Битола

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Sto treba da napravis za da bides kul vo Bitola? :helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Лелелелелеле, сирењто у Буреееееее... :nesvest:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Sto treba da napravis za da bides kul vo Bitola? :helou:
Да помогнеш да го зачуваш културното наследство


Современата урбанизација на Битола безмилосно ја уништува традиционалната градска архитектура. Како резултат на негрижата за богатото културно наследство во Битола исчезнуваат многу објекти, комплекси и урбанистички целини.

Од мапата на старата градска архитектура досега исчезнаа повеќе од сто стари куќи со специфична градба, а денес едвај опстојуваат триесет, од кои само седум се заштитени како споменици на културата.

- Културниот идентитет не се купува со пари. А оние што сакаат да направат пари се немилосрдни кон богатото културно наследство. Ним повеќе им се исплати на местото каде што се наоѓа стара куќа да изградат модерна градба. За жал, не се криви само тие, и државата не покажува елементарен интерес за заштита на старата битолска куќа. Досега беа дадени пари само за реконструкција на покривот на една од куќите, и тоа е единствениот објект каде што е интервенирано. Сите други пропаѓаат и тоа е навистина жално - вели Викторија Момева Алтипармакова, етнолог на Битолскиот завод и музеј, која прави очајнички обиди за спас на недвижното културно наследство.

Дваесет години заедно со неколку етнолози и архитекти Алтипармакова грижливо собирала фотографии од старите битолски куќи со специфична архитектура, кои деновиве се изложени во битолска „Магаза“.

- Изложбата и публикацијата за старата битолска куќа се единствени од ваков вид и го промовираат фолклорното културно наследство. На изложбата се прикажани 20 објекти, иако имам материјал за многу повеќе од тоа, но бев ограничена со време и простор. Изложбата е крик упатен кон сопствениците на овие објекти, архитектите, но и државата, да го зачуваме она што останало од непроценливото богатство во Битола - вели Момева- Алтипармаковска.

Деновиве додека изложбата ја испраќа пораката до сите што можат да помогнат, во битолското централно подрачје со земја се срамнети два објекта со карактеристична битолска архитектура. Уништени се живи сведоци на начинот на кој се живеело во 19 и почетокот на 20 век, карактеристични битолски куќи со низок покрив со ќерамиди, длабока стреа, ерекери, голем број прозорци, најчесто бојадисани со бела боја.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Треба да бидиш ропак, кабадаја и цаур е тогаш дури си нај кул :)
Не, треба да бидиш селанец, гној, `рчпал и бричко најголем.
После то иди кабадаја, ропак и нормално цаур.
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Не, треба да бидиш селанец, гној, `рчпал и бричко најголем.
После то иди кабадаја, ропак и нормално цаур.
Секој 3 во Битолата е таков, значи Битола е најкул град, ако се суди по луѓето :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom