Со девојками одевме 3 години. Врската ни течеше ок, како и секоја нормална врска, ништо претерано, забрани, како што им се случува на некои мои другарки. Но еве веке помина една година од ко се случи следново. На излегување девојками разменила број со еден фраер, за којшто јас знам дека он ја свига. Поточно тоа беше очигледно од авион. Јас за тоа дознав случајно, телефонски повик пред мои очи, имаше тенизија во нејзиниот глас и ми даде некако до знаење дека нешто не е во ред. Веднаш проба да го откачи. Ја натерав да се јави таа, а ја го слушав разговорот и веке све беше јасно. После таа бурна нок, кавги\расправии, ме молеше да не раскинеме.Главниот проблем не се состои од тоа што таа разменила број, туку што после тоа слушање. Таа вечер јас само си заминав, не ја барав, она ми звонеше постојано. Бев лут и бесен, но размислив и решив да и дадам втора шанса. Ме убедуваше дека ништо не се случило. Си реков ке и дадам шанса, си ја свати грешката. Станав мн строг кон неа, љубоморен, излегувања немаше толку често како претходно за викенди навечер. Она на ништо не даваше отпор, сакаше само да си ја врати довербата која ја игуби после таа случка. Страшното е што јас неможам да го заборавам тоа, нонстоп тоа ми е во главата, неможам да замислам дека некој ја допирал девојками, ако тоа се случило. Пробав да се соочам со типот, се нафрли на тепање и тоа беше тоа во врска со него. Доколку се скараме нешто иако пробував да се контролирам секогаштоа и го набивав внос. Имаше деново кога не ни сакав да разговарам со неа кога ке ми текнеше на тоа, едноставно ја излудував и самиот бев свесен за тоа што го правев, после тоа се каев.При последната жестока расправија јас ја навредив, многу ја повредив. Таа вечер беше ужасна, ја расплакав и си замина дома. Ја барав на телефон 3 дена, не ми креваше, одкога ми крена се договоривме да разговараме. Се поздравивме, се качивме вкола и каде ке идеме. ЈА и реков да не идеме никаде да седеме вкола за да можеме на мирно да разговараме. Се опушти малце, успеа и да се насмевне и се извинив, почав да ја допирам, не можев да се воздржам. Знам дека ме сака инаку немаше да трпи ништо од тоа. Ја чуствував дека се топи додека ја допирав, цела трепереше. Пробав да ја бакнам, но не ми дозволи...... ЕЕЕ не ми дозволи не очекував таква реакција. Само ја запали колата и рече дека мора да иде, на вечера ја чекале. Другиот ден добив порака во која ми кажува дека мн ме сака..... дека неможе да бидеме заедно пошто ова ја преминаувала еднормната љубов и растело во нешто др од моја страна(омраза) дека ми посакува се најубаво во животот. Ја барав не ми крева. Две недела се немаме слушнато. Не сакам да ја изгувам, многу ја сакама.Не мислам на неа само кога сум во гужва,ми недостига апсолутно се нејзината насмевка, тело, очите, грациозноста нејзина........... едноставно полудувам. Излитено ми беше кога во некои филмови ликови ја бараат својата љубена кај некои др со случајно ги срекаваат, така се чуствувам дека она е таа, посакувам само да ја сретнам, да ја видам. Сликите од социалните межи со мене и се избришани, едноставно како да почнала нов живот без мене. Она е девојката на мојот живот, секогаш и беше. Девојка од вискоката класа, мета е сега на мн кои едвај чекаја да се скараме. Незнам како да ја придобијам повторно.. Што да направам, што би направиле вие?