, кој несомнено има огромни квалитети, но сепак го чека на некој начин процес на адаптација(се надевам што е можно пократок), можеби оваа не изгледа како некој јак фактор, но доколку оваа година претендираш на титула, немаш многу време и кредити за киксови ради неуиграна одбрана и некомплетното адаптирање на Итурбе во нападот.
Друга работа која ме загрижува е Мајкон, човекот тераше цело лето одмор, пред некој ден започна со тренинзи, се сеќавам и лани дојде поправен летото, истиот случај е и сега, има некое килце вишок. Но разликата од лани е што тогаш имаше мотивација повеќе, Светското Првенство, а сега ?? Титула со Рома на залес на кариерата? Па кога ќе ни текне дека негова замена е само Торосидис
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
На левата страна е Ешли Кол, прва година во тимот е, ќе игра ЛШ и заедно со неговиот "непријател" од премиер лигата ќеи маат некој мотив да освојат уште некоја титула, зборам за Евра.
Што е тука е,главни фаворити за Скудетото не сме, а претенденти за титула ДА. Единствена работа која ни оди во прилог за разлика од лани е заминувањето на Конте и доаѓањето на Алегри во Јувентус.