СССР Кино

  • Креатор на темата Креатор на темата LazarG
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Локација
Macedonia
Другарчиња, една тема за старото добро руско кино...
За почеток една многу убава песна на Алла Пугачева, исполнета од познати, веже возрасни актери на руското кино за деца...

А сега ќе погледнеме еден филм од 1977, во кој главниот лик има куче- бел сетер, со црно уво. Во леглото од црни сетери тоа е единствено бело, затоа сопственикот на мајката,решава да се ослободи од него, зошто е родено како албино. Но новиот сопственик го засакува такво какво што е- различно.Во еден момент газдата се разболува тешко и заминува на лекување. Неговиот четириножен пријател ја докажува својата безусловна љубов, со тоа што не сопира да го бара својот господар...Понекогаш различниот на надворешен изглед, може да биде нај-верен....

Филмот е тежок....Пријатно гледање!
 
Последно уредено:
Интересен избор има на тој канал...Русите имаат мнооогу развиена филмска индустрија, прават многу добри филмови и во поново време, но јас повише сакам винтиџ :)
На темата може да асе постира се што е ретро...Еднаш неделно ќе направам избор на некој стар филм и ќе го постирам...
Ова е една многу весела песничка од бивша Југославија, која го одбележала детството на децата од 80-те кај нашиот северен сосед ...

bila mama kukunka bio tata taranta[DOUBLEPOST=1408027211][/DOUBLEPOST]Сега се сетив, за да не заборавам...мислам дека има врска со темата...

big-banner-frames.gif

Колекција приспивни песни oд различни народи, во изворна форма.
Тие се одличен репрезент на самата традиција и култура на народите. Наменети за најмалите, но во исто време, носталгичен спомен за нас, возрасните...будат емоција за мајчина прегратка, која сите сме ја осетиле.

Сајт на проектот од каде може да се симнат... Lull.ru
А ги има и на youtube...

Извор


И една многу слатка песничка од руски филм...темата е за мајките :)
[DOUBLEPOST=1408039770][/DOUBLEPOST]Мили деца...темата за руско кино ќе биде надополнета со уште еден филм од 85-та, кој го носи духот на тоа време...
Выјти замуж за капитана

А следниот филм е за сите нас, возрасни пионерчиња. Во него ќе видиме како живееле пионерите од 1952 рата...И јас сам било титово пионерче!
https://www.youtube.com/watch?v=OpyzXnvKG8Y

И уште еден филм за втората светска војна...
 
Последно уредено:
Цуци, без националистички побуди...
kad si sretan

И за крај на денешното СССР кино, ќе видиме едно филмче од бившиот советски сојуз, поточно од Чехословачка. Емитувано е за прв пат во далечната 1979 год, има 7 серии од по 8 минути...Една класика на детското чешко кино...
На помладите поколенија тешко дека темата ќе им биде интересна, тие имаат друг, поразличен вкус за визуелна информација...
Dášeňka
 
По патот со облаците...тој беше синхронизиран на македонски :)
А кој нема да се сети на оваа стоп-анимација...

80% од цртаните во нашето време беа или увезени од СССР или Југословенско производство...
Ова исто беше синхронизирано на мак. а руско е
Го најдов и на македонски...
Ах, детски спомен мил!
[DOUBLEPOST=1408098651][/DOUBLEPOST]Првата епизода за Кртчето (Krtek), е создадена во 1956г. под наслов “Како кртчето си соши панталончиња“.
Во 1957г. филмчето освојува награда “Златен Лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.

Во творечката биографија на Здењек Милер, фугурираат околу 70 филмови, а во 50 од нив главен херој е малото Кртче.
Токму поради него, овој Чешки уметник-аниматор, станува меѓународно познат и признат.

Идејата се раѓа, кога во 1956г. му било порачано да создаде образовен филм за деца. Тој бил под силно влијание од цртаните на Уолт Дизни, затоа решил главниот јунак да биде животинче.
Милер подоцна раскажува, дека го создал Кртчето, зошто тоа е единственото животно, кое дотогаш не било јунак на Дизни. Милер сака неговите филмови да бидат разбрани од сите.
Кртчето во овој филм не зборува- тоа само изговара смешни звуци, писка и се смее. Тоа се изразува со прости звуци како “јууу“ или “геле“. Во озвучувањето, учествувале ќерките на Милер, кои во моментот на создавање на филмот биле сеуште деца.


Можеби поради тоа што нема потреба од превод, серијата станува популарна во цел свет, а заедно со неа и книгите за Кртчето. Во нив прекрасните илустрации на Милер, се придружени со краток текст на Едуард Петишка. Она, што го прави Кртчето толку популарно, се не само шумските авантури што ги преживува со пријателите(негови пријатели се глувчето, зајчето и едно еже), а и неговата емоционалност.
Кртчето е мило, нежно, добро-душно и трогателно суштество. А таквите чувства немаат потреба од превод. Тие се пренесуваат на еден универзален и разбирлив јазик за секое дете. Така Кртчето, станува омилено не само на децата од бившите социјалистички држави, но исто и во земји како Германија, Франција, Скандинавските земји, дури Јапонија и Кина. Творештвото на Здењак Милер е одговор на злото, кое владее со светот. Затоа, неговите филмови се мили и весели, создадени за да ги насмеат децата и ги научат да не се плашат.

Извор
 
Последно уредено:
Оваа песна беше дел од неврзаните поезии, од типот на - "Нема битке, а ни рата, без Јасера Арафата" и "Нико неќе, а и не смије, да нас дијели од Замбије" (овие се заебанција, али твојата е вистинска детска песна, една од оние предвидени, да им ги доближи на децата, културните и секакви карактеристики на земјите од третиот свет)


Русите, иначе, имаат една ужасна кич навика да идат у пуни сали на настани со скечови и пеење, со ужасен, ужасен, хумор. За хумор не ги бива ич.


Али затоа, Сталкер ми е во 10-те најдобри филмови на сите времиња. А има и други руски дела, од истиот автор, кои се буквално во самиот врв на светската кинематогафија.
 
Другови и другарице, во денешното СССР кино ќе погледнеме еден филм од 1959 год, насловен како Балада за Војникот.
 
Последно уредено:
Това си е веќе ретро...
"Se bella piu satore, je notre so catore,
Je notre qui cavore, je la qu', la qui, la quai!
Le spinash or le busho, cigaretto toto bello,
Ce rakish spagoletto, si la tu, la tu, la tua!
Senora pelefima, voulez-vous le taximeter,
La zionta sur le tita, tu le tu le tu le wa!"

Оваа песничка ја пее самиот Андерсен т.е актерот што го глуми...филмчето се вика Тајната на Снежната кралица. Ако судиме по видео-фрагментите, Ханс Андерсен не е толку досаден и тажен како неговите приказно...
И така мили деца....еднаш во стара Данска, во една стара приказна зграда...
 
Дајте ми го трибанана со превод англиски, омилен цртан ми е и ептен сакам да го гледам со мажето ми. Ќе ми се фали он со аниме пораснал, да види ја со што сум растела ;)
 
На тубата го имаш ама без анг. превод...нели беше синхронизиран на мак?
На мене само анимации ми кажи, обожавам! И не се ограничувам, гледам и модерни, создадени во новото време.
Посебно сакам да ти ги препорачам анимациите на Хајо Мијазаки, имам пишано ТУКА за него :)

Од новите аниматори, многу ми се свиѓа работата на Карлос Лоскано...работи во стоп моушн, се е од хартија :)
Тим Бартон...генијалец, имам пишано и за него :)
И обавезно да го погледнеш Minuscule
 
На тубата го имаш ама без анг. превод...нели беше синхронизиран на мак?
На мене само анимации ми кажи, обожавам! И не се ограничувам, гледам и модерни, создадени во новото време.
Посебно сакам да ти ги препорачам анимациите на Хајо Мијазаки, имам пишано ТУКА за него :)

Од новите аниматори, многу ми се свиѓа работата на Карлос Лоскано...работи во стоп моушн, се е од хартија :)
Тим Бартон...генијалец, имам пишано и за него :)
И обавезно да го погледнеш Minuscule
Од овие само последното ми фали, откачувам по цртани, може дека кога бев мала немаше доволно. Него мажето ми е итаљанец :( ако зеам да го преведувам дур го глеаме...а може и треба ;)
 
значи ти правиш возможно да не се поднесува лик што не се ни познава! иди си у твоите швицарско амерички теми!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom