Како прво пошто сите ко слеп за стап се фативте за бомбата.
БОМБА каква сака нека е, има експлозивна моќ и не се носи во толпа народ т.е. во гужва. Кога има демонстрации тие бомби ги носат луѓе од последните редови. Но на стадион НЕ СМЕЕ, ризикот е голем.
Сешто бидува бакља да го погодело истиот тој со бомбите, пола трибина ќе летне во воздух. За недај боже сценарио тие бомби ги носи човек НАДВОР од стадионот, и доколку има потреба истиот влегува со своја екипа. Ако гледаме "за сваки случај" дали тоа значи дека треба да носат внатре пушки со гумени куршуми, ипак за сваки случај?...
Грешката е тука направена што таков човек воопшто е присутен во толпа народ. А, за вас неупатените секако знам дека не ве интересира, пошто како курир пишал така е, ама јас ќе кажам. Ако ве бидува математика направете пресметка кога треба да се пристигне во Битола доколку тргнеш во 1 и 20 од Скопје. Направете и математика зошто влеговме на полувреме. Пошто сите се фаќате за закони и јас цело време ќе се повикувам на истите. Член тој и тој од уставот вели дека нема право да се попречува слободно движење на територија на Македонија. Организирано гостување со уредна пријавница кај домашниот клуб и платени билети. Што повеќе? Зошто полицијата застануваше на секој 40 километри? Цело време со обид за провокација. Но секако ние сме навивачи што има везе.
Мене никој нема право да ме протера од утакмица ако не го нарушувам јавниот ред и мир. А, Комити тоа баш не го правеа воопшто. Се си беше коректно во знак на дербито како и што доликува. И секако инцидент настанува тогаш кога се вмешува полицијата. Уште курвата од СВР Битола без срам дава изјава како сме биле учтиво замолени да напуштиме терен. Ало курво без факултет, немам што да напуштам јас стадион со уредно платена карта и најавено гостување. Сами си ги прекршуваат законите, самите идат контра нив. Секаде во светот гостинските напуштаат последни, затоа што се чека последниот свиреж и прослава евентуално при загуба поддршка за наредна утакмица. Само кај нас се влага на полувреме, а се напушта во 75 минута. Да искочиш дома од 11 да те малтретираат на топлото и да те внесат у 45 минута при платена карта, и изгубен цел ден да ти речат да искочиш после 15 минути, не само што ќе вриете од нервоза, ама кој не разбира...
Во врска со инцидентот, грешката кажав каде е направена. Видеото ништо не докажува освен тоа што се знаеше дека бомбата е во рака на Турчин. Секој со свое сценарио излага, а истите тие нити сте биле таму, нити сте запознаени со полициската бруталност. Дали бомбата е одземена, падната, намерно фрлена секако е кривица на ПОЛИЦИЈАТА, која не е способна да се организира и да спроведе ред и мир. Пак ке кажам тој што беше таму и што го познава Турчин ја знае ситуацијата која е и каква е. Крајниот епилог е познат за сите, а сите што се ситат и пишуваат ако му е, заслужи, штета што не беше кашикара, си го покажуваат нивниот прост менталитет и колку се "човечни". Вие што не ја знаете ситуацијата ако сте прави Македонци и има човечност во вас, ќе го поддржите човекот.
Јавно било кој од вас што не биле на утакмица на гостување, го канам да ми пише приватна порака јас ќе му платам и превоз и карта и јадење и пиење, да дојде и да осети па после да се врати на темава со коментар. Сите проблеми што се случуваат последната година се само резултат на полициски и политички влијанија во нашата група. Ако добро се навратите и следите наша сцена ќе сфатите дека сите проблеми и инциденти се настанати ради полицијата.
Нашата полиција неможе да се справи со 400 навивачи, а многу би сакал да дојде тука во ЛШ било кој клуб странски со навивачи, рецимо Легија. Тогаш што? Вонредна ситуација ќе биде и ќе се бара евакуација на градот. Кога може генерација дечко што не знаеше дали е сфати или свати и што не знаеше да помножи 9 со 7 стигна да биде џандар се е јасно.
Јунаците на маката се познаваат. Ќе страдаме ама не се предаваме! А, до тогаш, нека ви го перат мозокот.