Ова и јас го зборувам...
Ти гледаш на пример грев на секаде бидејќи така си научен да веруваш, дека си грешен!
Јас пак гледам насекаде смеа, дури и ова е смеа и минливост!
Твојот суд за мене е твој, многумина не се сложуваат со тебе ни во однос на мене ниту во однос на тоа што ти се сметаш за секта, а знаеме дека дури и католичката религија е секта за тебе!
Што е тоа ако не омраза?
Јас не се обидувам да ги обвинам религиите! Јас ги обвинувам свештениците, а најмногу мирјаните кои немаат врска што прават и како ги разбираат сите тие нивни списи, а најмногу зборуваат!
И ќе ги обвинувам дека шират нетрпеливост кон различните од нив, ќе ги обвинувам дека водат прикриени војни, ќе ги обвинувам дека се тепаат што повеќе луѓе да соберат...
Ќе ги обвинувам дека се несовршени и дека не ја разбираат човековата променлива природа, а со тоа создаваат секти кои постојано ги надополнуваат и изменуваат!
Тука, ти ништо не можеш, бидејќи јас и да не пишувам - се гледа насекаде распад и гревови, кои ви се омилена тематика за плашење на „бедните по дух“ кои и создаваат секти!