Прашања до Атеистите II

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
ова е нешто што ме нервира кај атеистите (ова доваѓа од атеист), што ти сега рече е 100% точно, но исто така 100% сум сигурна дека си хипокрит. Кажувате како религиозните имаат многу примитивни мислења (што е точно), но сигурна сум дека дури и ти си рекол нешто расистичко, мизогено, хомофобично итн во твојот живот, и тоа откако си постанал атеист. Ова е единствената причина зошто не се деклалирам како атеист (а сигурно не сум единствената), не сакам да бидам асоцирана со такви.
А ти што направи бе девојко? Истото кое го критикуваш го направи сега. Во некои специјални атеисти си? Ти се изјаснила или не ако не веруваш во богови таа си, атеист-ка. Друга работа што не го ни разбра постот и каде жити се во него виде навреди, расизми, хомофобии и што ти не? Ти тоа од искуство знаеш откако си станала атеист дека си ги навредувала луѓето или...?
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
ова е нешто што ме нервира кај атеистите (ова доваѓа од атеист), што ти сега рече е 100% точно, но исто така 100% сум сигурна дека си хипокрит. Кажувате како религиозните имаат многу примитивни мислења (што е точно), но сигурна сум дека дури и ти си рекол нешто расистичко, мизогено, хомофобично итн во твојот живот, и тоа откако си постанал атеист. Ова е единствената причина зошто не се деклалирам како атеист (а сигурно не сум единствената), не сакам да бидам асоцирана со такви.
Јака ти е ептен причинава.
Најдобро ти е никогаш во животот да не се декларираш никако, за да не те асоцираат со луѓе што не ти се по ќеиф.

И кај го најде баш Ипсисимус за расизам, хомофобија и мизогинија да го обвиниш стварно не ми е јасно.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97

незнам ништо за Ипсисимус, реков дека имам видено премногу атеисти такви, и затоа не би била изменадена дури и он да е таков. Различно е кога атеист е таков, голем дел од религиите се расистички/хомофобични/мизогени на некој начин така да не е шокантно кога религиозните луѓе се такви, но затоа очекував подобро од атеистите и бев разочарана, не реков дека сите се такви, едноставно што според горе наведеното, не би требало воопшто да постојат но ги има премногу.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
незнам ништо за Ипсисимус, реков дека имам видено премногу атеисти такви, и затоа не би била изменадена дури и он да е таков. Различно е кога атеист е таков, голем дел од религиите се расистички/хомофобични/мизогени на некој начин така да не е шокантно кога религиозните луѓе се такви, но затоа очекував подобро од атеистите и бев разочарана, не реков дека сите се такви, едноставно што според горе наведеното, не би требало воопшто да постојат но ги има премногу.
А зошто тебе воопшто ти е битно какви се другите атеисти?
Просто е, ако не веруваш во бог или богови, тогаш си атеист, а какви се останатите атеисти е тотално небитно.
Мене ми е сеедно како ти ќе се декларираш, само ти кажувам дека е дебилно да не веруваш во бог, а да не се декларираш како атеист од страв да не те поврзеле со некои си хомофобични атеисти.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97
А зошто тебе воопшто ти е битно какви се другите атеисти?
Просто е, ако не веруваш во бог или богови, тогаш си атеист, а какви се останатите атеисти е тотално небитно.
Мене ми е сеедно како ти ќе се декларираш, само ти кажувам дека е дебилно да не веруваш во бог, а да не се декларираш како атеист од страв да не те поврзеле со некои си хомофобични атеисти.
не е “од страв да не ме поврзат со хомофобични атеисти“. На пример има еден познат атеист, кој е мизоген и сл, и сега ако јас се декларирам како атеист, ќе сум отворено во иста група на луѓе како и него (атеисти). Не сакам вакви заостанати идиоти да помислат дека ги подржувам во нивните глупости. Побрзо би застанала на страната на муслиманка отколку на мизоген расистички атеист е што сакам да кажам. И не сакам поради тоа што исто така сум атеист како нив да помислат поинаку.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

А дали сите атеисти слушаат турбо фолк? Или има атеисти што слушаат и рок? Дали тие што слушаат Рок, не треба да бидат атеисти за да не ги поврзуваат со фолкери?
 
споредуваш рок/турбофолк со мизогинија, расизам, хомофобија итн.. Сериозен си? Очигледно не е исто. Не терај ме да постирам примери, не би излегло добро за тебе (и атеистите генерално) бидејќи религиозните би го корисиле против тебе, па после ќе разбереш што сакам да кажам.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
споредуваш рок/турбофолк со мизогинија, расизам, хомофобија итн.. Сериозен си? Очигледно не е исто. Не терај ме да постирам примери, не би излегло добро за тебе (и атеистите генерално) бидејќи религиозните би го корисиле против тебе, па после ќе разбереш што сакам да кажам.
Не ја гледаш поентата, примерот е небитен, како што нема поврзаност помеѓу музичките вкусови, така нема ни помеѓу интелектуалноста, либералноста и слично. Атеист е едноставно човек што не верува во теистички концепт на богови - толку. Се останато е индивидуална карактеристика на личноста која нема врска со останатите атеисти.
 
Pro Femmina

Профеминче
Член од
7 мај 2014
Мислења
116
Поени од реакции
133
Многу од атеистите се мажи со сексистички погледи кон светот. Тоа не ми пречи мене да се декларирам како атеистка, бидејќи сум ослободена од предрасудите. Ми пречи тоа што поимот атеист кои што е во машки род се употребува за жени . Андродаира не може да биде атеист, туку атеистка. Атеизмот мора да почитува полова еднаквост! Жените несмеат да се нарекуваат атеисти, туку атеистки.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
не е “од страв да не ме поврзат со хомофобични атеисти“. На пример има еден познат атеист, кој е мизоген и сл, и сега ако јас се декларирам како атеист, ќе сум отворено во иста група на луѓе како и него (атеисти). Не сакам вакви заостанати идиоти да помислат дека ги подржувам во нивните глупости. Побрзо би застанала на страната на муслиманка отколку на мизоген расистички атеист е што сакам да кажам. И не сакам поради тоа што исто така сум атеист како нив да помислат поинаку.
Не сакаш да се декларираш како атеист затоа што имало атеист со мизогини ставови и автоматски сите ќе помислеле дека и ти имаш такви ставови? :facepalm:

Ја не знам дали ти уопште сфаќаш колку е дебилно ова што го кажа.
Тоа што некој атеист е шовинист нема ама баш никаква логичка поврзаност со неговиот атеизам, тој не е шовинист заради атеизмот, туку заради други причини кои немаат допирни точки со тоа.
Атеизмот не пропагира мизогинија, атеизмот едноставно тврди дека не постојат богови,
единствено што е заедничко за сите атеисти е неверувањето во богови, ништо више, а понатаму какви ставови ќе има рандом атеист за жените или за хомосексуалците си е негова работа и тие негови ставови во никој случај не го отсликуваат мислењето на останатите атеисти.
 
леле стварно ли? /сарказам
Кажи им го тоа на религиозните, јас веќе се согласувам со тебе. Веќе реков дека не зборам само за мизогинија и сл., станува збор за тоа како религиозните мислат дека се поморални од нас.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Види атеизмот нема баш никакви точки со она што ти го напиша. Не завзема никаков став кон правата на жените, хомосексуалците, црнците, индијанците и шо ти знам јас. Наједноставно атеист си ако не веруваш дека постои бог/богови. Останатите лични ставови на човекот се баш тоа. Лични, индивидуални, негови. Толку. Може да биде трансџендер црнец со кур од 20 цм со докторат во поморска биологија и мизантроп и во исто време да не верува во господ. Првичните карактеристики не го прават атеист. Последната го прави.
 
веќе реков дека се согласувам, кажи им го тоа на религиозните кои немаат аргументи што ја подржуваат нивната митологија па затоа ќе не дискредитираат користејќи стереотипи и што друго...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.287
Поени од реакции
12.279
@Pro Femmina , у контекст на текстот ќе се знае дали некој е женски или машки атеист :) Исто како во англискиот, што е ова? Панаѓур?

Од друга страна „атеистка“ некако е премногу благ назив за некој неверник што се декларира за атеист - според религиозните!

Кога некој ќе ти рече: доста ма, атеистко не звучи така строго како: де ај затвори си ја устата, атеисту!

Атеизмот нема ништо со твојата чудна борба, ти сигурно не си запознала сеуште вистински жени кои јас ги знам, затоа вака со вакви изјави... :)
 
D

Daedalus

Гостин
Ама така е. Ја на пример не би се декларирал како белец, не дај Боже да ме поврзат со такви како Чарлс Менсон. И сеа @Ipsissimus немој ни да помислиш да ми дадеш некој шкљ пример ко „Дали ти и Ристо Самарџиев сте исто сексипилни пошто и двајцата сте Македонци?“
Овде за сериски убиец се зборува, не за некојси сексипил, ок?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom