Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Да да заборавив да го споменам тој податок :D Црвен доби пошто судијава константно судеше против нас и сакаше да влезе да го исчука :icon_mrgr: На крај сите слават, Иле Мурињо се залета да го тепа судијата :icon_mrgr: Нема простување, ќе дојде тоа педерот да суди кај нас од идна година :свиркам:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Денес од 5 и 30 ќе се одигра пријателска меѓу новите третолигаши, Славија и Љубанци во Пржино.
Како најава за мундијалот :icon_mrgr:

Со овој меч се затвора оваа сезона :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Пораз од Љубанци во Пржино со 3-4, во меч во кој беа испробани сите играчи. И на двете страни фалеа по некои играчи, плус и двете страни испробуваа некои нови играчи.
Во Славија Наковски продолжи да ги тресе мрежите, како брз воз си ги прелетуваше одбранбените играчи на Љубанци.
Он го отвори резултатот, откако доби топка од Костадинов по крило, одлично влезе во шеснаесетник и погоди од мртов агол.
Љубанци веднаш израмни по еден хаос во нашиот шеснаесетник.
Наковски погоди за 2-1, а Љубанци потоа постигнаа прекрасен гол од далеку за 2-2.
Откако се испосменија повеќето играчи кај нас и помлади Пржинци влегоа во одбраната, се остави повеќе простор за игра за гостите. По една убава акција поведоа со 2-3, па младиот Трпевски израмни на 3-3, за после неколку минути Љубанци одново да погодат за 3-4.

Беа испробани три нови играчи покрај второтимците кои ретко добиваа шанса досега. Едниот ги има поминато младинските погони на Работнички, ама од тогаш не играл фудбал :D Другиот не го знам и не ми остави никаков впечаток, а третиот иако утна цел фудбал на метро од гол и празен гол, сепак се гледа дека има некакво знаење во него, па може да помогне идна година :)

Шумарите навиваа и на овој меч, овојпат во најголем број досега :icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
ССК Нова-Славија 1-3 (Амза, Рајков 2)
Славија-Титан 3-0 (Рајков, Арсовски, Трајанов)
Цементарница-Славија 2-3 (Рајков 2, Арсовски)
ССК Младинец-Славија 1-3 (Гажевски 2, Амза)
Славија-Текстилец 3-0 службено (прекината на 1-0 , за Славија погоди Мандаров)
Вардар 1975-Славија 0-1 (Неделковски)
Славија-Ново Лисиче 3-2 (Даиловски 2, Неделковски)

Славија-ССК Нова 3-2 (Трпковски, Даиловски, Гажевски)
Титан-Славија 4-5 (Трпковски 2, Даиловски, Гажевски 2)
Славија-ССК Младинец 4-1 (Гажевски 2, Апостоловиќ, Рајков)
Текстилец-Славија 0-3 службено (домаќините не се појавија на теренот)
Славија-Вардар 1975 2-3 (Рајков 2)
Ново Лисиче-Славија 3-0 службено

Баражи:
Славија-Влазними 6-2 (Наковски 3, Амза 2, еден автогол)
Славија-Лепенец 1-1 (4-2 на пенали за Славија) (Костадинов)

Во регуларната сезона на 13 мечеви Славија забележа 11 победи и 2 порази откако веќе беше решен шампионот. Освоени се 33 бода од можни 39 со гол разлика 36-19!
На домашен терен на 6 меча имаме 5 победи и 1 пораз со гол разлика 18-8!
На гости на 7 меча имаме 6 победи и 1 пораз со гол ралика 18-11!

Заедно со мечевите од баражот гол разликата е 43-22 :D

Стрелци: Рајков 8, Гажевски 7, Даиловски 4, Амза 4, Трпковски 3, Наковски 3, Арсовски 2, Неделковски 2, Трајанов 1, Костадинов 1, Мандаров 1, Апостоловиќ 1


Подготовките за следнава сезона стартуваат на 5 август :D
 
Член од
10 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
3
Рајков најдобар стрелец :) па тој што не требаше тој го даде само :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Славија во силно темпо ги почна подготовките и веќе одигра три пријателски во пресрет на новата сезона :D

Малце касневме со стартот на тренинзите, ама затоа сега играчиве секој ден тренираат :icon_mrgr:
После два тренинзи одма изигравме пријателска со Љубанци кои тренирале од средина на јули :icon_mrgr:
Добар тим имаат склопено Љубанци, така да очекувам меѓу нив и Гоблен да се води битката за втора лига. Кадино има јак тим истотака, само не знам дали имаат амбиции.
Љубанци имаат земено еден екстра напаѓач за лигава, крупен, а брз ко Болт :icon_mrgr:
Попара не направи...
Се засилиле со неколку играчи на Ново Лисиче и Лепенец, можам да кажам дека скоро цела екипа им е сменета.
Сепак не беа којзнае колку подобри од нас, на крај резултатот беше 3-3.
Имаме неколку нови играчи, ама не знам точно како се викаат :icon_mrgr:
Имаме засилување на средината од теренот од Пиратите, Муфтаровски, засилување од Тиквеш (бил и капитен на неговата генерација според некои Кавадарчани од форумов кои го познаваат :D), Стојанов кој игра напаѓач или десно крило кај нас, Дувњак кој лани играше во Локомотива и уште 3-4 засилувања кои не ги познавам баш :icon_mrgr:
Тука е и повратникот Арсовски на голманската позиција, со што се зголемува бројот на локални играчи во составот :icon_mrgr:
Како и секоја година, на тренинзите има по 30 играчи, после тоа на крај на сезона едвај се крпи екипа :pos:
Од ланскиот состав сите играчи се тука...

Со Љубанци стрелци беа Наковски, Рајков и Трпевски, сите играчи од ланскиот тим, од кои последниот се очекува да биде предводник на втората екипа која би требало да игра во ОФС Кисела Вода :icon_mrgr:

Втората пријателска беше со првиот состав на Скопје, кој не прегази со оглед на тоа што се длабоко влезени во тренажен процес, а и сезоната им е почната. Резултатот на крајот беше 4-0.

Третата пријателска ја донесе првата победа. Падна Фортуна во Пржино со 3-1.
Ако ова е составот на Фортуна за оваа сезона, можам да кажам дека ќе бидат доста слаби. Ама не верувам дека ова ќе им бидат играчите, нема шанси толку млад тим да имаат :D Плус мислам и неколку Македонци имаа во екипата, нешто што прв пат го гледам во нивната екипа од кога знам за мене :icon_mrgr: Стрелци за Славија беа Гажевски, Стојанов со голот првенец и Каевски кој е од лани во нашата екипа...

Во недела играме со Гоблен, па да оцениме до каде сме :D

Според мене, тешка ќе биде битката за опстанок и мислам дека токму ние ќе бидеме тие што ќе испаднат од лигава :icon_mrgr:
Не се знае Маџари и Локомотива со какви екипи ќе играат. Маџари најверојатно со младинци ќе играле, па може тука е шансата... За Локомотива немам никакво инфо. Они и онака најчесто играат со младинци кои им доаѓаат од некоја од прволигашките тимови, а такви состави тешко се снаоѓаат во трета лига. Сепак ќе видиме, да не зборам пред рака :D
Шкендија Арачиново претпоставувам не се ни почнати со тренинзи, ама они и да не се почнати, на домашен терен не губат бодови, така да... :icon_mrgr:
@Џонтра Волта откри ни некоја тајна за Илинден? До каде сте? Ќе се бориме ли за опстанок сезонава? :icon_mrgr:
И Драчево претпоставувам ќе имаат добар тим, додека шансата ја гледам против Раштак :icon_mrgr:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не знам што ќе праиме ние, јас сум повреден, пред 2-3 недели играле на тој општинскиот турнир кај нас, изгубиле од Марино во полуфинале.
Минатата недела игравме со Кадино, бев ги гледав, не плеснаа 4-0.
Добри се они, најверојатно ќе им игра Десниќ пак, лани играше за Шкупи во втора лига, имаат и еден босанец напред Бишевац. Имаат јака екипа ама амбиции слабо.

Ние неделаава почнавме со тренинзи, уште нема нови играчи а потребни ни се како леб. :D
Најверојатно ќе се земат некои на позајмица од Еуромилк и Маџари.

Лигава почнува на 12ти Септември мислам, не знам коа ќе има влечење, ама слушнав дека увеле многу лош закон, 7 у21 играчи мора да има у состав од кои 5 стартери. :facepalm:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Кај нас се врти муабет дека на 31 август почнува лигата...
Има нов закон според кој мора да има 5 играчи У-21 во било кој дел од времето.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
6.563
Кај нас се врти муабет дека на 31 август почнува лигата...
Има нов закон според кој мора да има 5 играчи У-21 во било кој дел од времето.
Како кавадарчанецот? Задоволи ли? :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Како кавадарчанецот? Задоволи ли? :D
Задоволува на првите мечеви, лета дечкото :icon_mrgr:
Со оглед на тоа дека ни требаат играчи У-21, сигурно ќе игра во првата постава.
Само изгледа уште не знае каков фудбал се игра во трета лига, тешко дека ќе го остават да ги прескокнува кога прават клизачи како на пријателскиве :icon_mrgr:
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
Кај нас се врти муабет дека на 31 август почнува лигата...
Има нов закон според кој мора да има 5 играчи У-21 во било кој дел од времето.
ако почнува на 31ви тогаш ждрепката би требало да е веќе направена!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom