Србија во шок: Младата Тијана пронајдена мртва, убиецот фатен

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Во Америка има смртна казна, па повторно има грозоморни убиства, што нормален мозок не може ни да ги перцепира дека се возможни. Социопатот нема грижа на совест, нема страв, нема емоции (се претпоставува дека делот од мозокот задолжен за емоции и грижа на совест им е оштетен), тој е убеден дека е попаметен од сите и тој ако сака да убие, ќе убие, не му е гајле него за казна и полиција. Смртната казна нема да го одврати во намерата да убие. Тоа ми е муабетот.
А дали во земји каде нема смртна казна има убиства?
ете и затворски казни имаме па пак се прави криминал, зошто воопшто да се затвараат криминлци? Ни затворот нема да спречи кражби, тепачки, дрога....
Има случаеви на луѓе кои одслужиле казна убиство - и пак убиле. И во затвор убиваат и кога ќе отслужат казна убиваат. И сето тоа оди на трошок на нас кои го почитуваме законот. Па треба да стравуваш за себе за семејството за имотот..... 20 години него општеството ќе го чува во затвор ќе му обезбедува лекови, греење, вода, храна, струја, средства за хигиена.... а за жртвата? кај е неговата сатисфакција? каде е правдата за оној кој е мртов? на неговите им е полесно оти убиецот ќе биде на државен трошок 10 - 12 години и после можи пак ќе го сретнат??
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Политичарите ширум светот крадат цели нации, па така тие имаат најмалку право да судат некому и вметнат такво нешто во законикот. Лицемерно е. А за силувачите не мора да им се сече пенисот, може и хемиска кастрација да им се направи. Ништо не се сече, нема такви работи, едноставно со хемиската кастрација се губи секаква желба за секс и после тоа ќе бидат како бајчиња. Тоа што тие се монструми, не значи дека треба да бидеме исти како нив.
На политичарите по дифолт треба да им се сече... главата. И онака не ја употребуваат корисно.

Се лошо, треба да се СЕЧЕ по дифолт, на лице место.
Треба наместо нефикасната полиција, и корумпираните судови и политичари, да се ангажираат програмирани бесчуствителни роботи со пар оштри катани, наместо раце. Насекаде да ги има овие роботи, и штом некој украде нешто, или некој силува некој друг, или некој убие... ЦАП! Летна раката, или главата. ФААП -ЗАП! Летна онаквото.
И решен проблемот, за тој криминалец НЕМА повеќе крадење, НЕМА повеќе убивање, НЕМА повеќе силување.

Ова можеби нема сосема да ги искорени крадењето, убивањато, силувањето... но значително ќе ги намали тие појави, и исто важно: нема да има повторени злосторства од ист прекршител.

Економски, оваква пракса би била одлична. Навистина роботите би барале одржување, ама може да се увезат јапански машини пошто се најквалитетни, башка одржувањето на катаните би било во ист пакет на услуги.

Потоа заштедените пари и ресурси може да се вложат во превентива, и со тоа уште повеќе да се намали криминалот.
Каде би ни бил крајот... но вие повеќемината повеќе сакате да чувате и мазите криминалците. Многу се залагате за нивните права.
Барем декларативно е така, пошто не верувам дека нешто некогаш сте направиле за рехабилитација на криминалците. Ама добро, мал е светот а криминалот расте неконтролирано. Можеби после некое несакано искуство во некоја темна уличка или неосветлен влез, ќе го промените мислењето за оваа темава. Се разбира, доколку ја имате таа привилегија да се изјасните потоа.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892

Ова е супер. Ама за у некој тоталитарен систем.
 
Т

Триптико

Гостин
@Crazy in Love само што опиша психопат во последниов пост. Социопат реагира импулсивно, прави еден куп грешки при дејствување и сл....Но е далеку од опасен (релативно). Сите, повеќе или помалку, во денешно време сме социопати. Овој бил мирен, никогаш не покажал знаци дека може да направи такво дело, се обидел да сокрие докази за делото што го направил...Класичен психопат.
Ова го напишав поради претходните муабети дали е ваков или онаков и каква казна му следува. Социопат се станува, психопат се раѓа!
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А дали во земји каде нема смртна казна има убиства?
ете и затворски казни имаме па пак се прави криминал, зошто воопшто да се затвараат криминлци? Ни затворот нема да спречи кражби, тепачки, дрога....
Има случаеви на луѓе кои одслужиле казна убиство - и пак убиле. И во затвор убиваат и кога ќе отслужат казна убиваат. И сето тоа оди на трошок на нас кои го почитуваме законот. Па треба да стравуваш за себе за семејството за имотот..... 20 години него општеството ќе го чува во затвор ќе му обезбедува лекови, греење, вода, храна, струја, средства за хигиена.... а за жртвата? кај е неговата сатисфакција? каде е правдата за оној кој е мртов? на неговите им е полесно оти убиецот ќе биде на државен трошок 10 - 12 години и после можи пак ќе го сретнат??
А има случаи каде убиле и не го повториле делото. Не може за секое убиство да е ист аршинот. Затоа имаш неколку степени на убиство, со умисла, без умисла, самоодбрана, имаш случаи на пречекорување на самоодбрана, итн. И годините што ќе ги добиеш не се исти.
На политичарите по дифолт треба да им се сече... главата. И онака не ја употребуваат корисно.

Се лошо, треба да се СЕЧЕ по дифолт, на лице место.
Треба наместо нефикасната полиција, и корумпираните судови и политичари, да се ангажираат програмирани бесчуствителни роботи со пар оштри катани, наместо раце. Насекаде да ги има овие роботи, и штом некој украде нешто, или некој силува некој друг, или некој убие... ЦАП! Летна раката, или главата. ФААП -ЗАП! Летна онаквото.
И решен проблемот, за тој криминалец НЕМА повеќе крадење, НЕМА повеќе убивање, НЕМА повеќе силување.
Како бе така?
А бе имаш различни причини за криминал, не можеш секој што украл да го сечеш или убиеш. Тие роботи ќе го гледаат само дејството, но не и причината, а причината е исто толку важна. Ако тие се програмирани да го сечат секој што убил, тогаш и некој што убил некој во самоодбрана ќе биде ликвидиран. Не се работите во животот секогаш црни-бели. Имаш убиства во афект, самоодбрана, со умисла, без умисла и тие работи се земаат предвид.
Каде би ни бил крајот... но вие повеќемината повеќе сакате да чувате и мазите криминалците. Многу се залагате за нивните права.
Ниту сакам да ги чувам, ниту да ги мазам, само разликата е што за мене светот не е црно-бел, јас не сметам дека сум Господ за да судам кој треба да живее или не. Ниту сметам дека секој престап треба да биде санкциониран со одземање нечиј екстремитет, пенис или живот.
Барем декларативно е така, пошто не верувам дека нешто некогаш сте направиле за рехабилитација на криминалците. Ама добро, мал е светот а криминалот расте неконтролирано. Можеби после некое несакано искуство во некоја темна уличка или неосветлен влез, ќе го промените мислењето за оваа темава. Се разбира, доколку ја имате таа привилегија да се изјасните потоа.
А бе ооооок, уште да ми речеше дека посакуваш да ми се случи нешто вакво, страшно, затоа мразам вакви дискусии. Ако ме нападне некој, нема да посакам да умре, ќе посакам да си одговара за своето дело, во затвор. Ако некој ми украде новчаник, нема да посакам некој да му ја исече раката, туку да одговара пред законот и да си одлежи затвор. Не знам што не ти е јасно.
@Crazy in Love само што опиша психопат во последниов пост. Социопат реагира импулсивно, прави еден куп грешки при дејствување и сл....Но е далеку од опасен (релативно). Сите, повеќе или помалку, во денешно време сме социопати. Овој бил мирен, никогаш не покажал знаци дека може да направи такво дело, се обидел да сокрие докази за делото што го направил...Класичен психопат.
Ова го напишав поради претходните муабети дали е ваков или онаков и каква казна му следува. Социопат се станува, психопат се раѓа!
Точно, извини, моја грешка. Ги смешав малкуцка. :icon_mrgr:
На психопат мислев, сакав и двата типа да ги посочам, излезе каша попара.:icon_mrgr:
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Правдата мора да биде „тоталитарна„, инаку не би била... праведна.
Да, на пример некој кој бил силуван како мал, малтретиран, тепан, изживуван, касапен, оставен да изгладнува по цели денови, сведок е на малтретирање на други, бил присилуван на инцест, треба да го убиеме? Тоа ли е решението?
Таквите решенија биле океј у некој примитивен свет, ама не денес и овде.
 
Т

Триптико

Гостин
@Crazy in Love друго ми е поентата. Штом такви се раѓаат, тогаш општеството треба да има механизми за изолација на таквите индивидуи. Не може цело време општеството да е пасивно, а кога ќе се случи нешто вакво да се "наоѓа" соодветна казна. Олеснителна околност е тоа што такви се родени, но затоа, олеснително ќе биде и нивна изолација со други на себе слични. Каква и да биде казната нема да реши ништо. Главниот виновник е општеството што не успева да ги идентификува истите во своите граници.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Таквите решенија биле океј у некој примитивен свет, ама не денес и овде.
Правдата е примитивна, во нејзината основа.
Кога изборот е меѓу правда и „мода„, за мене нема никаква дилема.

Всушност кое алтернативно решение на непримитивна правда ти би понудил?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
@Crazy in Love друго ми е поентата. Штом такви се раѓаат, тогаш општеството треба да има механизми за изолација на таквите индивидуи. Не може цело време општеството да е пасивно, а кога ќе се случи нешто вакво да се "наоѓа" соодветна казна. Олеснителна околност е тоа што такви се родени, но затоа, олеснително ќе биде и нивна изолација со други на себе слични. Каква и да биде казната нема да реши ништо. Главниот виновник е општеството што не успева да ги идентификува истите во своите граници.
Е да си жив и здрав! Тоа е поентата цело време. Смртна казна/затвор е за последицата, но не го решава главниот проблем, а тоа е спречувањето на насилството од страна на тие индивидуи. Проблемот е што и родителите не се обучени доволно да препознаат знаци, ниту пак школите, обично се препишува тоа однесување како “дете е, ќе му помине“, а не поминува.
Треба да се детектираат и изолираат, се согласувам апсолутно. Но, тешко е да се пронајде таков механизам. За тоа треба да се зборува почесто и тоа е побитно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Тие роботи ќе го гледаат само дејството, но не и причината, а причината е исто толку важна. Ако тие се програмирани да го сечат секој што убил, тогаш и некој што убил некој во самоодбрана ќе биде ликвидиран.
...
Ниту сакам да ги чувам, ниту да ги мазам, само разликата е што за мене светот не е црно-бел, јас не сметам дека сум Господ за да судам кој треба да живее или не. Ниту сметам дека секој престап треба да биде санкциониран со одземање нечиј екстремитет, пенис или живот.
Никој нема да суди некој друг!
Токму тука е генијалноста на моето одлично предлог решение!!!

Едноставен систем на акција-реакција. Ако со главата силно удриш во ѕид, ќе те заболи главата. Ѕидот не е крив. А изборот е твој.
Ако одлучиш да силуваш и убиеш дете, изборот пак е твој. Тоа е акцијата, реакцијата ќе бидат два молневито брзи засеци од катаните на роботите.

Многу помилостива судбина од таа на силуваното и убиено, дете. Но поентата е дека никој не го осудил на смрт, освен самиот силувач и убиец, себеси што се осудил.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Правдата е примитивна, во нејзината основа.
Кога изборот е меѓу правда и „мода„, за мене нема никаква дилема.

Всушност кое алтернативно решение на непримитивна правда ти би понудил?
http://en.wikipedia.org/wiki/Neurolaw

Ова.

Наместо казна, јас зборувам за друго.

Да не постои затворска казна, туку колкава е веројатноста дека ќе се повтори делото.

У глобала денес силување на 16+ девојка и убиство у самоодбрана се тука некаде на казна.
Силувачот казната ќе ја повтори. Овој у самоодбрана веројатно е дека нема.

Е сега, да бидат сместени у установа едниот и другиот.
Силувачот ако никогаш не биде рехабилитиран, никогаш да не излезе од затвор, оти шансите да го повтори делото се големи.
Овој со убиството пошто никогаш нема да го повтори, нека излезе одма од затвор.

Тоа е тоа.

И да, кастрација дури и хемиска да е, е на исто ниво како и лоботомијата. Крајно негативна. Оти се менува личноста на тој начин.
Едно е компулсивното однесување да се реши, друго е да се направи целосна промена на тоа шо значи да се биде ти.
 
Т

Триптико

Гостин
Нема потреба родителите да се обучуваат. Постојат психолози, психијатри...и останати "квалификувани лудаци" кои ќе ги препознаат сличните на себе :D
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
За пример во Југославија имало смртна казна, али според истражувањата (имавме професорка на факс која работи во тој институтот/центарот или што ли знам што беше во Скопје со статистикиве за затвори и санкции) не делувала превентивно, ниту застрашувачки, ниту во разбивање на криминалитетот. Едноставно поинаква си била поставеноста на работите тогаш.

Од сите можни решенија, затворите се оние кои најдолго се задржале во употреба. Со постојани измени и експериментирања во потрага по подобра формула за поголем успех, али за жал слаби се резултатите. Од друга страна, постојаниот притисок за почитување на човекова слобода, достоинство и тн си го прави своето да во регулацијата на многу земји, треба да им се тинкаат мадињата на затворениците, де од време за рекреација, де од можност за прошетка надвор од затворот, со цел да се постигни ресоцијализација.

Имам размислувано за ова прашање и уште ми се размотуваат мислите наваму натаму. Смртна казна не е решение, ниту затвор е решение. Максимална изолација со средства за опстанок кои сами ќе ги остваруваат, притоа работејќи некои работи кои би биле корисни за општеството, можда е и некое решение, ама пак не е најдобро решение.

И не се фаќајте толку цврсто за статистиките, вака било или онака, чунки статистиката е како девојка во бикини, многу открива, али малку покажува :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
На жалост нивото на развој на дијагностичката неврологија е премногу низок, од аспект на прецизна дијагноза на болестите од видот на псохопатијата. За когнитивната неврологија, како практично применлив метод денес, нема ни да коментирам.

Всушност кога би биле навистина доволно развиени, научниве дисциплини кои ги спомуваш: со редовни и сеопфатни скрининзи би ја вршеле сета потребна превенција. Евентуалните престапници би биле наоѓани пред да ги сторат делата.

Затоа, кога веќе не сме во можност да имаме одлично решение, засега подобро е и некакво решение. Зошто сега немаме никакво решение.
Оштри драконски казни, кои не само ќе предомислат некои од престапниците, туку и ќе спречат повторување на делата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom