Последен гледан филм со кратка рецензија

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
The Expendables 3

Филмот уште не е излезен официјално, премиерата е на 15ти Август, ама Бугариве го ликнаа пред време на замунда бидејќи во Бугарија е снимен и најверојатно некој пират го лапна комплетираниот филм. Како и да е, мислам дека сите знаете каков филм може да биде. Полн со акција, познати акциони глумци, смешни дијалози од време на време и многу пукање. Ми се допадна, но не е нешто екстра. 7/10 од мене најмногу поради глумците и пуцаљките во филмот од почеток до крај.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
абе абе прилепска работа ....

RISE OF THE PLANET OF THE APES (2011)

не ми беше гледан првиот дел а му се мислев од порано, ај сега ај после, ама ете се погоди моментот да имам шанса да го гледам вториот дел на кино во скопје па набрзина 4 саати пред тргнување го изгледав првиот.
си немав појма буквално за шо се работи филмот и додека го чекав да се симни си замислував тотално некакви сценарија што испаднаа дека врска немаат со приказната во филмот. тоа за мене беше огромен плус.
филмот трае саат и четириесет минути и една за тоа релативно кратко време успеа да покажи повеќе од доволно информации кој на нас гледачите ни стана прилично многу појасно. малку наликуваше на дизни сторија на почетокот кога ете Цезар растеше и си гледаше низ прозор. НО тоа набрзо се смени, прилично подруг тоналитет и правец доби филмот, едноставно искусивме развиток на еден лидер, едно суштество со натприродна интелегенција и страшен еволуциски прогрес. Голумчо (Andy Serkis) се надмина уште еднаш и ни го долови ова суштество во најдобро светло. моментот кога прозбори мајмунот беше епик сцена, ќе ми држи влага долго време.
Џејмс Франко беше прилично солиден во филмот, на моменти имаше застој и монотоност ама тоа беа мал број, незабележителен бидејќи
немаше апсолутно ниту еден момент кога си помислив чекај да направам пауза што многу често ми се случува да направам кога гледам филм или серија. едноставно залепен за дрвена столица и како што сум седнал да така станав по завршувањето на филмот. уште еднаш тотално подруга замисла имав за филмот и филмот како целина ме хајпна до даска пред да тргнам за скопје за да го гледам новиот филм.
сума сумарум 8.5/10 шо е супер одлична оценка за него и сметам дека да го гледам одново филмот нема воопшто да ми се расипи чувството шо си го имам сега.

одиме дајле ...

DAWN OF THE PLANET OF THE APES (2014)

филмот веднаш почнува каде што застана приквелот, со информациите за вирусот и изумирање на човештвото, војните меѓу луѓето за превласт, едноставно човештвото оди наназад, додека мајмуните се повеќе и повеќе се поорганизирани и "поцивилизирани"
ликови на кој најмногу му обрнав внимание и со право беа : Ceasar, Koba, и ликот на гери олдман.
буквално ги крадеа сцените кога и да се појавеа на екранот.
за приказната малку сум разочаран, клише и веќе видено сценарио, ми изгледаше на комбинација на Avatar и Lion king. не беше оригинално, но сепак филмот ќе го ставам како забавен ама со многу изгубен потенцијал, потенцијал за нешто епско. сепак се забавував кога го гледав и во 3-D е стварно е авантура да се гледа филмот, одлично направено и пошо за првпат гледав филм во 3D бев презадоволен.
7.5/10 причина е најверојатно што ме хајпна премногу првиот и овој бидејќи го гледав неколку часа покасно ми беше за некоја нијанса послаб. сепак вреди да се гледа и двата имаат препорака за гледање.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.841
Поени од реакции
1.599
Transporter 1,2 и 3
Решив да ги изгледам сите три за да видам што како е :) Добар онака филмски и за тепање време инаку не ми фати око баш поради она филмското во него коли без гребаници , а рушиш ѕидови.... Френк е транспортер кој врши испораки на пакети според време , тежина и без прашања , имиња и никогаш не го отвара пакетот...
Онака 6/10.
War
Карфур и Роџи се партнери во ФБИ при една акција бркајќи еден криминалец Роџи ќе му го спаси животот. Партнерот на Џек неколку дена потоа ќе биде убиен , а се укажува на тоа дека тоа го сторил истиот што го убија. Дејството продолжува 3 години подоцна кога криминалецот пак дејствува , а Џек бара одмазда...
Солидно филмче 7/10.
Celular
Џесика Мартин ќе биде киднапирана , по случаен избор на броеви ќе му се јави на Рајан кој е еднствениот спас од нејзините киднапери кои се полицајци. Добар филм за тепање време 7/10.
Gone in Sixty Seconds
Мислам дека ретки се филмови со Николас кои може да кажеш дека се лоши :) Мелфис е најдобриот крадец на автомобили кои се повлекол и живее мирен живот се додека неговиот брат Кип не западне во неволја , па тој ќе мора да украде 50 автомобили во рок од 3 дена. Јако филмче 8/10.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.493
Поени од реакции
8.005
Guardians Of The Galaxy



Marvel Studio повторно со ТоБ филмче. Овојпат се работи за екранизација на стрипот Guardians of the Galaxy. Официјално, филмот е акција/сф авантура, ама волку смеење на еден филм ми се нема случено од бааги одамна. Само што излегов од киното кај мене на брод, и знам дека ќе морам да го погледам барем уште 1-2-3 пати, бидејќи филмов е одличен!
Приказната е едноставна, но темпото на филмот е поприлично брзо и воопшто не осетив кога поминаа 2 саати. Секако морам да напоменам дека во филмот има ТоБ музика од диско ерата и 80тите, со девојка ми си шизевме у столчиња :)
Зои Салдана е сонценце, едноставно не можеле да најдат подобра актерка за да обојат во зелено.

I am Groot.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Rescue Dawn (2006)


Фала на тој што ми го препорача филмот, фала на Бејл кој ми ја направи вечерта убава, дефинитивно ремек дело!

Американскиот пилот Диетер Денглер е на мисија во Лаос каде што авионот паѓа и се разделува на парчиња, Денглер останува жив и е фатен од страна на виетнамци и со уште неколкумина држен во „затвор„. Низ целиот филм, Денглер изведува голем пријател, спасител, херој каков и што навистина е во филмот.

Единствено споро се одвиваше дејството, можело место 2 саати да трае саат ипол, иако тоа не е некоја голема утка, филмот е прикажан до секој детал, како ги обучуваат за мисијата, како го заробуваат, како го гледаат и све останато.

Топла препорака!
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.841
Поени од реакции
1.599
The Jackal
Најдобриот платен убиец познат под името Џакал е повторно во акција никој незнае како изгледа ниту како се вика. Се знае само неговиот начин на дејствување со лажни идентитети. Полицијата за да го фати ќе побара помош од ирски терорист Деклин кој соработувал со него и тука почнува забавата. Јако филмче искрено имам многу мали замерки 9/10.
Crank
Чев е професионален убиец тој едно утро се буди и кога ќе го пушти телевизорот ќе дознае дека е претепан и му имат ставено отров со кој има само уште еден час живот. Тој станува и почнува да ги бара луѓето кои го сториле тоа , а воедно и да бара против отров. Најдобриот против отров е адреналинот и тој несмее да запре инаку ќе умре. Што знам за тепање време е добар крејот не ми се допадна ич 6/10
.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.595
Поени од реакции
87.974
Овој филм одеше на Сител во доцните ноќни часови пред едно 14-15 години, па решив да се притсетам за што се работеше... :icon_mrgr:

Ник Паркер е Американски воен ветеран од војната во Виетнам, каде што таму случајно при една заседа од непријателите го губи видот (бомба експлодирува во негова близина да бидам појасен). Тој некако успева да им избега на непријателите, така што го вдомуваат локалните селани. Како што минува времето селаните се грижат за него, и му помагаат да ги развие своите сетила... го учат како да ракува со меч, и како да се справи во непријатни ситуации.
По неколку години, Ник се враќа во ЕсАДе, со цел да го посети Френк, другарот од деновите кога служеа војска заедно во Виетнам... Ник тогаш сваќа дека неговиот воен другар е заглавен во длабоки гомна, а неговата фамилија е во опасност од луѓето за кои што работи Френк.
Тогаш слепиот човек, со изузетно развиените сетила, решава да и помогне на фамилијата.

Класика филм, вреди да се изгледа

ИМДБ оценка: 6,2/10
Моја оценка: 8/10

(y)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.595
Поени од реакции
87.974
Одпрво мислев дека филмов е хорор, од типот на Петок 13 со психо убиец, многу крвопролевање или пак нешто слично... но на крај испадна тежок трилер, и не ме разочара.
Џим е млад човек во раните дваесетти години кој има задача да транспортира автомобил од Чикаго до Сан Диего. По пат собира еден автостопер со цел патот да му биде поинтересен, и најважно да не заспие на волан... но сепак работите не испаѓаат секогаш како што очекуваме. Уште во првите моменти дознаваме дека автостоперот е психопат, и често се движи околу патиштата низ Америка со цел да врши убиства... сега на ред е Џим да се справи со него

Филмов има свое продолжение, правено како ДТВ (Direct To Video) во 2003, и римејк направен 4 години подоцна... но сепак се решив да не ги гледам се со цел да не ми го расипи впечатокот од оргиналов. Оценката на ИМДБ му е реална, така да нема што друго да додавам. Симнете го и уживајте (y)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Trick'r Treat од 2007 година е релативно солидно остварување кое претставува своевиден спој инспириран од Sin City и Halloween, а можеби и од некој друг филм. Нуди неколку приказни, повеќе или помалку испреплетени. Ни една од нив не е ништо посебно, но така како што се прикажани низ динамичните 80 минути (сакам филмови кои, доколку нема потреба, не траат предолго) оставаат добар впечаток. Не е ова некој „голем“ филм, создаден од некој со големи амбиции. Таман е ако имате сат-два слободно време, а немате што да правите. И ако сакате хорор со елементи на комедија.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.841
Поени од реакции
1.599
The Man Who Knew Too Little
Леле лудница е филмов сакам вакви филмови ако некој знае слични нека ми каже :) Воленц решава да го изненади својот брат токму за неговиот роденден бидејќи тој секогаш му праќа поклон. Брат му има многу важна вечера со германски инвеститори , па ќе реши да му најде занимација до полноќ. Во градот има театарска група во која вие глумите спасителот на девојка во неволја, но Воленц ќе добие повик за Спенсер кој треба да убие љубовница на министерот за одбрана..... Интересен филм солиден хумор и навистина уживав во него 10/10
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
314
Поени од реакции
165


Omar 2013,

Palestinski film so lokalno financiranji i lokalna ekipa na akteri. Prikaznata e fantasticna i me zakaci od start filmot pa se do kraj, ili mozebi i posle krajot. Ispolnet e so drama, akcija i romance.

IMDP Ocenka 7.6/10

Moja ocenka 9/10.

Highly recommend it.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.841
Поени од реакции
1.599
Go и 11:14
Ги споив зошто се филмови со слична тематика , а различно сценарио. Значи во филмовиве треба да ја склопите приказната преку различни гледишта до одреден момент во филмот. Додека 11:14 според мене е полесен и поубав за гледање со тоа што нема баш некој солиден крај ко недокажан е на пример што се случи има две тела кој и како одговраше? Потоа за грабежот призна или не.... Go пак малку е така потежок за гледање ама барем имаш добар крај и разврска на настаните како и да е добри за тепање време оцена 6/10.
Date night
Фил и Клер се најобичен брачен пар кој живее во преградието. Еден ден дознават дека нивни пријатели ќе се разведуват заради здодевноста во бракот. Со цел да направат нешто поразлично ќе отидат на вечера во еден отмен ресторан каде за резервација се чека со месеци. Сплет на околности и тие ќе земат туѓа резервација само што семејството што ќе го изберат е барано од мафијата... Што знам онака за тепање време и ништо повеќе. Не е некоја комедија , романса или крими филм повеќе ми е ко цензурирана акција :) 5/10
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Го гледав вчера Херкулес у кино демек само за Ирина Шајк да ја видам , ја дадоа 2 пати у кадар...

Остало ми се допадна филмот, интересен ми беше, со доста акција и интересна прикаска :)

Оцена незнам да давам не сум баш објективен околу овие оцениве :)
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
,,One hour photo''

Филмот е морничав на моменти,али ништо страшно.
Особено добро игра Вилијамс.
За актер на кого му лежат комични улоги,оваа улога на психопат ја има одиграно одлично.

Задоволна сум од филмот.9/10
Со оглед на тоа дека не ме привлекуваат вакви,психопатски филмови,овој ми е одличен.
Така што,доколку сте љубител на психопатски филмови,слободно гледајте го.
Жално што почина Вилијамс.:unsure:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.841
Поени од реакции
1.599
Con Air
Камерун По е војник кој една вечер ќе биде нападнат на паркингот пред бараот каде работи неговата жена. Во тепачката тој ќе убие еден од напаѓачите и ќе биде осуден на 10 години затвор. Во затворот тој живее за денот кога ќе излезе и ќе ја види неговата ќерка за првпат, па по 7 години ќе добие условна казна и тој оди дома во авион полн со најлошите криминалци . Набрзо затворениците ќе го превземат авионот , а едниствениот кој може да ги спречи е Камерун... Одличен филм ина неколку онака филмски сцени ама тоа е 8/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom