Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав. Ме интересира кога се пријавите за во студентски ? и каде треба да аплицирам ? извинете што упаѓам вака како падобранец али навистина ми е итно а и неможам да најдам соодветен одговор во претходниве постови... ви благодарам од напред.
http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursimon/1824-konkurs-za-domovi-14-15
Тука е официјалниот конкурс, ти пишува што, кога, како, каде :)
 
Ме интересира сега за во Август, еве конкретно за студентскиот Кузман, дали знае некој која е процедурата за да се седи таму во месецов недела дена ? Фала однапред :)
 
Некој да опише искуство со Кузман? Бев во Гоце лани, сега проблем е во соба имав веце ама храната не чинеше, а во Кузман знам дека е подобра ама колку што знам вецињата се за никаде.

EDIT:
А ова под точка 5 и точка 6 исто не е? Уверението од факултет ли треба да го извадам?

И ова просечен успех (од диплома) што е, просекот од факултет ли треба да го внесам?

Жиранти пак ли треба да се средат?
 
Уверение си вадиш од факултет и + го носиш на заверка УППИ образецот, две различни работи се тоа.
Просечен успех од факултет внесуваш.
Документите за жиранти се носат при вселување, доколку си примен.
 
Ми издадоа уверение за 2013 од ујп, меѓутоа ми рекоа дека податоци немале за лични примања според член 14 и 14а, па во тоа поле пишува 0.00. (Тоа е она што не се бара во електронската пријава).
Е сега проблемот е што мајка ми е вработена за што секако ќе доставам потврда за остварена плата. Дали е можно да ми направат проблем затоа што според ујп образецот таа не остварила годишен приход (т.е немале ујп податоци ама пишале 0), а во потврдата за плата го пишува месечниот нето приход?
 
Ме интересира за ова потребни документи точка 15. додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција; е сега брат ми заврши средно оваа година , па ако знае некој што документ ќе треба за него ? Фала однапред ..
 
Дечки уште просекот ми остана и се мислам сега. Од последниов семестар само една оценка ми е внесена на електронскиот систем, е сега пошо професориве се на одмор нема шанси до 10ти да ги внесат останатите оценки. Ама па дури да го земам уверението од студентски може да ги внесат останатите предмети и просекот да ми е различен. Пинг @Не_Сум_ЏинЏер , пошо на ист факултет сме?
 
Единствена неризична опција е да си земеш уверение додека уште трае електронското пријавување, т.е. неделава.
Ама и да го внесеш просекот што ти стои моментално на IKnow, нема да погрешиш, мала е веројатноста да ти внесат оценки баш следната недела додека се носат документите. Јас лани така направив и немав проблеми.
 
Кој дел треба да се испечати од електронската пријава...каде што се дава на крај бројчето или податоците?
 
И податоците и бројчето ти се потребни
Јас ѕвони на бројчето баш да прашам за кои податоци се однеаува пошто лано не го бараа ова, таа не знаеше да ми одговоре упорно ми кажуваше идентификационен број. За кои податоци се однесува точно, пошто тоа треба 3/4 слики да се сечат за оние кога се регистрираш...
 
Па не знам, јас си направив неколку принт скрина од сите податоци од апликацијата и ги подредив сите во еден word документ и си испадна како целосна апликација :) 3 страни ми фати мислам
 
Па не знам, јас си направив неколку принт скрина од сите податоци од апликацијата и ги подредив сите во еден word документ и си испадна како целосна апликација :) 3 страни ми фати мислам
Јасно, може и како слика цено бела да се испринта.
Фала у секој случај :)
 
што мислите ќе го продолжат годинава рокот? пошто 10 е во недела, прошлата година мислам го продолжија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom