Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Мене не ми е јасно зошто Крос и Хамес не отидоа до САД, ќе одиграа и они некоја минута ќе беа со тимот и побргу ќе се инкорпорираа а не вака ај пушти ги сами да си тренираат, ја не знам Карло кога ќе проба со нив да игра. Од турнирот само една работа е позитивна а тоа е Бејл...се гледа дека е најподготвен и во најдобра форма од сите, нека е жив и здрав има да нагази сезонава.
 
Мене не ми е јасно зошто Крос и Хамес не отидоа до САД, ќе одиграа и они некоја минута ќе беа со тимот и побргу ќе се инкорпорираа а не вака ај пушти ги сами да си тренираат, ја не знам Карло кога ќе проба со нив да игра. Од турнирот само една работа е позитивна а тоа е Бејл...се гледа дека е најподготвен и во најдобра форма од сите, нека е жив и здрав има да нагази сезонава.
Брат луѓе се и тие треба да одморат, прекратка пауза ќе имаа ако заминеа и тие за Америка, гледај и низ другите клубови уште не се вратени сите од СП. Доста тимови ќе страдаат баш поради тоа СП, посебно тим како Реал на кој клучните играчи ќе му се вратат покасно. Ќе биде заебано на стартот на сезоната се додека играчите не го фатат правиот ритам.
 
колку би сакал само Ди Марија да остане, Родригез да игра како шпиц.
Немаме ни потреба да го продаваме до 2018 му е договорот уште Карло да го разубеди да остане, да му најачат плата од 3 на 5 милиони и имаме играч што ретко се наоѓа денес, покрива назад, трча ко луд по цел терен ,мести многу голови
би било греота да го продадеме макар и за 80 милиони , цела среќа што ради ова фер плеј правилава никој неможе да си го дозволи.
сеа после очајниве пријателски сигурно Карло ќе сака да го задржи Ди Марија, и не гледам зашто би морал да се продаде финансиски добро стоиме .....
шитни го таму Иљараменди за 20 мил. и доста е, да не се расипува она што лани го изградивме.

Бејл ќе растура годинава според досега прикажаново у врвна форма е .
 
Ако стварно ПСЖ е спремен да даде 80 милиони, не веруем дека има тим што може да ја одбие таја сума, па макар тоа бил и Реал.

Иначе, Иљара колку да ги бранев и да се надевав дека првата сезона не му се погоди и дека ќе почне да игра како што треба, све појќе ме разочаруе. Дрво дрвосано е!
 

Најдобар голман во Примера минатата сезона, играч на месец март што е прилично голем успех за голман. Голман со највеќе одбрани (141) во топ 5 лигите во Европа за минатата сезона. Моментално во далеку подобра форма од Икер и мене не би ме чудело тој да биде првиот избор на голманската позиција наредната сезона.
 
Таа со јажето му е добра (y)

На анкета која ја спроведе АС денес, 53 % од фановите на Реал Мадрид се изјасниле за Кејлор Навас како прв избор за голманската позиција на Реал Мадрид
 
Последно уредено:
И покрај овој Касиљас ќе му биде прв избор на Анчелоти?

Па 50% да беше од овој имаше за врховно боженство да го прогласат, не за светец. И Диего заслужува да грее клупа покрај Навас.
 
Па за прв голман го земат де,не за седми :)
 
Што убаво, преку анкета се добивало место во првите 11.Не губете надеж луѓе .
 
Што убаво, преку анкета се добивало место во првите 11.Не губете надеж луѓе .
Не се добива преку анкети ама навивачите не се слепи да видат кој е во подобра форма, Икер моментално не е во топ форма а прашање е и дали ќе си ја врати формата ама ако се прашува дедо Перез он пак би го ставил Икер.
 
Касиљас треба да си замине од Реал Мадрид

Секоја етапа си има свој крај и на онаа на Икер Касиљас во Реал Мадрид треба да и се стави крај. Неспорно е дека Икер беше фантастичен голман, со добри и лоши страни, но особено светец кој правеше сите негови грешки да останат незабележителни за публиката. Како капитен на Реал Мадрид знае дека на Бернабеу не се живее од онаа што си бил, туку од онаа што си во моментот. Последниве месеци на Касиљас укажуваат на загрижувачки пад на формата, заедно со губење на препознатливите рефлекси и големо отсуство на константна мотивација. Најдоброто за голманот, како и за клубот е да го напушти Сантијаго Бернабеу.

Последните средби на Икер покажуваат дека станува збор за голман кој повеќе не ужива во фудбалот и кој живее во секојдвневна нервоза. Можеби единствената опција минува низ тоа да пронајде послаба екипа, каде ќе може да ужива во фудбалот без преголем притисок. Исто така, во прилог не му одеше и непропорционалната кампања од поголемиот дел од медиумите. Неговите грешки предизвикаа голема дебата која единствено му штетеше на самиот голман.

Проблемот на голманската позиција на Реал Мадрид не се решава со заминувањето на Диего Лопез. Ќе се заврши само кога Касиљас ќе си замине. Доаѓањето на Кејлор Навас повторно ќе ја отвори дебатата, бидејќи голманот од Коста Рика во моментот е едноставно подобар голман од Икер. И тоа не се покрива со изманипулирани анкети или со статии секој втор ден. Касиљас заслужува да биде среќен, а Реал Мадрид заслужува голман од светска класа, нешто што во моментот не е капитенот.

*Мислење на Хорхе Калабрес, публицист и спортски новинар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom