Здраво. Имам неколку прашања.
1.Што вели Исламот за магијата, дали според исламот магијата постои и муслиманите веруваат во магија?
2.Дали исламот има посебна наука што проучува магија ? Имаме ли нешто како исламска магија, со куранот или други работи?
3.Колку би имала ефект љубовна магија? Дали знаете некој познат муслимански свештеник (ама сигурен) или некое друго лице што се занимава со овие работи? Од кај сака нека е, Македонија, Босна, Косово, па дури Саудиска Арабија, Индонезија, Индија, било каде. Да сте слушнале за некој, квалификуван астролог или било што. Да не биде некој од типот на Рамче од шутка.
1. Да, муслиманите веруваат дека постои магија, исламски назив за тоа е СИХР.
2. Да има, Аллах во Куранот објаснува што е сихр и како да се справиме со тоа односно како да се заштитиме од злите џинни и шејтани.
А постои и нешто што се вика РУКЈА, тоа е исламски начин на лекување од СИХР.. се учи Куран и ништо повеќе.
3. Исламски статус за љубовната магија е дека е тоа забрането дело и тој што го прави тоа е неверник и во шеријатска држава таквите луѓе се убиваат откако ќе се утврди дека ги работи тие магии.
Лице кое се занимава со тие работи сигурно не е муслимански свештеник, само се крие позади исламот.
Таквото дело е забрането во исламот, и тие луѓе што прават такви магии се неверници.[DOUBLEPOST=1407201519][/DOUBLEPOST]
Дали во исламот постои привремено или потполно исклучување на муслиманот кој со своите постапки ќе ја извалка својата вера (како што се кај православните епитимија и анатема)?
Доколку не постои, која е причината за тоа?
Доколку постои, наведете некои примери.
Зошто и понатаму како муслимани се сметаат африканските народи од Североисточна и Средна Африка, плус некои азиски како што се Курдите кои практикуваат женско генитално сакатење?
Зошто и понатаму како муслимани се сметаат оние што склучуваат привремен брак кој можел да трае од 1 час до 99 години(чиста проституција, нели)?
Зошто и понатаму како муслимани се сметаат групи како ИСИС, Боко Харам и други западни платеници?
Да, постои потполно исклучување на муслиманот.. како што се станува муслиман така се станува и немуслиман
Пример: Најчести постапки се постапките кои се тесно поврзани со исламското верување, Мухаммед а.с. рекол дека јазикот најмногу луѓе ќе одведе во џехеннет(пекол).
Пцуењето на Аллах и неговиот пратеник, изигрување и исмејување со Исламот, негирање на исламските прописи и обврски, непрактикување на одредени ибадети како намазот(молитвата) и негирање на нејзината должност, итн итн.
Ова се најчести и најразбирливи дела и постапки.. инаку има многу кои се поврзани со убедувањето и верувањето, каде што заглавиле многу луѓе и од тоа излегле многу секти.
генитално сакатење, привремен брак итн се постапки кои се спротивни од Исламското учење, тоа се исламски забранети постапки но се на помал степен од куфр(неверство) и влегуваат во харам(забрането) а Исламското верување е дека харамот не го изведува човекот од верата.
Што се однесува до групите како ИСИС и боко харам, во погорните постови јасно и гласно ставив до знаење дека се одрекувам од делата на тие луѓе и дека тоа не е исламски начин на војување и делување.
Пак ќе кажам тоа се работи кои се харам(забранети),што се за степен пониско од куфрот(неверството), па не можам да кажам дека се немуслимани но јавно велам дека се одрекувам од тие постапки и ставам до знаење дека тоа не се постапки на кои не учи Исламот.