Дали се исплати да завршиш факултет

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.244
Поени од реакции
22.913
Најмакедонска работа е ако имаш факултет, мед и млеко ќе ти биде животот... Ако трчаш по штабови или ако имаат твоите врски за да те вработат отполсе тогаш одма иди студирај, а ако немаш ништо од ова џабе ќе трошиш време, пари, нерви.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Секако дека се исплати да имаш факултет. Ако ме тука, во странство. Ама факултет завршено со учење, не со прашања, скриптичиња и после зелка бил, епа ќе биде.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Најмакедонска работа е ако имаш факултет, мед и млеко ќе ти биде животот... Ако трчаш по штабови или ако имаат твоите врски за да те вработат отполсе тогаш одма иди студирај, а ако немаш ништо од ова џабе ќе трошиш време, пари, нерви.
Taka e, ako imas koj da te nacuka vo javna administracija ili kaj drzavnite monopolisti ondak itekako se isplakja diploma. Nema plata ispod 30.000 i toa za lezenje. Inaku nasava diploma kakva saka neka e realno nitu za toalet papir ne vredi ni tuka a uste pomalku vo stranstvo. Mozebi za nekoj ekim ili medicinska sestra, a drugoto samo za ukras na zidot. Baska 90% od taze diplomite se od opstestveni nauki i se stancaat kako da se vizitki. Bez mnogu zaebancii moze i da si kupis edna diplomicka za 5-7.000 evra vo zavisnost na koj *khm* univerzitet.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Секако дека да. Факултет се завршува на 23-4 години, а тоа е ништо.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Можеби само Медицински и нешто поврзано со тоа, пошо мислам дека на таков факултет со дремење и врски неможеш да добиеш диплома туку само со учење.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Како дечко што ги фатил и двете насоки ќе напишам нешто кратко.

27 години сум и треба да одбранам дипломска за 1-2 недели т.е да дипломирам на информатика. Кога завршив средно се запишав во Скопје на ПМФ, Институт за информатика. Но бидејќи сум дупка математика, а таму од 10 предмети во прва година, сигурно 6-7 беа математики. Приватните часови беа/се скапи во Скопје, а наредната година се отвори УГД во Штип и решив да се вратам дома.

Факултетот ми е 4 години, а се запишав 2007. Тие 3 години кои ми се дупка во студирањето - работев. За тие три години положив максимум 4-5 испити. Не дека не може паралелно да се студира и работи, ама подруго е кога секој месец ти капе паричка и факултетот малце (повеќе) го ставаш на страна. Но бидна како што бидна, останав без работа и за 6-7 месеци положив 8 испити.

Дефинитивно во државата има многу повеќе предност ако имаш факултет, отколку да немаш. Да не зборам за странство, мојата диплома знам дека е призната во Америка (една колешка од факултет работи како асистент на еден колеџ во Њу Јорк). Не само за државна работа, и приватњаците бараат со факултет (ова не е толку изразено во повеќе области, меѓу кои и информатика).

Другата страна од паричката е што имам роднина во Англија која откако заврши средно (медицинско) тука, отиде во Англија како бебиситерка т.е почна од нула. Fast forward 15 години и сега зема минимум 7000 фунти месечно во болница каде работи како менаџерка/шефица на едно одделение. Си дозволува одмори во Куба, Мексико и тн тн. Ми има кажано дека гимназија не признавале таму, ама со средно медицинско мислам дека доположи она по некој испит (колку да се вклопи во тие стандарди) пред да ја примат во болницата, што значи во странство голема улога има и кој вид на средно образование го имаш од Македонија.

Сума сумарум - во Македонија со оглед на цената на студирање и со изборот на факултети треба да е глупост да не се запишеш на факултет и да го завршиш. Нема никаква логика да дремеш со средно, освен ако ептен немате пари по дома за студирање или си мрза за учење и не те бива. Тоа оправдување со штабовите не дека не е точно, ама го даваат истите оние фаци што не им се учи и сакаат да си го ладат пенисот/вагината. Точно дека во администрација се примаат партиски, ама од лично искуство знам дека сите тие дечки имаат факултет, зборам за во Штип. Колку е нивното знаење е друг муабет, но факултет си е факултет отсекогаш.[DOUBLEPOST=1408101051][/DOUBLEPOST]
Додека работев (со средно) во еден кабелски оператор, за 5 месеци грубо израчунато имам заработено 70 000 денари. Што е скоро 1500 долари. Кажи ми кој да се срами сега, не да се пуваш на форумов како да си го фатил Господ за брада. Па за 5 месеца со плата од 200 евра се заработуваат 1000 евра, твоите 1100 долара фрли ги на буниште. Немој да се улетуваш вака, не се бламирај како тоа ние сме клошари, ти си цар на интернет. Намали со капс-локот и кој треба да се срами, си заработил 50000 за 5 месеца. Ништо посебно ни за 17 години.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Можеби само Медицински и нешто поврзано со тоа, пошо мислам дека на таков факултет со дремење и врски неможеш да добиеш диплома туку само со учење.
Да, така е на УКИМ (само за таму знам за таму зборам) , освен ако не си дете на професор па да те прошлепаат, ќе мораш да учиш. Иначе за во Македонија се помалце се исплати да се заврши тој факултет зошто медицинската професија во Македонија е направена од гомно подоле :) медицински, учење јазик и патот странство.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Нормално дека се исплаќа ама ако си отишол да научиш а не само колку да го имаш. Ако си ја знаеш работата ако не тука во странство секако ќе најдеш работа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Прашајте ги тие со 9.8 просек што работат во Телекабел дали им се исплати дипломата. Земаат иста плата со некој што едвај завршил средно. :D
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Абе кажете си едноставно дека не ви се учи. :icon_lol:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Зависи. Се исплати, ама ако истовремено и учиш и работиш. Поважно е да имаш пари.
Јас еве немам завршено факултет, имам завршено средно, вработен сум и не се жалам. Има пари за живеачка:)
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Прво да се дефинира што би значело тоа „да се исплати“... За секој е различен начинот на „исплаќање“
 
G

Gricko_

Гостин
Ти отворало нови видици, си учел нови работи што ќе ти се најделе дрн-дрн ти реков ми рече. Се тоа звучи убаво, романтичарски, ама се се менува кога треба да оформуваш фамилија.Се е тоа без везе муабет кога ќе видиш како некој од Сарај или од Врапчиште (знам дека читаш инцестоиден еден) искривен во фаца, не разбира јазик,одвај средно завршил, а зема плата од твои даноци.

Не мислам на работни места од типот помошник на соработникот за административни прашања во министерство за здравство и такви некои измислени.

Факултетот нема да те направи стручњак никако, ќе те направи праксата. Пракса до која обичниот студент, кој не е син на професор, не е рамковен, не е татко му позната и влијателна фаца во градот, не може да дојде. Не зборувам само за државна работа. Сум бил, сум прашувал, не ни се потребни моментално. Како ќе ви се потребни, кога имате и вишок неписмени и невоспитани од дома си викам со умот.

Наместо на факултет да оди секој ден по 5-6 саата, ќе дојде два дена по 2-3 саата, зашо има најдено пракса по вујко владика. А ти дреми секој ден на факс, упатувај ги што било на предавања, прашања за колоквиуми, за она да се спрема за одмор на Мајорка, а ти чуди се што клетва те стасало што си се родил тука. Факултетот ќе трпи, ако треба и 8-9 години ќе се влечка, пари ќе зема, а ти ако сакаш 10,00 имај просек не ти користи. Освен за тоа што викаш, ќе ти се нашло знаењето, ќе си бил образован. И гледаш што се случува наоколу, дискриминиран си на секој можен начин, која мотивација за учење да ја имаш?

Пред да дипломирам професорот ми вика ќе одиш ли на постдипломски. Викам немам просек 7,5-7,6 имам. Не е битно тоа, ќе те вклучам во 2 труда ќе те напишиме како коавтор и ќе запишеш. Ама ти си размислуваш што потоа? Ќе дадам уште 2 000 евра не е проблем, ама зошто? За уште толку да ми се смеат оние што нема да го завршат факултетот 10 години, оние што работат од прва и да те тапкаат по рамо? За да си крева рејтинг професорот плус уште еден магистрант?

Бев еднаш на кафе со професорот некој ден пред дипломска, случајно или не се сретна со директор на една институција. Договараа некој проект во Полска, вика ќе ја пишам демонстраторката како автор овојпат, нареден пат некој диппломец. Ова не знам дали намерно или ненамерно го кажа пошо и ја бев таму. Е само затоа ти е битен факултетот. Ако можеш 2000 евра фрлени за постдипломски да ги материјализираш со помош од професорот, да немаш срам да му речеш ако треба и ако побара уште толку да му дадеш на рака, за ништо друго.

А за исплаќање, прашајте некој од електрашите со над 9 просек, дали им се исплати работата во Телекабел?

Ќе заборавев во оваа прилика да поздравам еден друг професор, кој се фали дека има најдобри предавањa на Балканот и едни од најдобрите во Европа и неговата поширока фамилија. Човекот кој е реинкарнација на Шекспир, потомок на Цепенков, човекот кој е роден во иста година со Бред Пит (уште за ова не стигна да се пофали). Човекот кој има асистенти кои бркаат студентки, на кој сигурно им рекол, која сакаш одбери ја, само моите деца и внуци немој да ги чепкаш. Човекот кој и ќе ги избрка асистентите, за нивно добро, добронамерно, (нормално со некоја фенси изрека од Шекспир), за неговите деца да почнат да преземаат.
Знам дека чита слугата твој. ;)
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Абе кажете си едноставно дека не ви се учи. :icon_lol:
Не ми се учи :(

Прво да се дефинира што би значело тоа „да се исплати“... За секој е различен начинот на „исплаќање“
Очигледно се мисли на пари.

On topic:
Зависи од човек до човек.
Ко прво, факсот се учи за да се уновчи еден ден. Оттука нема смисла да учиш факс ако не планираш да работиш во струката. Ако се вработиш на работно место што може и среднист да го работи, џабе ти било студирањето, не ја уновчуваш диполомата.
А да одиш да го учиш тоа што го сакаш ти и да се надеваш дека ќе се случи некое чудо и ќе има потреба од баш таков кадар на овој наш мал пазар на труд во МКД? Тоа е чиста глупост.

За да имаш ќар од дипломата треба да завршиш факс што ќе знаеш дека ќе ти се исплати. Треба да знаеш каков кадар се бара на пазарот на труд и ќе продолжи да се бара. Тука како пример често се спомнуваат програмери и сличи занимања со компјутери. И повеќето имаат работа. Секој ќе најде по некој исклучок ама ако се земе некоја споредба со други факултети сигурен сум дека електро има највисок процент на вработени (во приватни фирми, не рачунам администрација).

Друг пат ти е да одиш на картата: вработување во администрација. Врти сучи, админстративна работа е најпосакувана работа во МКД. Сигурна плата, малку работа.... донекаде лесна работа, барем газдите нема да те тераат да остануваш после работно време....
Во овој случај ти требаат врски или активност во партија од тинејџерски години.
Ама пак повеќе ти требаат врски во секој случај.
Ова е добра идеја освен ако не живееш во општина каде имаш албанска партија на власт, тогаш работата ќе ти биде пекол.

Трета опција ти е да бараш чаре во странство.
Можеш да завршиш во МКД зошто имаш (релативно) ефтино школување, па да се селиш во странство или да завршиш во странство, дали негде во ЕУ зошто и таму не е премногу скапо или во САД (ако добиеш стипендија).
Третава опција мене ми се чини како најдобра ако потекнуваш од ниска или средна класа во МКД, немаш врски или едноставно не сакаш да останеш во оваа вукојебина.

Или можеш да одиш на опција ко еден мој колега од факс: заврши факс и се ожени со девојка од Австралија. Или братучед ми што воопшто не заврши факс пошто беше глуп ко точак, ама затоа беше убав и си фати Швеѓанка...

Не е цела среќа во образованието. Некогаш многу побитно е кого знаеш и колку си снаодлив во животот.
Крај краева: одличните ученици не го отвораат Мајкрософт или Епл. Одличните ученици работат за тие снаодливите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom