Производи со "изненадување"

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако ве види Грујо дека му праите анти-ХАСАП пропаганда...:icon_lol:
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Последно "изненадување" имав вчера вечерта коа у јогурт пронајдов пајак голем или скакулец. Не можам да го дефинирам:mad:
Јогуртот беше на Макмилк литарско пакување. Добро шо беше сипан во стаклена чаша па му ги видовме нозете и мислевме дека е влакно. Коа тоа да ти била недефинирана животиња.


Шо направи ти!? Изгледа си магнет за вакви изненадувања :)
--- надополнето: 21 ноември 2013 во 03:09 ---
Последно "изненадување" имав вчера вечерта коа у јогурт пронајдов пајак голем или скакулец. Не можам да го дефинирам:mad:
Јогуртот беше на Макмилк литарско пакување. Добро шо беше сипан во стаклена чаша па му ги видовме нозете и мислевме дека е влакно. Коа тоа да ти била недефинирана животиња.


Шо направи ти!? Изгледа си магнет за вакви изненадувања :)
--- надополнето: 21 ноември 2013 во 03:20 ---
Инаку да ви кажам јас како производител можам да ви кажам како изгледа работата од спротивната страна :) Во секој процес на производство можат да се случат грешки, е сега колку тие грешки се ненамерни или намерни кој може да знае и колку од тие ненамерните можеле да се спречат е сосема друг муабет. На пример во секоја фирма за производство на храна, дератизација и дезинсекција е обавезна работа. Сепак тоа остава простор да влезе во комбинација некое пајаче или некоја мува. Лично јас имам на повеќе пати во суровина(брашно) увезена од Грција најдено влакна. Значи вреќа брашно со неколку влакна внатре. Е сега ако човек не ги отвори очите влакната ќе завршат во неговиот производ. Кој е тука крив? Кај влакната во производство можеш што сакаш да направиш, да им наредиш на сите да носат капи и бели мантили и верувајте ми-некое влакно ќе се протне до производот.

За брашното на пример од првата слика не можам да видам какви се бубачките што ги нашле, меѓутоа верувале или не во брашното(со тек на времето) се појавуваат црвчиња кои се хранат од брашното и подоцна се претвараат во пеперутки. Тие не се страшни ниту отровни, меѓутоа е неубава работа за очи. Доколку кесата негде се дупнала тие навлегуваат внатре и се размножуваат.

Инаку имам слушнато многу случаи за вработени кои незадоволни од газдите подметнуваат секакви работи.

А за тоа со теглата мармалад со бубашваби внатре :) па и згора на се од Подравка не можам вака да поверувам тие тегли се затворени и пастеризирани
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
На твитер ми излезе ова. Тоа заокруженото треба да биде некој летачки инсект, иако не се гледа добро.

 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
И молците не се појке то шо беа...не ода појке на алишта, во пакетчиња од смоки одат....
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
161
Поени од реакции
176
Денес добив "супер" изненадување. Скоро цела година купував свежи пилешки колбаси од добро позната месарница, каде квалитетот им беше екстра. Незнам дали е од невнимание, или зголемена потрошувачка, ми излезе цело парче кокошкина кожа со мали пердуви.
Другарка ми има најдено глава од врапче во смоки, од тие со играчки внатре.
За време на средношколските денови имам пронајдено околу 10-тина влакна во локалните сендвичари.
Во бугарска алва скршен нокт.
Во макарони црви.
А најјако ми било досега, брат ми си купи палто (пред 3-4год) и во внатрешниот џеб амбалажа од Дурекс :D
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Сум наоѓала додатоци и тоа повеќе пати, но најчесто во леб. Туку сакав нешто друго да прашам како реагирате кога ќе најдете некој додаток во домашно приготвена храна на гости. Сите готвиме, внимаваме, но може а се случи некогаш да налетате на некое влакно, хартија, мушама и слично. Мене нај пресна случка ми е од пред некој ден. Бевме кај кумовето на гости, имаше марула салата ама не беше добро измиена т.е. имаше остатоци од земја. Се послужив јас и нешто ми скрцка меѓу забите, сватив дека е земја и ми стана некако нелагодно. Ама јас не сум јас ако не дадам коментар и реков на кумата друг пат подобро да ја измие. И падна незгодно ама јас си кажав. Не велам дека не може, може да се случе секому да отиде некој не посакуван додаток ама треба да се внимава. И мене нема да ми биде сеедно некој да ми даде таков коментар, но критика сепак треба да прифатеме и нареден пат повеќе да се внимава.
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Здраво дечки ,
Ми се случило најчудното нешто во хранава и сеуште се чудам како е возможно да преживеат ларви во испржен стек(голема температура) , стекот претходно беше замрзнат и е од фирмата Sadia. Изедов окулу 100г можеби и повише и на последниот залак забележав како се движат 3 ЛАРВИ, исто и во останатите стекови кои беа веќе испржени забележивме најмалку 20 други ларви... Сакам да ве известам да престанете да купувате СТЕК замрзнат од Sadia (фирма која е најголем производител на замрзнати пилешки производи - Бразил) , и внимавајте што јадете оти како што знаете инспекциите за храна секогаш спијат и делуваат само на повик, редовните контроли и стандардите за храна се катастрофа.

Нека ја преместат темава модераторите доколку не е на соодветно место
 

Kajgana Shop

На врв Bottom