Фала за објаснувањето.
Мора некои многу опасни комбајни да се користат во Русија чим имаат способност целосно да уништат цел батаљон.
Еве и видео од комбајн aftermath-от
Ни Раша Тудеј не се доволно забегани да ја тераат прикаската со комбајните.
можеби се трактори можеби се комбајни можеби се тенкови можеби се и слонови.. од сликата презентирана не се добива никаква информација, камо ли да се користи како доказ против Русија.
Како што кажав Американците имаат толку развиена висока технологија што новите сателититски слики имаат резолуција и до 20
сантиметри (дури верувам и повеќе, за некоја година ќе можат да прават и препознавање на лице преку сателит) Годишниот буџет на
National Geospatial-Intelligence Agency (
NGA) им е 5 милијарди долари. Американците знаат се што се случува во Украина и на нејзините граници. Тоа е факт. Ги знаат кои и каде се бунтовниците, колку се, веројатно и што оружја имаат. Зошто Американците не им даваат инфо на Украинците никој неможе да ти каже (Сноуден проба нешто, ама сега животот му виси на конец).Паралелено на нив и Русите ги имаат истите информации за украинците.
Тоа што Американците објавиле слика со резолуција како Гугл Мапс со наводни објекти со дополнително објаснување дека се руска артилерија , докажува дека апсолутно не се случува ништо такво. Да имаше стварно Руска артилерија, ќе објавеа слики каде што се гледа и серискиот број на топот и ќе испратеа дронови да испитаат подетално.
Очајно пробуваат да ги најдат тие руски војници во Доњецк и Луганс. Толку очајно што платените репортери прават статии за непостоечки рововски битки меѓу русите и украинците.
Ако стварно постоеа руски војници во доњецк и луганс досега ЦНН и ББЦ ќе ги објавеа дури и нивните имиња, наместо да се занимаваат со ќерките на Путин.
ако толку му веруваш на американците тогаш зошто не се запрашаш,
Во 1962 со U-2 авионите кои летаат на 21 км висина, со апаратите кои сликаат АНАЛОГНИ слики и тоа додека авионот се ДВИЖИ и пробува да им избега на советските радари инсталирани во Куба и советските мигови. За на крај да може од земените фотографии да препознаат вистински советски ракети, а денес со сета развиена технологија, со секакви сателити со врвни сензори и пак да неможат да најдат доказ за руски тенкови во Украина. Потоа користат слика која јас можам да најдам на дигитал глобе (секако ако си платам) со резолуција како гугл мапс и прикажува неколку објекти подредени по ред и како демек тоа е руска артилерија?
Јас не им верувам. Никој не им поверува, дури и почнаа да се зафркаваат со таа слика. На таа слика ни премиерот на украина и верува. Таа само му служи на премиерот да ја префрли кривицата на Руските за огромните загуби на Украинците.
Можеби и стварно ги гаѓале, а Амеканците знаат, но зошто не објавуваат ништо сериозно?